Матичните клетки се базични клетки кои го планираат и обликуваат нашиот организам, обновуваат и регенерираат се, целиот живот. Научете зошто матичните клетки се од животно значење и зошто е значајно да се зачуваат!
Матичните клетки добиени од крвта на папочната врвка последната деценија се центар на интерес во регенеративната медицина.
Можноста за земање на крвта од папочната врвка е непосредно по моментот на породувањето. Собирањето на оваа крв го врши гинеколог кој го води породувањето или сестра акушерка во собата за породување. Бидејќи бебето е родено и згрижено и папочната врвка преку која се хранело и развивало до тој момент е пресечена, се јавува можност да се собере крвта која постои во постелката и папочната врвка. Се разбира, постапката на собирање на крвта од папочната врвка е потполно безопасна и безболна и за мајката и за бебето и не влијае на процесот на породувањето, без разлика дали се работи за природно породување или царски рез. Доколку за време на породувањето не дојде до некакви компликации, собирањето на крвта е рутинска постапка која трае 3-5 минути .
Дали имате зачувано матични клетки или размислувате за тоа?
Ове ќе најдете повеќе информации
GеnomaKrio