Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Дехидрација

Go down 
3 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Дехидрација Empty
ПишувањеПредмет: Дехидрација   Дехидрација EmptyВто Јан 11, 2011 6:24 pm

Колку вода дневно е потребна за правилно функционирање?
Многу едноставно прашање кое нема едноставен одговор. Колку вода му е потребно на телото? Тоа зависи од повеќе фактори: од здравјето, активноста и околината на живеење.
Водата ги отстранува отровите
Водата е составен дел на телото и претставува 60% од вкупната телесна тежина.Секој систем и процес во телото зависи од водата. Таа е вклучена во отстранувањето на отровите од виталните органи, во доведот на хранливите материи во клетките и ја одржува неопходната влажност во ушите, носот и грлото.
Што е дехидратација ?
Водата секојдневно се губи со дишење, потење, уринирање и со пробавата, затоа мораме да ја надоместиме со конзумирање на течности и со храна која содржи вода ( супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).
Од 2,2 до 3 литри течност на ден
Просечен возрасен човек, кој живиее во земја со блага клима:
• Излачува со урината 1,5 л вода. Додатен литар вода губи со дишење, потење и со пробавата. Храната обично содржи приближно 20% од сите течности кои ги внесуваме. По тие пресметки 2л дневно е доволна количина на течности која треба да ја внесеме во телото.
• Препораките на експертите за прехрана се дека мажите треба да внесат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно. Вообичаено (ако го имаме во предвид горниот пристап) знак дека сте внеле доволна количина течности е реткото чувство на жед и излачувањето на приближно 2 литри светло жолта урина.
Фактори од кои е зависи количината на течности која ја внесувате
4 фактори поради кои морате да го прилагодите внесувањето течности
1. Спортување. Количината течности која ја внесувате мора да биде зголемена. Тоа повторно зависи од тоа со каков спорт се занимавате, како долго трае вежбањето, колку е силно потењето. При подолго вежбање ( спортови за издржливост: трчање, возење велосипед, пливање, планинарење ) морате да пиете пред самото вежбање и во текот на вежбањето, на приближно 15 минути по неколку голтки и се разбира по завршувањето на вежбањето. Ако урината е густа и со силна жолта боја, значи дека сте внеле премалку течности ( можеби Ви недостасуваат и витамини од групата Б – Б комплекс ). При силна физичка активност водата сама по себе не е доволна, туку потребни се и доволно витамини, електролити и соли.

2. Околина - во влажна и жешка околина потењето е зголемено и се разбира, треба да се внесуваат повеќе течности. Исто така, потребни се повеќе течности и во зима, кога се престојува во затворени и загреани простории. Кожата станува сува. Исто е и со повисока надморска височина (планинарење, алпинизам ). При патување, поради промена на климатски услови, дополнителното количество на течности ја спречува главоболката.

3. Болест - при висока телесна температура, повраќање, дијареа, бубрежни камења или инфициран меур, неопходни се доволно количество течности. Но, мора да се внимава и на тоа дека при одредени болести (срцеви мани, некои видови на бубрежни, жолчни или надбубрежни болести) внесувањето на течности мора да биде помало.

4. Бременост и доење : потребата за течности се зголемува. Големо количество течности се губи при доењето. Бремена жена треба да консумира приближно 2,4 литри течност, а жена која дои 3 литри.
Исцрпеност и умор
Дури и многу блага дехидратација може да биде причина за чувство на исцрпеност и умор.

Најчести причини за дехидратација се:

• постојана активност
• прекумерно потење
• повраќање и дијареа

Знаци на дехидратација
8 знаци на дехидратација – спречете ја навреме:

1. благо до силно чувство на жед,
2. измореност,
3. главоболка,
4. сува уста,
5. многу малку урина,
6. мускулна слабост,
7. вртоглавица,
8. зашеметеност
Чувството за жед не Ве чува од дехидратација
Чувството на жед не е сигурен показател кој би Ве чувал од дехидратација – пред се постарите луѓе послабо го осознаваат чувството на жед. Често се случува и чувството за жед да биде заменето се чувство за глад и е честа причина за зголемувањето на телесната тежина. И запомнете: Кога ќе ја почувствувате жедта веќе сте малку дехидрирани.

Спречете ја дехидратацијата
3 совети до кои мора одговорно да се држите:

• при секој оброк испијте по една чаша вода и потоа по една чаша помеѓу секој оброк ( 5 на ден )
• пијте пред, помеѓу и по спортувањето
• заменете ги алкохолните пијалоци со минерална вода на забавите

Правило на умереност

При секоја работа важи правилото на умереност – дури и со водата не е добро да се претерува бидејќи може да го намалите нивото на електролити во крвта. Последица од тоа е хипонатермија – прениска количина на натриум во крвта.
Топ 5 пијалоци
1. Изворска вода – бистра вода која е добра посебно по напорно планинарење.

2. Минерална вода – содржи магнезиум, калциум, калиум.

3. Вода од славина во областите каде водата е сеуште квалитетна.

4. Зелен чај - содржи флавоноиди ( го намалува ризикот за канцерогени заболувања и болести на крвните садови, го подобрува имунитетот ) и антиоксиданси ( ја зачувуваат свежината и убавината на кожата, се борат против штетните влијанија од околината) и може да ја спречи пигментацијата која се создава за време на бременоста и менопаузата. Пијте го без млеко ( многу добар е со лимон ) бидејќи млекото ги неутрализира антиоксидансите.

5. Свежо исцедени сокови – го оживуваат телото од внатре. Ако ги пиете од како многу сте се потеле, рекреирале или сте биле физично активни на друг начин, препорачливо е да додадете малку сол во свешиот сок.

Извор

Колку течности внесувате вие,и колку внимавате на внесувањето на течностите?


Последната промена е направена од LadyD на Чет Јан 20, 2011 5:04 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace


Број на мислења : 187

Дехидрација Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дехидрација   Дехидрација EmptyПон Јан 17, 2011 12:35 pm

јас ако не внесам минимум 2 литри течност во мене во текот на денот останав во кревет срамежливко . имам низок притисок ама природно низок и обавезно со мене си носам течност. за летно време воопшто и не правам муабет под 4 литри течност претежно вода.
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Дехидрација Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дехидрација   Дехидрација EmptyЧет Јан 20, 2011 5:05 pm

Што е дехидрација?
Дехидрација е состојба која се јавува кога некој ќе изгуби повеќе течност од што прима со што ја пореметува рамнотежата на минерали во телото. Се јавува аномалија со која клетките на телото се без потребната количина на вода.

Водата секојдневно се губи со дишење, потење, уринирање и со пробавата, затоа мораме да ја надоместиме со конзумирање на течности и со храна која содржи вода ( супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).

Просечен возрасен човек, кој живиее во земја со блага клима:

• Излачува со урината 1,5 л вода. Додатен литар вода губи со дишење, потење и со пробавата. Храната обично содржи приближно 20% од сите течности кои ги внесуваме. По тие пресметки 2л дневно е доволна количина на течности која треба да ја внесеме во телото.


• Препораките на експертите за прехрана се дека мажите треба да внесат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно. Вообичаено (ако го имаме во предвид горниот пристап) знак дека сте внеле доволна количина течности е реткото чувство на жед и излачувањето на приближно 2 литри светло жолта урина.
Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 43
Место : Скопје

Дехидрација Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дехидрација   Дехидрација EmptyЧет Јан 20, 2011 5:49 pm

Еве баш денес немам пиено ни 1 чаша вода и веќе ме боли глава.Сега две на екс испив и веднаш сум подобро.
Некогаш се заборавам да се напијам течност,едноставно не ми бара организмот,а пак некогаш 2 литри во ден сигурно.
Гледам да внимавам да внесувам доволно течности,но некогаш се заборавам
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Дехидрација Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дехидрација   Дехидрација Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Дехидрација
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Здравје :: Здравјето на возрасните-
Отиди до: