Ни се запознавме преку моја другарка. Таа има кираџии дома и еден од кираџиите и беше другар на дечко ми. Еден ден отишол дечко ми на гости кај другарот и таму дошла и другарка ми. Разговарале со дечко ми и тој ја прашал дали таа има слободна другарка за да ја запознае со него. Другарка ми ме предложила мене. Дечко ми изразил желба да се запознаеме. Наредниот ден другарка ми ми се јави на телефон за да ми каже за дечко ми и јас се заинтересирав. Договориле средба во кафич и јас дојдов. Бевме вкупно 5 луѓе. Тогаш малку муабетев со дечко ми. Ми беше срам. На враќање тој ме испраќаше и ми побара број. По неколку дена ми пиша порака, а јас му вратив. Па тој ми се јави и се договоривме да се видиме насамо. Оттогаш започна нашата врска.