Напишете некој ваш омилен рецепт за солена торта, ролат?
Зелен - спанаќ ролат
Потребно: 4 јајца, половина лажиче сол, 10 лаж. млеко или јогурт, 4 лаж. масло, 350 гр. обарен и бледиран спанаќ, 11 лаж. брашно, половина кесичка прашок за пециво.
Фил: 400 гр. кисела павлака, 3 лаж. мајонез, 100 - 200 гр. фета сирење (зависи од вкус), 200 гр. маринирани и сецкани печурки, 200 гр. сецкана салама, 200 гр. сецкан кашкавал.
Подготовка: Јајцта се матат и се додаваат солтта, млекото и маслото. Со жица за маткање се продолжува да се меша, а воедно се додаваат брашното, прашокот за пециво и обрениот и измиксиран спанаќ ( во блендер, за да се добие течна смеса). Се пече во плех со мрсна хартија за печење на 250 степени околу 15 минути. Откако се испече уште додека е жежок се става на водена крпа која заедно со пандишпанот се заролува за да омекне.
За филот: киселата павлака се меша со мајонезот и се додава сирењето (можете да го миксирате за да се добие еднолична смеса), па се додаваат и другите состојки. Изладениот пандишпан се филува и се завиткува во ролат.