ОвенЉубов: Цела оваа година Сатурн ќе биде во опозиција на вашиот знак и од вас ќе бара максимална одговорност и сериозност во односите со другите. Ако постоело нешто што до сега не се решавало и се одолговлекувало (на пример нерасчистени приватни односи), сигурно е дека ќе се најдете во позиција кога тоа ќе мора да го решите. Ќе има фрустрации, но ако пристапите зрело, конечното дефинирање на врската, односот и решението ќе направат камен да ви падне од срце. Поволни периоди за љубов се од 08.01 до 05.02, особено поволен период е кога Венера е во вашиот знак односно од 22.04 до 16.05, а исто така поволен период ви е од 03.11 до 27.11.
Работа: Почетокот на годината ќе биде исклучително напорен. Ќе мора да прифатите одредени промени во врска со вашиот статус и да дефинирате сосема нов правец на кариерата. Целиот овој процес ќе се случи веќе во јануари. Немојте да се грижите, затоа што многу бргу доаѓаат поволни влијанија. Тие почнуваат на 23.01 со влегувањето на Јупитер во вашиот знак кој бгргу ќе помине низ него, така што и самите нема да верувате што ви се случува. Ваков транзит се случува еднаш на дванаесет години. Ќе ви донесе одлични можности за развој на работата особено на онаа која ја сакате и која води кон просперитет. На 12.03 и Уран влегува во вашиот знак (што се случува еднаш во 84 години), па истовремено ќе почне циклус на општа револуција во вашиот живот кој ќе потрае и следните седум години. Потребата за самостојност, независност, нешто ново и оригинално ќе биде исклучително силна, а Уран заедно со Јупитер во вашиот знак ќе ве направи еден од главните актери за бројните интервенции околу ширење на бизнисот. Многумина ќе доживеат експанзија. Од 05.06 повеќе не сте под влијание на Јупитер, но истовремено растат можностите за богатење и зголемување на приходите. Така ќе биде до крајот на годината. Постојат ограничувања во деловните односи кога ќе треба да ги почитувате другите, а не да терате само по свое.
Здравје и совет: Првата половина на годината ќе ви донесе ведар дух и можност со својот оптимизам да ги надвладеете евентуалните проблеми. Во случај да имате некои проблеми, нема да им придавате значение и ќе ги решавате со леснотија. Втората половина на годината исто така ќе биде добра, но повремено ќе ве мачи лошо расположение кое ќе биде поради туѓо влијание. Кога ќе видите дека некој е негативен, бегајте од него, бидејќи можно е сè да впиете како сунгер. Освежете се во мир и тишина.
БикЉубов: После неколку месеци љубовна суша, сепак ќе ви тргне по 08.01. Првиот дел од годината ќе биде исклучително интересен во љубовниот живот и ќе имате многубројни необични идеи со кои ќе ги збогатувате своите приватни односи. Интуицијата ќе ви донесе само добро, па слободно ослонете се на неа. Во вториот дел од годината ќе имате потреба својата среќа да ја споделите со другите, со пријателите, а социјалниот живот ќе ви биде богат и разноличен. Поволни периоди за љубов се деновите од 05.02 до 03.03, особено поволнен период е од 16.05 до 10.06, а одлично е и од 22.08 до 16.09 и повторно од 27.11 до 21.12.
Работа: Годината ќе започне подобро од што очекувате бидејќи конечно ќе ви се отвори вратата за развој во струката. Новите околности ќе допринесат најпосле да бидете забележани и признаени како рамноправен конкурент во работата со која се занимавате. Некои ќе добијат можност за соработка со странство, а некои буквално ќе заминат. Самата атмосфера на работа во текот на целата година ќе биде сериозна, а повремено ќе ве мачат мрачни односи со колегите. Особено осетливо подрачје ќе бидат односите со вашите подредени со кои тешко ќе наоѓате заеднички јазик. Сите оние кои се занимаваат со истражување, било лабораториско, детективско, психолошко или слично, ќе имаат добар ветер... во грб, не само како мотивација туку и конкретно. Многу проекти ќе бидат одобрени уште при крајот на зимата, а тоа ќе измами насмевка на вашето лице, па ќе работите уште повредно сè додека не го откриете тоа што го барате. И уметниците и креативците ќе дојдат на свое бидејќи ќе имаат инспирација и ќе создаваат ремек дела. Од 05.06 со влегувањето на Јупитер во вашиот знак почнува ветувачки период кога околностите, луѓето и случувањата ќе ви одат во прилог и ќе имате можност за развој и просперитет на работно поле.Така ќе биде во текот на целата година.
Здравје и совет: Присуството на Сатурн во Вага, во вашата природна 6та куќа на здравјето ќе ги провоцира вашите бубрези и мочниот меур. Тоа ќе ви бидат осетливи делови на телото, па поведете сметка и пијте доволно течности. Секако на ова влијание треба да се гледа со предиспозиција на наталната карта, но општо гледано, треба да се биде внимателен. Ќе бидете здрави, а главен проблем ќе ви биде претерувањето со конзумирање. Ова ќе биде нагласено во вториот дел од годината кога сте хедонистички расположени. Однапред подгответе метода за намалување на вишокот килограми или вежбајте самоконтрола. Подобро е да се делува превентивно, отколку да се лечат последиците.
БлизнациЉубов:Некои од вас оваа година ќе имаат можност малку посериозно да го дефинираат својот однос, а со позрело размислување може да се одлучите и за деца. Забавите помалку ќе ве интересираат, повеќе ќе се интересирате за семејниот живот и интимностите. Што се однесува до легализирање на врски, тоа е поповолно по 23.01, па се до крајот на годината. Поволни периоди за љубов се деновите од 03.03 до 28.03, особено поволни се од 10.06 до 05.07, а одлично е помеѓу 16.09 и 10.10 и повторно од 21.02 до крајот на годината.
Работа:Влијанијата на вашиот статус и кариера на почетокот ќе бидат разновидни. Со оглед на промените во секторот на финансии и спонзорирања на почетокот на годината, нема да бидете свесни дека долгорочно добро стоите. Ќе ве загрижува чувството на нестабилност, а ќе ве мачат и внатрешните амбиции и нереални деловни апетити. Сè до пролет ќе мора да балансирате помеѓу желбите и реалноста, но често во тоа ќе успевате. Како што ќе одминува пролетта, работите ќе доаѓаат на свое место, а многумина од вас дури и ќе доживеат протекции. Можете да сметате на помош од влијателни луѓе и пријатели. Од друга страна секоја соработка со млади и неискусни соработници за вас ќе биде напорна, но на крајот успешна. Подгответе се за делење совети и вербално уверување на другите. Од јуни вашата мечта и интуиција работи со сто на час, а сето тоа ве поттикнува на неизмерно креативни решенија во сите работни дејности. Ќе ги има повеќе оние кои ќе ви веруваат и ќе ви се обраќаат за помош или совет. Многу Близнаци и Близначки оваа година, најпосле, ќе ги доживеат и плодовите на својата претходна работа, па ако сте работеле добро, ќе има и задоволство. Од ноември настапува нешто понапорен период кога ќе има повеќе стрес, а помалку енергија. Така ќе биде до крајот на годината, но резултатите нема да изостанат.
Здравје и совет: До пролет водете сметка за уредна исхрана и зголемете ја својата отпорност на стрес. Сите техники на релаксација добро ќе ви дојдат. Во продолжение следуваат помирни делувања кога ќе можете да си посветите повеќе внимание себеси, со своето тело, а потоа и со некој спорт. Психички ќе бидете стабилни во текот на целата година. Затоа ќе им бидете вистинска поткрепа на некои луѓе или рамо за плачење. Ако ве замолат, помогнете им.
РакЉубов: Многу е важно веднаш, уште на стартот на годината да ги намалите своите љубовни очекувања на реално ниво и да и дозволите на другата страна да биде она што е. Оваа толеранција дури подоцна ќе вроди со плод. Напорниот почеток на годината во односите ќе направи да посакате да побегнете од сè. Но, ако издржите ве чека убаво продолжение. Некои во почетокот на годината ќе мора да решаваат проблем поврзан со еден член на семејството. Ќе имаат морални или правни сомневања. Сепак, сè ќе се реши и ќе ви олесни. Поповолен период за приватниот живот и љубов се деновите помеѓу 28.03 и 22.04, особено поволни денови се помеѓу 05.07 и 29.07, а одлично е и од 10.10 до 03.11.
Работа: Годината најверојатно ќе почне обесхрабрувачки. Нема да имате чувство дека владеете со ситуацијата и дека на било што ќе можете да влијаете. Сè ќе биде во рацете на другите кои ќе одлучуваат за вашата судбина. Вие единствено ќе можете да се прилагодувате. Стрес и нервози ќе има колку сакате, а за умор и да не зборуваме. Кој може во јануари нека отиде на одмор. За утеха, единствено тој е најлошиот дел од годината. Сè понатаму ќе биде подобро. При крајот на зимата вашите идеи конечно ќе можат да дојдат до израз, а вие ќе добиете сила да ги ги презентирате. Оние кои се подготвени да се усовршуваат ќе имаат подршка, но ќе има и доста препреки, па борбата е извесна. Не така жестока и очигледна како на почетокот, но сè до јуни нема да бидете сигурни дали сте победиле. Важно е секојпат да бидете будни и својот дел од работата професионално да го завршите. Блокадите од постарите луѓе, традиционалисти или од авторитети ќе успеете да ги надвладеете од јуни кога од помош ќе ви бидат личности кои можат да ви донесат извесни протекции. Позначајните проекти, до тогаш, само подготвувајте ги, а потоа тргнете во акција. Продолжетокот на годината ветува добар развој на работите , но цела година сметајте на повремени контранапади од страна на авторитети чија моќ ќе се руши (а тие со тоа никако да се помират). Од ноември се повеќе ќе се ангажирате во комуникациите , ќе обновите некои контакти или ќе поттикнете нови. Некои од вас повеќе ќе бидат во движење поради природата на работата, а ќе има и повеќе деловни патувања.
Здравје и совет: првиот дел од годината ќе биде понапорен. Стресовите кои ќе доаѓаат од околината и директно ќе делуваат на вашата потсвест (нема лесно д аги препознавате) би можеле да ви одземаат задоволство и енергија. Понекојпат ќе се чувствувате навистина фрустрирано, па чувството на немоќ исто така ќе биде актуелно. Важно е да верувате во она што го работите бидејќи само така ќе ги надвладеете лошите расположенија. Во другиот дел на годината доаѓа до општо подобрување, живеете поуредно, помирно и полесно се справувате со сè.
ЛавЉубов: Вашето трпение и фрустрации завршуваат уште на почетокот на годината и многу бргу ќе дувне поволен ветер во грб кога се работи за љубовта. Конечно јасно ќе можете да кажете што ви лежи на душата, а другата страна добро да ве разбере и прифати. Гладни сте за љубов, а оваа година ќе ја има. Поволни периоди за развој на личните односи се деновите помеѓу 08.01 и 05.02, потоа периодот помеѓу 22.04 и 16.05, особено поволен е периодот кога Венера е во Лав односно од 29.07 до 22.08, а одлично е помеѓу 03.11 и 27.11.
Работа: Годината ќе почне со жестоко работно темпо. Ќе морате на сите да им бидете на услуга, а некои ќе работат прекувремено. Попаметните меѓу вас ќе бидат среќни бидејќи се свесни дека денес е добро ако имаш многу работа. Истовремено ќе водите преговори со спонзорите, но тука постојано ќе запнува. Состојбата околу тоа ќе се расчисти и ќе се придвижи кон крајот на зимата, а од пролет почнува поповолен период за вас и вашиот развој на кариерата. Подгответе се на тоа дека ќе ви се отворат многу врати (за некои и во странство), а вие треба само да ги уверите другите дека баш вие сте таа личност која низ тие врати треба да помине. Вашата самосвест и способност да се презентирате на впечатлив начин сигурно ќе ви донесе просперитет во работата. Напредувањето ќе продолжи до јуни, кога ќе почувствувате потреба да одморите на сметка на славата. Едни ќе станат мрзеливи, други ќе се фалат, а трети ќе лутаат. Сето тоа ќе доведе до благ застој, па ќе дојде до стагнација. Сепак, или летото ќе ве разбуди, или и понатаму ќе ги тормозите другите и ќе си ги припишувате туѓите заслуги како свои. Важно е работите да ги согледувате реално и да одолеете на искушенијата да паднете во илузии и заблуди. Успеете ли во тоа, остатокот од годината ќе биде солиден. Последните два месеци повеќе ќе се ангажирате оклу финансиите и заработувачката. Тука ќе мора да вложите дополнителни напори за да постигнете успех.
Здравје и совет: Во првиот дел од годината ќе дојде до подобрување на вашата состојба. Ќе бидете здрави и подготвени на многу нови предизвици. Вторииот дел од годината ќе донесе најмногу искушенија за љубителите на благо, зависниците и алкохоличарите. Едни ќе се дебелееат, други ќе се дрогираат, трети ќе се опијануваат, а резултатите ќе бидат лоши за здравјето. Затоа, веднаш освестете се и зајакнете го својот карактер за да не паднете во клопката на лошите навики. Најдобар пат во тоа да успеете е да се занимавате со спорт.
ДевицаЉубов: Слушајте го партнерот ако сте во врска, бидејќи тој добро ви мисли, иако за тоа не сте свесни. Некои во текот на годината ќе добијат неочекувано наследство или добар мираз. Вашите приватни односи ќе се развиваат стабилно и без поголеми потреси. Навистина, по 12.03 излегувате од фазата на промени која траеше седум годинии и ви донесе нова содржина на односот, или нов пристап кон истиот. Сега конечно знаете што сакате и формиравте свој став. Поволни денови за љубов се 05.02 до 03.03, потоа периодот помеѓу 16.05 и 10.06, особено поволен период е времето кога Венера е во Девица од 22.08 до 16.09, а одлично е и помеѓу 27.11 и 21.12.
Работа: Кога ќе почне годината ќе забележите дека сте во вистински лавиринт на многу различни деловни односи. Некои ќе се радуваат, а некои ќе бидат загрижени. Ќе мора да се снаоѓате и да балансирате надобро што знаете, а сè заради тоа да излезете со сите на крај. Ќе има и такви кои ќе ви предложат нелегални работи, но вие во старт ќе ги препознаете и одбиете. Не сакате приговори, па ќе ви биде напорно. Сепак, имате завидна енергија. Пролетта секако ќе донесе олеснување и чистење на моралните работи. Таквите работи потполно ќе бидат симнати од дневен ред. Ќе работите повеќе и со задоволство. Цела година сериозно ќе и бидете предадени на темата заработувачка, околу која ќе се грижте и повеќе од што треба. Од дгуга страна се појавуваат инвеститори кои се подготвени да ги вложат своите средства во дејноста со која се занимавате, а некои од нив доаѓаат сосема неочекувано. Ќе ви треба малку време да се снајдете во тоа. Добро е сè внимателно да проанализирате, но одредете си тајминг како не би ја испуштиле шансата поради претерано внимание. Од јуни ви се отвора врата за напредување, стручно усовршување, стипендија или воопшто соработка со странство. Учениците и студентите ќе бидат успешни. Така ќе биде скоро до крајот на годината, а последните два месеци исклучително ќе се залагате и ќе работите повеќе од што очекувате. Тоа ќе продолжи и во годината што следи.
Здравје и совет: Во текот на целата година ќе има поволно влијание кое ќе го чува вашето здравје. Ќе бидете едни од среќниците кои ќе имаат завидна кондиција и добро расположение. Нема значителни лоши влијанија, освен благи и минливи кои лесно ќе ги совладате. Може да се каже дека ве очекува стабилна година кога е здравјето во прашање.
ВагаЉубов: Поминувањето на Јупитер и Уран во вашето природно седмо поле, сигурно ќе ви донесе нови можности, но и барања во љубовниот живот. Многумина ќе мора да го почитуваат партнерот и неговите потреби, а кај некои тоа ќе биде потреба за поголема самостојност. Понекогаш ќе ви биде тешко да се прилагодите, но ако навистина го сакате, ќе успеете. Поволни периоди за љубовниот живот се деновите помеѓу 03.03 и 28.03, потоа времето од 10.06 до 05.07, особено поволен период е кога Венера е во Вага а тоа е од 16.09 до 10.10, а одлично е помеѓу 21.02 па се до крајот на годината.
Работа: Годината може да почне со напнатост, по секоја цена да ги реализирате своите замисли. Многумина ќе ја покажат железната ракавица на Вагата и со својот авторитет на фин, но непопустлив начин да ги срушат сите препреки, а така некому и ќе му се замерите. Стрес ќе има, па подгответе се на напори и немири. Контролирајте ги своите амбиции, но не откажувајте се од нив. Ќе има и такви кои ќе се соочат со некој семеен проблем, па работата ќе ја остават на страна. Сепак, од пролет ќе се фокусираат на редовните работни задачи. Клучот на вашиот успех оваа година се наоѓа во соработката с другите. Ќе бидете во ситуации кога ќе мора да прифатите компромиси, кога ќе одбивате нелегални работи, кога сакале или не ќе го проверувате правниот аспект на работата. Бидејќи соработката ви е во природа, добро ќе се снаоѓате, но ситуациите ќе бидат напорни. Од јуни нема повеќе правни, морални и нелегални притисоци, сè се расчистува и ќе работите полесно. Сепак останува тежнеењето кон сопствено шефување и подигање на хиерархиската скала. Тешко ќе се откажете од сопствените привилегии. Дури и ќе тежнеете да ги зголемите. Во тоа може и да успеете само ако соработувате со другите и ги почитувате нивните потреби. Колку ќе ја експонирате својата дипломатска црта, толку и ќе бидете успешни. Другиот дел на годината можете да очекувате поддршка од другите, како на збор така и на дело. Ќе се појават спонзори кои ќе имаат доверба во вас и ќе ви ги доверат своите средства.
Здравје и совет: Ова ќе биде напорна година. Најмногу поради Сатурн во вашиот знак, кој од пролет малку по малку ќе доаѓа во опозиција со Уран, а во првиот дел од годината и со Јупитер. Тоа ќе се манифестира со зголемени напори и стресови (особено на почетоците на годишните времиња), претерувања во консумации, фрустрации или нерасположенија. Ќе мора добро да балансирате помеѓу здравата исхрана, опуштањето и самоконтролата. Сè ќе биде добро ако не заборавите две работи –дисциплина и дипломатија.
СкорпијаЉубов: Кога ќе резимирате што е зад вас, можете да бидете задоволни. Оваа година во главно ќе ги зацврстувате стекнатите позиции и ќе ги развивате воспоставените приватни односи. На нешто помирен начин ќе го возите својот воз и ќе уживате во свој стил. Вториот дел од годината ќе ви донесе морални дилеми, но не такви кои вие не ќе можете да ги надминете. Поволни периоди за љубов се од 01.01 до 08.01, потоа деновите помеѓу 28.03 и 22.04, исто така добро време за љубов е од 05.07 до 29.07, а особено поволно е од 10.10и 03.11.
Работа: Годината зад вас беше одлична во приватниот живот, а оваа што доаѓа ќе ви донесе и некои придвижувања во деловниот живот. Во почетокот ќе бидете заплеткани во мрежа на луѓе на кои постојано ќе мора да им давате разни информации. Оваа гужва нека не ве загрижува, бидејќи е со површен карактер. Важните работи се случуваат зад фасадата. Најважна работа оваа година ќе биде значителното подобрување на работните услови, така што многумина од вас (веќе од февруари) ќе одат на работа со насмевка. Ќе ги проширите и подобрите односите со соработниците, а особено добри ќе бидат односите со подредените. На нив навистина можете да се ослоните иако некогаш ќе ве збунуваат. Вработените во услужните дејности сигурно ќе просперираат. За сите вас од средината на март почнува напредок во работата. Истиот би можел да потрае неколку години. Вие самите, нема да имате некои потреси, бидејќи ова ќе биде релативно мирна година, но со мали придвижувања и секојдневни работи вие ќе си го трасирате патот кон подобри позиции во кариерата. Од јуни па сè до крајот на годината проверувајте го правниот аспект на работата бидејќи се можни нелегални понуди или грешки кога се работи заускладување на работата со законот. Во вториот дел на годината ќе бидете малку мрзливи, но релативно уредно ќе ја одработувате вашата работа. Процесот на воведување новости на вашето работно место ќе продолжи.
Здравје и совет: Она по што веројатно ќе ја запомните оваа година е можноста за промена на стилот на живеење. Многумина ќе одлучат да престанат со лошите навики било да се работи за пушење, пиење или за начинот на исхрана.Со тоа секако ќе го подобрите своето здравје кое генерално е стабилно. Повремено ќе ви се јавува потсвесен страв или забранети соништа. Во таквите денови активирајте ја смислата за хумор, или побарајте поведри содржини и сè ќе дојде на свое место.
СтрелецЉубов: Годината ќе започне со заведување од ваша страна, а од февруари ќе следат многу можности за излегување и богат социјален живот. Некои Стрелци оваа пролет неочекувано и среќно ќе се заљубат. Останатиот дел од годината ќе настојуваат да ја зацврстат врската и во тоа генерално ќе успеат. Ќе има и такви кои оваа година ќе се одлучат за дете. Поволни периоди за љубов се од 08.01 до 05.02 (кога Венера е во Стрелец), добро е помеѓу 22.04 и 16.05, потоа деновите од 29.07 до 22.08, а најповолен период е од 03.11 до 27.11.
Работа:Почетокот на деловната година ќе донесе одредени финансиски проблеми и притисок дека начинот на заработување мора да се промени. Некои ќе бидат во искушение да посегнат по илегални варијанти за заработка. Добро размислете за можните последици. Единствено на што можете да се потпрете сте самите вие и вашиот труд, па дури и ако резултатите се скромни. Добро би било во тоа да издржите бидејќи од февруари почнува значително поповолен период кој може да ви донесе и среќа во работата. Оние кои работат во индустријата за забава, спорт или педагогија ќе добијат можност за проширување на дејноста која во текот на пролетта ќе продолжи со вистинска експанзија. Сите останати на работа ќе одат поведри и полесно ќе работат, па и резултатите ќе бидат поквалитетни. Во првата половина на оваа година особено е добро поставена соработката со помладите. За цела година важи - не очекувајте никакви протекции. Нив едноставно нема да ги има. Вториот дел од годината ќе донесе до подобрување на работните услови и сè подобра соработка со колегите. Многумина меѓу вас ќе одат на работа со искрено задоволство. Последните два месеци во годината ќе се паметат по зголемен притисок од претпоставените, повеќе стрес, но и амбиции. Ќе мора да се потрудите, но ако до сега сте работеле добро, сè ќе биде во ред.
Здравје и совет: Како ќе одминува годината, ќе се чувствувате сè подобро и подобро. Првото подобрување ќе следи по 23.01, следното по 12.03, а по 05.06, и самите ќе се свртите кон здрав начин на живот, а ќе ја подобрите и кондицијата. Повеќе стрес ќе има во ноември и декември, но ако претходно сте се грижеле за своето тело и психа, тоа ќе го дочекате подготвени.
ЈарецЉубов: Во првиот дел од годината понекогаш потешко ќе го усогласувате приватниот и деловниот живот. Ако паднете во клопка да го занемарувате партнерот, сетете се со мал подарок да го покажете своето внимание. Од јуни ќе се појават убави можности за излегување и дружење, па така ќе биде и сè до крајот на годината. Некои од вас ќе се заљубат, а ќе има и такви кои ќе се одлучат за родителство во вториот дел од годината. Особено поволен период за љубов е од 05.02 до 03.03, кога Венера е во Јарец, потоа е добро и од 16.05 до 10.06, одлично е помеѓу 22.08 и 16.09, а најповолно од 27.11 до 21.12 (кога Венера е повторно во Јарец).
Работа: Годината започнува со некои ваши важни одлуки, или со сосема нов став кон работата што ја работите. Можно е нешто да одлучите под притисок, но со многу енергија па и со студена глава. Тоа на крајот може да ви донесе можност и самите да дојдете до израз на работа и да ја унапредите својата кариера. Секако дека понатаму ќе бидете доследни на своите одлуки. Првиот дел на годината ќе биде потежок, бидејќи цело време ќе морате да балансирате помеѓу влијанијата по секоја цена да успеете и влијанијата кои тоа го блокираат. Ќе мора да покажете умешност на вешт кормилар и да ги препознаете вистинските моменти за акција. Важно е цело време да бидете будни. Нелегалните понуди (кои ќе ги има) секако одбијте ги, а ако и не се сложите со некој авторитет, немојте да развивате непријателство кон него, туку мудро премолчете и работете по свое. Ќе бидете многу амбициозни, а сè што сте замислиле ќе остварите и тоа со мудри потези и со комбинација на активности и мирувања. Важно е да се издржи, што ќе успеете (постои ли некој поиздржлив од Јарец?), бидејќи од јуни ве чека поповолно време. Вториот дел од годината ќе го одбележат низа убави можности за проширување на работата, а самите ќе работите со насмевка и поголемо задоволсво. Околностите, луѓето и случувањата ќе ви одат од рака, па и работата полесно ќе ви оди. Резултатите нема да изсотанат. Последните два месеци во годината го зголемуваат позитивното влијание и ќе можете да го конкретизирате она што сте го замислле.
Здравје и совет: Првиот дел од годината ќе биде понапорен. Затоа добро подгответе се бидејќи ќе ви треба доволно сила за да ги издржите притисоците, роковите, но и повремените депресивни состојби. Некои ќе одат од крајност во крајност – дури и ќе живеат аскетски и ќе постат, а други ќе влегуваат во хедонистички фази и прејадувања. Оваа неизедначеност може да ви донесе некои пореметувања во организмот, затоа дисциплинирајте се. Вториот дел од годината донесува подобрувања во секој поглед, потполно се враќате во форма, постабилни сте и поздрави.
ВодолијаЉубов: Веќе по 08.01 ќе следи подобрување во вашите приватни односи. На тоа навистина долго чекавте, па оваа година ќе ви биде посреќна од претходната. Ќе остварите бројни контакти со разни луѓе, па така оние кои се во потрага по сродна душа ќе бидат во можност да се зближат со некого. Сигурно нема да ви биде досадно бидејќи секогаш ќе бидете во друштво. Особено поволно време за љубов се деновите помеѓу 03.03 и 28.03, одлично е и од 10.06 до 05.07, исто така многу поволен период е од 21.12 до крајот на годината.
