| Дали во МК е добро платена секоја работа? | |
|
+8cakegirl mama Mace Сонце Party girl tanja Mirjana misticna BetiBup 12 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Sara Активен член
Број на мислења : 192 Возраст : 42
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Чет Јан 20, 2011 11:35 am | |
| Ај ќе ви кажам еден виц - да ви разбијам монотонија, а може е и жива вистина, свекор ми ми го кажа пред некој ден. Дошол водоводџија и вика мојата работа ќе ве кошта (пример) 5000 ден. А човеков што го викнал бил доктор. Вика како бе ти водоводџија толку многу бараш, колку ти е дневница? Водоводџијата рекол 1000 ден. Докторот рекол е како ти водоводџија зимаш 1000 ден, мене доктор не ми е толку висока дневницата. И водоводџијата му рекол еееее и јас кога бев доктор исто не ми беше толку висока дневницата. Така да, заклучете си сами од муабетов дали во МК е добро платена секоја работа Инаку мојот став на ова прашање е дека во МК не е добро платена секоја работа, односно дека не секаде е платена истата работа исто. Конкретно во мојата професија на истото работно место, зависи каде си вработен, зимаат плата од....до.......огромни разлики во цифри и нули. Е сега ако ја имаш таа среќа, харизма а можеби и врски (кој во денешно време се сведуваат на препорака од познат) да си вработен во тие извикани компании, тогаш ќе бидеш задоволен од платата, или можеби човечкото око е незаситно, па никогаш нема да бидеш задоволен | |
|
| |
tanja.v Нов член
Број на мислења : 148 Возраст : 45 Место : Skopje
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Чет Јан 20, 2011 2:36 pm | |
| Дали во МК е добро платена секоја работа?
kako moze da se platite dobri koga vo pogolem del od firmite platite unazat 10 god pa i poveke stojat isti a cenite rastat nenormalno mnogu .pr edna prodavacka zima plata 8000 den pa ovie pari nestasuvaat za eden covek a kamoli da gledas familija so ovie pari | |
|
| |
Воскресија Модератор
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Саб Јан 22, 2011 10:28 pm | |
| Е сега да ви кажам колку е платена работата во мојот град. Кај нас платата изнесуваа од 4000 до 6000 денари. Нажалост тоа се случува денес токму кај нас, а безброј луѓе кои немаат воопшто примања одат и работат за толку само да го прехрабнат своето семејство. Еве искрено и јас поработив малку и знаете, работев неколку месеци и секогаш ни ветуваа повеќе, но како поминуваше времето се беше исто. Конкретно мојата плата за тие три месеци колку што поработив беше 4 500 денари. Додека ако би зборувале за оние што имаат завршено факултет, за нив е многу поболно, бидејќи си седат дома, а на нивното место каде што би требале тие да работат како пообразувани, нивните места ги држат луѓе кои немаат ни основно образование. Само во таа фирма во која работев половина од вработените имаа факултет, но сепак ништо, земаа плата како и сите други. Мислам дека денес најважно е да имаш некој свој човек, пријател за да можеш да се вработиш и да земаш малку повисока плата. Особено ова е важно за помалите градови во Македонија, а додека за Скопје се ова е друга песна. Еве напоменавте продавачка во продавница дека зема плата од 8 000 - 10 000 денари, а додека кај нас таа продавчка што ја извршува истата работа зема од 4 000 - 5 000 денари. Значи во овој наш случај во кој се наоѓаме докторите за нас се богаташи (ако би се надоврзала на погоре споменатите примери). | |
|
| |
misticna Опомена
Број на мислења : 17
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Нед Јан 23, 2011 2:12 am | |
| - Воскресија напиша:
- Значи во овој наш случај во кој се наоѓаме докторите за нас се богаташи (ако би се надоврзала на погоре споменатите примери).
eee toa go zborev Voskresija alal ti vera na recenicata ama odma otide muabetoto vo druga nasoka zaradi neisfrustriranite:)))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))) | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Пон Јан 31, 2011 1:01 am | |
| Што мислите за војниците кои ги праќаат во Авганистан? Дали им е безбедна нивната работа таму? Дали имаат платен одвоен живот и колкава им е платата? Колку време престојуваат таму и дали толку време колку што се таму ние ќе заработиме тука во Макдонија?
Еве сега една група се врати од Кабул а другата отиде - со господ напред да се вратат живи и здрави! | |
|
| |
mama Mace Активен член
Број на мислења : 187
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Пон Јан 31, 2011 1:28 am | |
| за војниците ајде ќе речеш сами се определиле на таков живот војска е тоа па и ако сме дел од НАТО тоа е тоа секаде ќе ги праќаат. арно ама има еден куп цивили од кумановско кои одат за да заработат во Авганистан и сигурно не одат таму од што им е убаво овде, меѓутоа гледаат единствен излез за екзистенција на тој начин.овде семејството им живее со страв штом зазвони телефон се стресуваат да не е лоша вест, а тие таму си знаат како живеат. земјата е во војна и колкава и да е платата само зорт може да те натера животот на коцка да го ставиш. | |
|
| |
Mimi22 Најактивен член
Број на мислења : 236 Возраст : 40 Место : скопје
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Саб Фед 05, 2011 2:11 am | |
| Opsto niedna rabota ne e platena vo makedonija.Neli trebase minimalna plata da e 200 evra so zakon ama toa ne vazi nikoj ne kontrolira.Zatoa zlatni luge izbegaa od drzavata na strana kade sto trudot ke im bide soodvetno platen.Eve jas licno rabotam vo sendvicara so nikakvi uslovi letno vreme kolabrirame nema ladenje zimno vreme smrznuvame ko ke dojdam doma nemozam da se odmrznam a zemam 10000.Toa e nisto za toa kolku ima rabota i kakvi se uslovite ama toa e treba da se izdrzuva semejstvoto | |
|
| |
Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 44 Место : Скопје
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? Чет Фед 10, 2011 4:05 pm | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Дали во МК е добро платена секоја работа? | |
| |
|
| |
| Дали во МК е добро платена секоја работа? | |
|