Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Рецепт пијалоци

Go down 
3 posters
АвторПорака
Biba
Нов член
Нов член
Biba


Број на мислења : 77
Female

Рецепт пијалоци Empty
ПишувањеПредмет: Рецепт пијалоци   Рецепт пијалоци EmptyПон Јан 10, 2011 4:01 am

Греано вино
5дл црвено вино,2дл вода,3лаж шеќер,каранфилче, цимет, морско оревче, ванила....
Прво се пропржува шеќерот па се додава виното и мирудиите и постепено се остава да вари на тивок оган додекја не се стопи шеќерот.


Сок од лимон
5 лимона,1,5кг шеќер,2л вода,2лаж лимонтос
4лимона ситно се сецкаат на коцки и во сад настрана се мешаат со шеќерот.Воводата се става 5тиот исцеден лимон.Се прелева во садот со лимоните и шеќерот.Се блендира, се цеди и подготвен е за растворање

Ликер од малини
500гр малини,1/2л ракија,250гр шеќер,цимет,ванила,екстрат од малини...
Малините се пасираат и заедно со шеќерот се ставаат во шишето.Се досипува ракија и се става цимет.Се затвораат шишињата и се оставаат 1 месец да отстои ликерот
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член
Biba


Број на мислења : 77
Female

Рецепт пијалоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рецепт пијалоци   Рецепт пијалоци EmptyПон Јан 10, 2011 8:05 pm

Pina Colada

70гр рум
3лаж кокосово млеко
3лаж ситно сецкан ананас
Состојките се ставаат во шејкерзаедно со половина чаша иситнет мраз.Се "шејкува" една минута со брзо темпо
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Рецепт пијалоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рецепт пијалоци   Рецепт пијалоци EmptyВто Јан 11, 2011 6:33 pm

здрави енергетски фитнес пијалоци


Фитнес пијалоци – неопходен дел од тренингот

Доколку се обидувате да ги намалите килограмите, доколку редовно вежбате, се грижите за Вашето здравје и живеете слушајќи го своето тело – тогаш знаете дека е важно и она што секојдневно го внесувате во организмот, особено кога се во прашање течностите. Токму поради тоа постојат енергетски фитнес пијалоци, кои ги содржат сите корисни состојки кои Ви се неопходни.

Фитнес пијалоците помагаат да внесете доволно течности и корисни состојки за време на и по вежбањето, да го контролирате чувството на глад, да го одржувате нивото на шеќери во крвта и да го регулирате метаболизмот.

Избегнувајте газирани и засладени пијалоци

Енергетските фитнес пијалоци (секако проверени) по правило немаат штетни состојки. Газираните и засладените пијалоци со сигурност содржат високо ниво на шеќери, кое нормално го зголемува и нивото на шеќер во крвта, го забавува метаболизмот и ја намалува способноста за согорување на калории – и не треба да се конзумираат за време на тренингот.
Вашиот метаболизам би требало ефикасно да ги согорува сите внесени калории, но кога е забавен, вишокот калории се претвора во вишок килограми.
Енергетските пијалоци помагаат во регулација на метаболизмот, бидејќи не содржат голем број на калории, туку само состојки кои ви се неопходни за да го издржите напорниот тренинг.

Секогаш проверувајте ги состојките!

Кога ќе се одлучите за набавка на вакви фитнес пијалоци, задолжително проверете дали содржат забранети состојки, како што се на пр. Ефедрин, кој е ефикасен во зајакнување на мускулите и зголемување на издржливоста, но поради големиот број на изразено негативни ефекти по здравјето, е забранет.
Поради тоа, идеално решение за да бидете сигурни што пиете и покрај тоа да заштедите пари, е самите да си направите вакви пијалоци, од природни состојки. Затоа Ви препорачуваме неколку рецепти и тоа за различни видови на тренинг и потреби на организмот:

Видови, ефекти и рецепти за фитнес пијалоци

1. Изотонични пијалоци

Ефекти: Брзо ги надополнуваат изгубените течности и содржат голем број јаглехидрати во форма на глукоза, која што е особено погодна за организмот. Ваков вид на пијалок, користат сите професионални спортисти.

Овошна бомбa:
200 мл. цедено овошје (било кое овошје или мешавина од повеќе видови),
800 мл. млака вода,
Малку сол,
Промешајте и оставете да се олади.
Против жед:
500 мл. незасладен овошен сок (портокал, јаболко, ананас),
500 мл. млака вода,
Промешајте и оставете да се олади.
2. Хипертонични пијалоци

Ефекти: Обезбедуваат неопходен дневен внес на јаглехидрати и најдобро е да се конзумираат по тренингот, бидејќи придонесуваат во складирање на гликоген во мускулите и ја зголемуваат енергијата. Се користат за издржливост, а можат да се пијат и за време на вежбањето, заедно со изотоничните пијалоци.

Хипертоник:
400 мл. исцеден сок,
1 литар млака вода,
Малку сол,
Промешајте и оставете да се олади.
3. Хипотонични:

Ефекти: Брзо ги надополнуваат течностите изгубени со потењето и за разлика од останатите пијалоци, содржат ниско ниво на јаглехидрати. Најдобро е да ги конзумирате по напорниот тренинг, бидејќи спречуваат дехидрација на организмот.

Хипотоник:
100 мл. цедено овошје,
1 литар млака вода,
Малку сол,
Промешајте и оставете да се олади.

Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Рецепт пијалоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рецепт пијалоци   Рецепт пијалоци EmptyСре Фед 02, 2011 12:09 pm

Коктел - „англиска магла“

Согласно тмурното и магливо време кое се најавува за деновиве, ви предложуваме еден интересен коктел, кој бргу се подготвува, и може да ве расположи.

Го носи името Лондонска или Англиска магла.

Состојки:
-пинаколада
-Ред бул

Начин на подготовка :
Ставете 100 ml Ред бул директно во чаша, ставете коцка мраз и полека по желба додавајте пинаколада. Почекајте 1 минута пијалокот да го добие саканиот изглед (пинаколадата поради мразот полека се спушта). Додадете резанки од лимон и портокал по работ на чашката.

Време на подготовка: 3 минути.
Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 44
Место : Скопје

Рецепт пијалоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рецепт пијалоци   Рецепт пијалоци EmptyЧет Фед 10, 2011 4:25 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Рецепт пијалоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Рецепт пијалоци   Рецепт пијалоци Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Рецепт пијалоци
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Пијалоци-
Отиди до: