Еве ви еден пример за вистинска љубов.
Мислам дека се случува настанот во Кина (Јапонија не сум потполно сигурна, но сепак во тие краеви).
Двајца другари кои премногу се почитувале си се заветиле дека еден ден доколку имаат деца и едното биде машко и другото женско да станат сватови, односно да се ородат. Поминало доста време и навистина излегло така. Им се родиле деца и кога пораснале им ја договориле свадбата за да се венчаат. На почетокот момчето не сакало да се жени, но сепак татковиот збор бил пресуден и морал да биде послушен. На денот на нивната свадба кога за прв пат ја видел својата сопруга бил шокиран. Прв пат ја видел тогаш иако му кажувале дека е убава девојка, таа воопшто не била. За него била грда, ниска во раст, полна со мозолки на лицето и многу други работи, но немало назад, веќе се венчале. Започнал да не излегува по гости со неа, да не шета заедно на шопинг, да не ја покажува на другарите, едноставно се срамел од неа и таа била посојано дома. Работела од дома шиела, везела и така земала некоја пара. По извесен период им се родиле и две деца, но сепак неговото мислење за неа не се менувало. По некаде 15-20 години заболел од некоја очна болест што требало да го прават операција на окото и при тоа требало да се најде рожница да се пресади, а вооедно и таа операција била многу скапа. Лекарите пронашле рожница, ама пари немале за операцијата. Иако кутрата жена секогаш омаловажувана од својот сопруг извадила книшка на која си штедела пари и му ја дала на својот маж за операцијата. Целата нејзина доживотна заштеда му ја дала нему. Се било во ред го направиле операција, но сепак и покрај се не и дозволил на жена си да дојде во болница. Покрај него била ќерката и заедно со неа се вратил дома откако го оперирале. Влегле во својот дом, а жена му постојано плачела. Тогаш ќерката и рекла: „кажи му не плачи повеќе “. Се завртела накај него и тогаш самиот видел дека таа е онаа личност на која и била одстранета рожницата за него да му направат операција и тој да може да гледа. Таа била слепа со едното око. Паднал пред неа на колена и со солзи ја молел да му прости за се што и правел досега и ја омаловажувал. Од тој ден таа била најсветото нешто за него во животот. Тоа е вистинска ЉУБОВ.
Настанот се случил пред неколку години и е вистинит.
Па сега, дали некој би ја направил оваа жртва за оној што го сака????????????????