ТОП 10 ЗНАЦИ НА БРЕМЕНОСТНајраните знаци на бременост можат да се забележат откога оплодената јајце клетка ќе се прицврсти во матката. Тоа се случува десетина дена по зачнувањето. Но, некои жени со недели не се свесни дека се бремени, а сериозните сомнежи започнуваат во моментот кога им доцни месечниот циклус.
Ви ги претставуваме најчестите 10 знаци и симптоми на бременост, почнувајќи со најраните. Во случај на бременост, можат да бидат застапени сите, додека во некои случаи можно е да не се појави ниту еден од следните симптоми.
10. Тврди и осетливи брадавици
Овој симптом може да се јави дури недела дена по зачнувањето. Осетливоста на брадавиците е последица на зголемени хормонални активности кои носат повеќе крв во пределот на градите. Кога вашето тело ќе се навикне на хормоналната промена, симптомите ќе ослабнат.
9. Дамки и грчеви
Неретко се случува бремената жена да остава кафени дамки на долната облека. Тоа исто така може да се забележи и кај мокрењето. Во најраната фаза на бременост, претходното може да биде последица на сместувањето на јајце клетката во матката. Мало крварење околу периодот кога обично добивате менструација е последица на хормонот кој го регулира циклусот.
8. Мачнина
Некои среќнички во потполност го избегнуваат овој симптом, но за многу жени утринските мачнини се најлошиот симптом на раната бременост. Мачнините се најинтензивни од четвртата до шестата недела на бременост. Ќе се чувствувате многу непријатно, гадливо, а и нагонот за повреќање може да ви биде значајно поголем. Без оглед на нејзиното име, утринската мачнина може да се појавува наутро, попладне или навечер.
7. Меки и отечени гради
Веќе од шестата недела на бременоста, вашите гради може да станат многу меки на допир. Нешто слично како што кај некои жени знаат да омекнат пред самата менструација. Ќе забележите дека градите ви се зголемиле и отекле, а под кожата се наѕираат вените. Мекоста на градите најчесто се јавува во првото тримесечје од бременоста.
6. Замор
Се чувствувате уморно? Или подобро кажано исцрпено. Бременоста едноставно ги исцрпува жените, некои дури и од првиот ден, бидејќи истите потешко ги поднесуваат хормоналните пореметувања во организмот. Иако сам за себе не претставува очигледен симптом, трудниците најчесто велат дека заморот во голема мера е присутен во првото и третото тримесечје.
5. Често мокрење
После шестата недела недела од бременоста може да забележите дека сè почесто одите во тоалет. Причината за тоа може да лежи во хормоналниот интензитет, поголема количина на крв во организмот, како и зголемено функционирање на бубрезите. Но, внимавајте, ако чувствувате болка или пецкање додека мокрите, можно е да имате уринарна инфекција.
4. Потемни брадавици
Промената на кожата е почеста за време на бременоста, било да се работи за текстурата или пигментот. Делот околу брадавиците најчесто потемнува околу осмата недела на бременоста. Исто така, грутчињата околу брадавиците може да станат потврди и поосетливи. Во оваа фаза и вагината може да се измени, попримајќи темно виолетова боја.
3. Изменето сетило за вкус
Храната која до сега имала потполно нормален вкус може да ви стане неподнослива. Исто така, може да чувствувате ненаситна потреба за одреден вид на храна. Некои трудници се жалат дека многу често чувствуваат „метален“ вкус на храната и не го поднесуваат вкусот на кафе или чај. Иако звучи како клише, ако сè почесто чезнеете за храна која обично не ја консумирате или, пак, храната која сте ја сакале одеднаш ви станала неподнослива, во комбинација со некои од наведените симптоми, веднаш избројте ги деновите од последната менструација.
2. Отсуство на менструација
Доколку имате редовен месечен циклус, а последната менструација не ви започнала кога требало, најдобро е да направите тест за бременост. Изостанатата менструација е еден од најсигурните знаци на бременост. Но, во случај кога циклусот не ви е редовен, веднаш нема да можете да забележите дека менструацијата ви изостанала. Во тој случај посебно внимавајте на симптомите на меки гради, чувствутелност и зголемена потреба за мокрење.
Како што наведовме претходно, дури и во случај на бременост може да се јави слабо крварење во периодот од месецот кога добивате менструација, но тоа е само заради работата на хормонот за регулирање на месечниот циклус. Станува збор за слабо и краткотрајно крварење, за разлика од нормалната менструација.
1. Доказ: Позитивен тест за бременост
Повеќето тестови за домашна употреба ќе ви дадат одговор доколку почекате барем еден ден од доцнењето на менструацијата. Ако на прозорчето се појави и сината цртичка, закажете преглед кај гинекологот. Во спротивно, или ќе ви олесни, или пак, ви посакуваме повеќе среќа следниот пат.
Извор