Темата ја отварам со цел за најразлична комуникација,размена на мислења и совети, за личностите кои рекреативно се занимаваат со спорт.
Дали сте знаеле дека занимавањето со спорт може да ја зголеми потребата за конзумација на алкохол, покажале резултати од ново американско истражување.
Тестови извршени врз глувци покажале дека оние кои претходно биле физички активни го испиле понудениот алкохол, додека другите, физички неактивните не.
Научниците навеле дека постои можност да се работи за потреба на поттиснување на негативниот ефект од конзумирање на алкохолот на телото кое било физички активно, како и поврзаноста на овие две активности во мозокот како нешто што е пријатно и стимулативно.
Тие сепак велат дека со или без алкохол спортски активности треба често да се практикуваат.
Ова го прочитав, за мене ова не е точно-бидејќи јас не конзумирам алкохол иако сепак сум активен спортист.
Дали се бавите рекративно со некој спорт, кои промени ги чувствувате,имате ли некаков совет?
извор