па вака од мое лично искуство пред 28 години мислам дека не. јас се омажив на 31 родив на 32 и воопшто немав никакви проблеми. стара прворотка е од 30 па нагоре, ја поместија границата, а испитувања на плодот бидејќи мајката е постара се прават за жени над 35 година, така да во денешно време работите се сменети. мене лично ако ме прашате грев е на 20 години да се омажите и да раѓате деца, тоа нема да ве одмине, арно ама да не испадне после не проживеав. јас бајаги се изнашетав, се изнаизлегував и се што ќе ми кефнеше си приуштував, не дека сега нешто ми недостига ама немам ни желба ни потреба од излегување и шетање. а за шетање по светот се разбира и на 80 години ќе сакам. е сега медицински е докажано дека најдобри јајце клетки жената има од 20 до 25 години и затоа во Англија постојат центри за замрзнување на јајце клетки доколку планирате подоцна да раѓате. исто така е докажано, сега незнам колку би го зеле за точно дека пак мајки кои раѓале подоцна над 35 година децата од тие мајки се поинтелегентни. ова јас би го земала со резерва.