Колку често го употребувате зборот ТЕ САКАМ, колкава тежина/вредност има овој збор за вас?
Јас знам два-три пати неделно да го употребам, кога навистина посакувам тоа да му го речам.
За разлика пак од дечко ми, тој еднаш у два месеца можеби ќе ми рече ТЕ САКАМ, но тогаш кога ќе го рече тоа,тоа е толку слатко кажано, толку топло што знам дека навистина тоа го мисли.
На почетокот се лутев, се дур еден ден не седнав и да го прашам зошто толку ретко го кажува тој збор,а неговиот одговор беше: Ако секој ден ти кажувам ќе бидам досаден, ако секоја недела ти кажувам нема да ми веруваш-тие зборови би изгубиле тежина. Сметам дека е подобро и поважно тоа што на други начини ти докажувам дека те сакам.
Кога се подразмислив, навистина сватив дека е во право. И сега воопшто не ми пречи тоа.