Како се избира датумот за Велигден?
Велигден е главен празник на христијанската црква, која го прославува воскресувањето на Исус на третиот ден од неговото распнување.
Кај западните цркви овој ден се слави во недела меѓу 22 март и 25 април, зависно од датумот на првата полна месечина по пролетната рамноденица. Овој временски период бил утврден по Советот што се одржувал во Никеја во 325 година од н.е. Според источниот православен календар, кој користи поинакви пресметувања, Велигден се слави подоцна.
Велигден се здобил со многубројни религиозни и народни обичаи. Црковната служба што се организира по повод Велигден е една од најважните во христијанскиот календар и од крајот на 2 век Велигден е ден кога се врши покрстување. Вапцувањето јајца и приказните за зајакот што украсува и краде јајца се народни обичаи поврзани со овој празник.
Извор