Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Висината како проблем - да или не?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 2:30 pm

Колку сте разлика во висината со вашиот партнер? Дали тоа некогаш ви пречи? И што мислите зе големите висински разлики?

Јас сум 171cm, а дечко ми 185cm тоа за мене не претставува никаков проблем, хихи па не сум јас крива што толку пораснал. Хехеххе шала на страна, секогаш сум сакала постар и повисок дечко-и мило ми е што баш таков дечко и имам. слатко Само едно би рекла, ако на машкото не му пречи да е девојка му ниска, тогаш зошто мене би ми пречело зошто сум пониска од него.
Инаку единствено нешто што не ми личи баш баш е ФРАНЦУСКИ ПАР - девојка повисока од дечко.Но ако на нив така им е убаво - моето мислење не е ни важно.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 2:34 pm

Дечко ми е повисок од мене прилично многу - 25см. Тоа не ни претставува никаков проблем. Висината воопшто не важна во една врска. Поважни се други работи.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 3:39 pm

јас немам предрасуди за висината и не ми сметало ако дечко ми или некој понизок ми се пушта. јас и мм сме разлика некои 10 см, 180 со 190 отприлика, ама многу смешна беше другарка ми која како тебе чоколатце беше 25 см разлика со дечко и. ама она кога реши ќе купува високи штикли и успеа и најде 13см штикла ден денес си се смееме уз кафе. ама па искрено не изгледаа распар баш беа слатки. и љубовта нема граници високи или ниски што е битно важно да се сакаме ура
Вратете се на почетокот Go down
The-J-Girl
Нов член
Нов член


Број на мислења : 22
Female Возраст : 26

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 3:44 pm

Јас со дечко ми сме ептен исти во висина, јас сум 180цм, а тој максимум 182-183 цм. Криво ми е што не е мааалку повисок, па да можам да ги носам моите омилени сандали и чизми на повисока штикла, но ете, ке се задоволам и со ептен рамнички,бидејќи глупо ми е да се искачам на штикли и да бидам повисока. Што да правам, така ми било пишано ааа
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 3:47 pm

ај ти пробај еднаш со штикли да видиш како ќе се навлечеш на нив, а на дечко ти може ќе се буни првиот пат потоа ќе навикне
Вратете се на почетокот Go down
The-J-Girl
Нов член
Нов член


Број на мислења : 22
Female Возраст : 26

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 3:59 pm

Па јас носев, навлечена сум одамна, ги обожавам!! Имаме индиректно говорено на оваа тема, дали да носам повисоко или не, и од сето тоа заклучив дека не му е по ќеф. :( Кога излегувам со другарки/колешки стандардно носам високо, а со него не доаѓа во обзир. Добро е што барем има некои минимални случаеви кога носам, па со тоа се задоволувам.
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 4:47 pm

The-J-Girl кога носиш 6ка штикла разликата би била 3 см а тоа воопшто не би се приметило.Нема потреба да се лишиш од тоа задоволство,барем мене ми е задоволство да носам штикла па макар и 4ка.
Инаку јас сум 167см, а мм 180см со штикли таман тоо

Инаку баш ми се слатки француските парови.Навистина тоа е најневажната причина за да бидеш со некого,нели?

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
The-J-Girl
Нов член
Нов член


Број на мислења : 22
Female Возраст : 26

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 6:21 pm

Па не е, али на запад, овде уште преовладуваат, претежно кај машките, убедувањата дека треба да се повисоки, дали за да се осеќаат мажествено, силно, заштитничко... Тоа го сведувам како некој машки комплекс. Кога гледаме на ТВ или Интернет, на црвените килими често има познати парови каде жената е повисока од мажот, качена на штикли и баш отмено изгледа, не изгледа којзнае колку лошо. Но овде тоа ретко се применува, балканци сме си и такви ке си останеме сукало
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член


Број на мислења : 77
Female

ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   Пон Јан 10, 2011 6:27 pm

Јас сум пониска од него и кога носам штикли тогаш изгледаме најубаво но тоа ретко се случува а и не ми пречи тоа да бидам малку повеќе пониска.Тоа е тоа.Јас сум спортски тип и неможам секојдневно да бидам во високи потпетици.Француски пар и мене не ми личи ама тоа воопшто не е важно и не треба да представува никаков проблем
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Висината како проблем - да или не?   

Вратете се на почетокот Go down
 
Висината како проблем - да или не?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: