Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Абортус

Go down 
+4
cakegirl
tanja
Chocolate
BetiBup
8 posters
АвторПорака
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Абортус   Абортус EmptyНед Јан 09, 2011 4:08 pm

Постојано читав за абортусот, каде и да отворам обавезно во центарот ми паѓаше абортусот. Секоја жена има сопствено право да одлучи дали да абортира или не? Некои ситуации не доведуваат до тој начин, сепак тоа не е убивање или чедоморство како што некои мислат дека е! Никој не би сакал да дојде до абортус, но секогаш има излез за све во овој свет, па зошто и за ова. Јас не го одобрувам абортусот но не го ни бранам. Затоа и велам секој има избор.
Јас лично доколку сега би забременила не би абортирала. Но доколку тоа се случи на 15, 16 годишни девојки секако дека ке се запрашаат дали да родат или не? Ова општо го пишав од моја гледна точка, незнам како вие мислите, пишете?
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 37
Место : Скопје

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус EmptyНед Јан 09, 2011 4:33 pm

Јас го оправдувам абортусот. Тоа е право на избор на жената/девојката дали ќе го роди детето или не. Единствен случај во кој не го оправдувам абортусот е кога се користи како средство за контрацепција.
Вратете се на почетокот Go down
tanja
Модератор
Модератор
tanja


Број на мислења : 63
Female Возраст : 40

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус EmptyНед Јан 09, 2011 11:00 pm

Стварно тешко прашање. Дали го оправдувам абортусот? Па зависи од многу работи. Најискрено мислењетео ми се минуваше во текот на годините. До пред 3-4 години, не само што го оправдував абортусот, туку и викав дека ако не дај боже ми се случи непланирана бременост, сигурни ќе абортирам. Но тоа беше тогаш, кога бев млада и зелена. Понатаму во тек на студиите имав можност неколку пати да присуствувам на тие интервенции и видов дека тоа и не е така едноставно како што јас си го замислував. Во тој период толку се исплашив од сето тоа па поради тоа го сменив и мојот став. Што беше стварно зачудувачки за луѓето што ме знаеа. Е сега со тек на времето и со поголемото искуство што го стекнав во изминатиот период омекнав малку и некако си ги средив и мислите и ставовите.
Ако некој се реши да направи абортус не го осудувам. Сепак секој има право да решава за својот живот и своето тело и која сум јас да му се мешам и да го осудувам или не.

Јас лично НЕ би се сложила на абортус во никој случај. Таа интервенција е премногу страшна и стресна за мене, и од психички и од физички аспект.
Вратете се на почетокот Go down
cakegirl
Модератор
Модератор
cakegirl


Број на мислења : 111
Female

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус EmptyПон Јан 10, 2011 2:30 am

Се сложувам дека тоа си е право на секоја жена.Немам некој цврсто одреден став дали сум против или за само знам дека јас не би абортирала.Имам поминато низ таа процедура никогаш нема да заборавам иако беше физички безболно ама плодот престана да се развива и срцевата акција се изгуби а не прокрварев така да морав.На денешно време мислам сме доволно едуцирани за забременување и контрацепција така што моѓиме да се заштитиме од несакана бременост.А абортусот не ни може да биди средство за контрацепција пошто КОНТРАЦЕПЦИЈА е заштита од несакана бременост а АБОРТУС е прекин на бременоста.
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
Воскресија


Број на мислења : 70
Female

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус EmptyВто Јан 11, 2011 7:35 pm

Најжалната тема за дискусија, барем според мене. Ќе бидам многу долга со своето мислење, но се надевам дека некој ќе извлече некаква корисна поука од ова.
Стојам на ставот, НЕ. Може сум малку строга и навредлива за некои кои имаат спротивно мислење на оваа тема, ама тоа е. Не го оправдувам абортусот. Вистината е таа, дека секоја жена може да одлучи, но сепак бидејќи е во нејзината утроба за другото не. Тоа е ЧОВЕК кој ќе биде убиен од својата сопствена мајка која му дала живот. Сакам да кажам, дали некој размислил какво е чувството на тоа дете кое го започнало животот? Какви се неговите неми крици да остане да живее, бидејќи има право на тоа, бидејќи има живот како и сите други? Нажалост на таа тема ниој не размислува. Простете, но нашите денешни современи мајки повеќе сакаат да живеет во луксуз и различни задоволства, отколку да родат дете. Сакаат да шетаат, да се дотеруваат, да излегуваат во локали со своите другари и другарки, сакаат да пушат цигари, сакаат да пијат некои скапи пијалоци... Никоја мајка, жена не размислила дека со тие пари кои месечно ги употребува за најразлични удобства и хирови, со тие пари можат да гледаат и раснат едно, па и две деца. Тоа е најважната и според некои жени најодлучувачка одлука за тоа зошто не раѓаат уште едно или повеќе деца. Нивниот одговор е дека и доколку ги родат тие нема од што да живеат, како ќе се хранат... Во тие моменти се заборва на најважното дека Господ никогаш нема да ги остава, но сепак денес колку се тие кои веруваат на овие зборови. Доколку се работи за малолетни девојки, тогаш работите стојат многу поинаку. Многу викаат што ќе му пружи таа девојка на тоа бебе? Каков живот ќе живее? Одговорот е во тоа што таа девојка требало прво да размисли, пред да започне да живее таков живот (да има односи), ако не е спремна да се соочи со таа работа подобро нека и не почнува. Знам дека тоа денес е доста модерна и современа работа помеѓу младите, но треба да се почне од некаде за да се разјаснат многу работи. Знам дека сум многу строга, ама тоа е вистината. Најважното нешто кое е на прво место за оваа одлука кај младите девојки е срамот дека останала бремена. Постојат многу начини да се избегне абортусот и во тие случаеви. Кога веќе Господ дарувал живот тоа значи дека имало некоја цел за тоа дете да се роди. Што ако тоа дете кога ќе пораснело, а сега веќе е убиено од својата мајка, требало да биде нејзината утеха во животот. Што ако тоа требало да биде најдобриот човек, требало да биде да речеме председател, да биде богат човек кој еден ден ќе и помогне на мајката, таткото за да можат да живеат... Нажалост тој живот ќе биде мртов за некое време, со самата одлука. Денес се случува тоа што мајката најмува, плаќа да и се убие сопственото дете. Постојат и т.н. оправдани абортуси кога бебето има одредени аномалии. Дали е грев? Да. Тоа што треба да се случи, ќе се случи дали порано или подоцна. Лекарите навистина кажуваат дека му се случува нешто на бебето, но сепак никогаш не се потполно сигурни. Работава излегува вака. Ако детето се разболи си скрши рака, нога мајката треба да го однесе на лекар и наместо да бара од лекарот да му помогне на детето, да побара да го убие. Едноставно за него нема лек. Нажалост тоа се случува денес, во ова време.
Да ја разгледаме малку работата од религиска гледна точка. Абортусот е убиство, мајката, таткото, лекарот се убијците. Сите тие еден ден ќе одговараат за душата на тоа дете. Еве ви неколку примери за тоа што се случува.
Прв пример:Една жена додека била млада и пред се мажена, тајно ги убивала децата и ги закопувала во дворот (абортирала). По многу години толку многу се разболела што била неподвижна и парализирана. Но нејзината болест не било само тоа, туку и влегол нечист дух во нејзиното тело што таа почнала да вие како волк, лае како куче, и да прави други животински крикови. Важно ја сфатила својата вина се покајала и исповедала кај свештеник. По неколку денови мирно починала.
Втор пример: Една жена била на исповед кај еден светител (Св. Николај Велимирович) и му рекла дека секогаш на сон, а сега и на јаве започнува да гледа мали деца (5) кои постојано ја мачат, ја тепаат (бидејќи имала и модрици по телото). Тогаш и рекол: Е жено тоа ти се твоите 5 деца кои си ги абортирала додека си била млада (а тој незнаел која е жената, каде живее, па камоли да знае дека абортирала). Тогаш ја посоветувал да се исповеда и откако го послушала и предсе се покајала за својот грев и поминало се и не и се повторило.
Трет и најстрашен пример: Пред некое време се случил и овој случај. Починала жената и таман да ја носат да ја закопаат во дворот од нивната куќа се појавиле две црни змии, но веднаш исчезнале.Подоцна кога и го ставиле телото во гробот се појавиле повторно змиите и и се обвиткале на телото. Сите се обидувале да ги тргнат , но не можеле и така ја закопале. Веднаш кога се вратил мажот дома започнал да слуша многу тешки крици, викања со гласот на жената, едноставно нејзиниот дух бил дома и правел такви неубави работи, како кршење и др. Тогаш кажал и самиот тој дека цело време ја молел додека била жива да се исповеда за гревот (бидејќи абортирала) и да се покае, но таа не сакала да слушне. Кратко појаснување: Змиите се самиот ѓавол кој не чекал ни да влезе нејзиното тело во земјата, сметајќи ја за своја работа. Случајот се случувал пред неколку години во Србија.