Работа: Уште од самиот почеток на годината ќе ви тргне од добро, подобро. Иако на самиот почеток ќе имате некои сомнежи, па дури и стравувања, сè ќе успеете да надминете и веќе во февруари ќе се отворите кон луѓето и ќе ја ширите мрежата на соработници. Контактите и комуникациите ќе бидат клуч на вашиот успех, а вистинска експанзија на поврзаност со другите ќе уследи од пролет. Многумина ќе заминат на деловни патувања, а некои и преку граница. Сето тоа ќе биде поврзано со работата и можностите за нејзино проширување. Ќе функционирате добро, а најдобро ќе напредуваат оние кои работат со луѓе, во прометот, комуникациите, медиумите, образованието како и во интелектуалната област. Од јуни малку ќе се смирите, а некои може да ги фати и мрза, но сите долгорочни планови ќе бидат стабилни. Оние кои работат во помали приватни фирми или дома, во вториот дел од годината ќе имаат можност за проширување на работата или среќно ќе решат сè што е поврзано со просторот и локацијата каде што работат. Некогаш ќе бидете во искушение или морална дилема кога се во прашање деловните потези кои не се во рамки на законот. Треба да бидете внимателни, но општо земено, ќе бидете добро.
Здравје и совет: Целата година ќе се движите повеќе од вообичаено и тоа ќе допринесува кон вашето здравје. Генерално ќе бидете во добра форма и здрави. Вториот дел од годината може да ви донесе малку неуреден стил на живот, повеќе јадење и пиење, лумпување, па затоа конртолирајте се. По малата криза на почетокот на годината, ќе бидете психички стабилни и ќе им бидете поддршка на другите.
РибиЉубов: Зад вас е добра љубовна година во која излегувате од криза и го подобрувате својот приватен живот. Јупитер излегува од вашиот знак на 23.01 и нема повеќе да има толку погодности, но тоа не значи дека нема да ви биде добро. Можете да очекувате солиден развој на односите доколку сте подготвени да ги почитувате потребите на другата страна. Запомнете дека никој повеќе нема да ви гледа низ прсти и од вас ќе се очекува зрел и коректен однос. Особено поволно време за љубов се деновите помеѓу 28.03 и 22.04, одлично е и од 05.07 до 29.07, исто така од 10.10 до 03.11.
Работа: Почетокот на годината ќе го запомните по една специфична ситуација. Веројатно ќе бидете во позиција некому д аму помогнете, но може и да не ви успее. Одлуката која ќе ја донесете ќе има долготрајни последици за развојот на една соработка која постои можност и да се прекине. Немојте да бидете себични и мрзеливи бидејќи само уште три недели сте под влијание на Јупитер, а потоа работите нема да ви одат така подмачкано. Многу бргу и вие можете да се најдете во позиција да побарате помош. Затоа, добро размислете и излезете им во пресрет на другите. Ако мислите само на себе, подоцна може да ви се каже „секој за себе“. Ќе ги собирате плодовите кои сте ги заработиле во претходната година и веќе од февруари повеќе ќе се занимавате со финансии. Што повеќе го чувате вашето благо, толку повеќе издатоци ќе имате. Така, поголемиот дел од годината ќе помине во стилот „како дошло, така пошло“. Деловните партнери нема да имаат средства за вложување, па ќе мора да се ослонувате на сопствените сили. Ова ќе биде променлива година во која најмногу ќе се занимавате со пари и создавање на нови листи на приоритети. Некои места на листата ќе мора да ги замените и така да го осмислите новиот состав на вредности. Вториот дел на годината ќе донесе ширење на деловните контакти и зголемено движење поврзано со работата. Тоа ќе донесе добри резултати. Последните два месеци можете да очекувате многу стрес, напор и зголемени критики на ваша сметка. Важно е од самиот почеток да ги слушате другите и да работите најдобро што знаете.
Здравје и совет: Поголемиот дел од годината добро ќе се чувствувате и нема да имате здравствени проблеми. Повремено се можни полесни проблеми во долниот дел на телото, најверојатно во пределот на бубрезите. Бидејќи во вториот дел од годината повеќе ќе се движите, здравствената состојба ќе ви се подобри. Добро би било да се занимавате со спорт или барем со релаксација, за подобро да се подготвите за ноември и декември, кога ве очекуваат поголеми напори и стресови. И не само за тоа, туку затоа што напорот ќе продолжи и во годината што следи.
Извор__________________________________________________________________________________________________
Доколку имате коментари, можете да продолжите со дискусијата...