Прочуениот парфем, настанал во далечната 1921, а и понатаму привлекува и примамува, а истражувањата говорат дека на секои 55 секунди се наоѓа нов купувач во некој крај на светот.
Неминливиот "Шанел 5", кој Коко Шанел го опишувала како "парфем со мирис на жената", оваа година прославува 90. роденден.
Прочуениот парфем, настанал во далечната 1921, а и понатаму привлекува и примамува, а истражувањата говорат дека на секои 55 секунди се наоѓа нов купувач во некој крај на светот.
Холивудската дива Мерлин Монро одела на спиење само "натопена" од него, а најубавите жени му го позајмуваа своето лице на рекламите.
Во чест на митскиот парфем парискиот музеј Ke d'Orsej до 28. јануари својата фасада ќе украси со огромни шишенца со 1.200 кристали.
Од моментот кога е креиран, "Шанел 5" бил единствен парфем кој пленел со мешавината од 80 различни миризливи состојки содржани во елегантно шишенце кое останало до ден денес ниту малку променето.
За својот парфем Коко Шанел го одбрала она најдоброто - рози и јасмин од југот на Франција, јиланг-јиланг од Филипините. Самата му го дала и името кое е влезено во легендите.
"Лансирам колекција на 5. мај, петтиот месец во годината, да му го ставиме бројот кој го носи и кој ќе му биде среќен", рекла славната модна креаторка откако ја избрала мешавината во шишенцето со број пет од неколку примероци кои и ги претставиле нејзините соработници.
Извор_____________________________________________________________________________________
Кој парфем го користите, какви парфеми преферирате, што препорачувате,совети, каде има промоции ипопусти,новитети?