Не сакам да бидам многу неубаво разбрана, но размислете дали сте спремни да поминете низ некои од овие примери (што на никој не би му ги посакала). Размислете, пред да ставите крај на еден живот. Без навреда не сакам никој да навредам, ова е моето гледиште на оваа тема.
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 44
Место : Скопје

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус EmptyВто Јан 11, 2011 8:25 pm

Секој има право да свое мислење,и тоа на сите ни е јасно.

Да не цитирам сакам да кажам дека во некои ставови се согласувам со Воскресија.
Иако се некои ќе кажам добар пост

Темава е долга и широка.
Генерално(ако може така да се каже) сум За абортус.

Да не заборавиме дека и покрај што е до нас што се зачнало дете сепак е право на избор.
Секојдневно слушаме за право на исбор,не дискриминација,човекови права...итн итн

Младите се самите одговорни кога ќе почнат со сексуални односи.Затоа пак сум за информираност и разговор со децата.Но реално и морално е тешко да се роди и гледа дете до 18г.Знаеме за грешки во кои се одлучуваат за брак,во спротивно е срамота, а тој нема да опстои и мнгу често завршува со развод.Во тие години ни се раѓа ни се абортира.Навистина незнам што е медицински поисправно.Но доколку е околу 15години сум за абортус.
Се над 18години ми е неприфатливо од причина што се возрасни и сами можат да си планираат кога да се случи бременост.Иако неможе буквално да се планира,но може да се внимава.
Точно е дека некогаш се претерува па се дават пари за скапоцености,коли,патувања, ресторани(секако тие што имаат),а со тиа пари може да се подигне 2ро или 3то дете.
Разбирам дека и на детето се сака се да му се пружи,удобност,приватен факултет, добра облека,шетање......но се тоа треба да има граница.Треба да се ужива во животот но не по цена на дете.Но и ова е право на избор доколку не се сака повеќе деца(3,4деца).Доколку навистина се има услови сум ПРОТИВ.
Во ред е и дека тоа е благослов,но во тешка сиромаштија мене би ми било грев да неможам да го наранам детето,облечам и шклоувам.Неможам да ги разберам тие луѓе,може не се информирани или немаат можност за контрацепција,но тоа не е оправдување.Во овој случај сум ЗА.
Од верска гледна точка јасно ми е дека тоа е грев.Но новите времиња се тешки и мора до некаде да се усогласи верата и модерното.
За крај ќе кажам секој со свој памет,зошто враќање нема.
Вратете се на почетокот Go down
tuna
Баниран
Баниран



Број на мислења : 4
Место : Вистинската жена НЕ изневерува маж!

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус EmptyПет Фед 11, 2011 9:09 pm

Абортусит е геноцид и убиство, не гледам никаква разлика меѓу убиено дете и убиено неродено бебе. За таквите злосторнички ке следи казна од небото кога тогаш!!!
зирнете тука www.abortionno.org па кажете дали ке абортирате ? Во македонија повеке се абортира одколку што се раѓа, ова е ужасна бројка од монструозни убијци!
Вратете се на почетокот Go down
http://en.wikipedia.org/wiki/Men%27s_rights
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус EmptyПет Фед 11, 2011 10:48 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Sponsored content





Абортус Empty
ПишувањеПредмет: Re: Абортус   Абортус Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Абортус
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Спонтан абортус

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Мајчинство :: Неплодност, забременување и планирање-
Отиди до: