Во животот секогаш се бориме за нешто, и сакаме да изградиме нешто, да постигнеме соодветен ранк,позиција,цел... Но тоа не секогаш мора да биде диплома,признание,чин, некогаш е доволно тоа што не исполнува да претставува вистински успех за нас. Кои се вашите успеси во животот (немора да се признанија, може како што реков и работи кои ве исполнуваат)
За мои успеси сметам три работи
Првата работа која ја пребродив, беше еден тежок период во мојот живот-во моето семејство,каде што бев настроена оптимистички и сметам дека навистина допринесов за тоа сега да изгледа како прекрасно семејство.
Второ мојата врска. Јас мојата врска со дечко ми си ја сметам за успех, бидејќи да си со некого долго време и да градиш љубов е вистински успех.
И трето успехот што го постигнувам со спортот стрелаштво, 5 години државен првак, 30 на светско првенство, 18 на олимпијада, сметам дека е вистински успех - бидејќи во овој спорт Македонија немала до сега таков пласман.А и моите тренажни процеси одат во нагорна линија - што уште повеќе ме радува.