Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Животен шамар

Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Животен шамар Empty
ПишувањеПредмет: Животен шамар   Животен шамар EmptyПон Јан 10, 2011 12:25 am

Сите знаеме дека животот е суров, дека има многу неправдини. Некогаш си велиме дека тоа е судбина, или сплетот на околности довеле тоа да се случи, а на крај велиме
-ТАКА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ
-ШТО И ДА Е ЌЕ ПОМИНЕ
-ВРЕМЕТО ЛЕЧИ СЕ....
Но некои работи, кои биле планирани, сплетот на околности наведувал кон тоа, многу работи,факти укажувале на тоа, дека ќе се оствари, дека ќе биде. Реалната страна на животот наведува и наговестува дека тоа ќе се случи........но одеднаш од ведро небо, во животот добива пресврт,во кој вие го добивате длабокиот удар-животниот шамар.
Некои од нас се силни, и веднаш се враќаат во претходната состојба на својот живот, но некои....тоа го прифаќаат депресивно,трагично....и тешко се справуваат со тоа.

Дали вие,некогаш во животот сте добиле таков животен шамар и како сте се справиле со него, и во колкав временски период?



Јас сум доста млада, за да имам големо искуство од таквите животни шамари, но Октомври 2010, на спортски план, по прв пат го осетив тој животен шамар. Каде што добив вест, која ни на сон не би ми паднала на памет, дека таков пресврт може да се случи, и дека одеднаш се полека почнува да тоне-целиот труд,и секоја капка пот вложена во тоа. Добри два месеца ми требаа да се опоравам, бев под стрес,плачев се нервирав, готова бев да се откажам од спортската кариера. Но еден ден, благодарејќи му на дечко ми и тренерот, застанав на нозе, и си реков себеси дека нема да плачам-зошто со тоа ништо нема да решам, со тоа плачење ништо нема да се измени. А уште поголема мотивација си бев јас самата на себе, верувам сама во себе дека ако сум успеала ова досега да го направам,ако 300 камења и сопки сум поминала, ќе ја поминам и оваа карпа. Ќе докажам, на кого каде му е местото, и нема да се откажам, како многуте спортисти што се откажале-од истата причина-бидејќи им се случило истото како и на мене. Да донесат некој друг, на твое име и на твој успех да гради негова кариера.
Сега моментално-паралелно, си се надоградувам во спортот (кон повисоки резултати), а истовремено со тоа и ја побивам и докажувам колку всушност вредат луѓето кои градат авторитет, на моите постигнати успеси.
Искрено се надевам и верувам во себе дека ќе успеам во тоа. А и сметам дека потсвеста на секој човек е најдобрата помош да се постигне нешто во животот, бидејќи ако си веруваш самиот на себе, дека можам + знам + умеам = УСПЕВАМ........ тогаш и ќе успееш
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Животен шамар
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Психологија-
Отиди до: