Новак Ѓоковиќ ја освои втората круна во Австралија, победувајќи го Енди Мареј со уверливи
3:0 во сетови, 6-4 6-2 6-3.
Со оваа победа српскиот тенисер се закити со првата гренд-слем титула во 2011 година, втора во неговата кариера и тоа повторно во Австралија.
Ѓоковиќ сосема заслужено славеше во Мелбурн, откако во финалето доминираше над Енди Мареј и по долгиот прв сет во кој Мареј пружи најголем отпор, следеа два сета во коишто Србинот беше многу подобар. Со 6-4 во првиот сет, Ѓоковиќ со 6-2 и 6-3 во следните два сета ја заокружи победата по 158 минути игра.
Мареј не успеа да пронајде контра игра за расположениот Ѓоковиќ, 47-те грешки не одеа во негова корист. Иако многу посакуваше, не успеа да стане првиот британец кој освоил гренд-слем титула од 1936 година.
Извор