Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Пецива и теста

Go down 
4 posters
АвторПорака
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Пецива и теста Empty
ПишувањеПредмет: Пецива и теста   Пецива и теста EmptyНед Јан 09, 2011 3:28 pm

Кифли

1 кг. брашно
500 мл. млеко
250 г. зејтин
1 квасец
3 лажички шеќер
1 лажичка сол

Погача

1 кг. брашно
2 јајца
2 пецива
500 мл. јогурт
шеќер
сол
зејтин
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
Воскресија


Број на мислења : 70
Female

Пецива и теста Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пецива и теста EmptyНед Јан 09, 2011 9:37 pm

Кроасани


Потребно: 1,5 кг. меко брашно, 1 филџан масло, 1 коцка квасец, 500 мл. кисело млеко, 5 јајца, 4 лажички сол, 3 лажички шеќер, 1 лажичка панко (адитив за тесто). Фил: сирење, изварка, салама... по вкус, 250 гр. маргарин Кристал, јајце, сусам.
Подготовка: Квасецот се става во малку вода колку да го залие и се остава да се стопи, но не и да започне да кисне. Се меси тестото и се остава да кисне, ако е потребно може да се додаде малку вода или млеко. Откако ќе стигне тестото се дели на 8 парчиња. Секое парче се расукува со оклагија и се премачкува со маргарин (маргаринот се дели на 8 коцки). Се сече на неколку места и се преклопува за да се добијат слоеви како лиснатото. Потоа се става во ладилник да постои околу 15-20 минути. Постапката се повторува со сите 8 парчиња. На крај секое парче се расукува се дели на 8 парчиња и на секое парче се става од сирењето (изварка,салама...) и се заролува. Се редат во намрсен плех, се премачкуваат со жолчка од јајце и сусам и се печат. Пред да се стават да се печат не треба да ги оставате на собна температура, за да не се пуштаат туку веднаш се стават да се печат откако ќе се направат.

Овие ни се најубави и секогаш ги правам за секоја пригода, празници, имендени... Малку се поделикатни и бараат многу време, ама резултатот на крај го оправдува изгубеното време.
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член
Biba


Број на мислења : 77
Female

Пецива и теста Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пецива и теста EmptyПон Јан 10, 2011 3:04 am

Пирошки
150гр компир пире, 2жолчки, 150мл млеко,1искиснат квасец, 1лаж вегета зачин,400-450гр брашно и 50 гр маргарин
Тестото треба да кисне во подмачкан сад а потоа со тапкање се прави кора со дебелина од 1 цм и од неа се сечат ленти.Се филуваат по желба(фил од сирење,фил од месо)и се остава повторно да искиснат.Се пржат во врело масло
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Пецива и теста Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пецива и теста EmptyПон Јан 10, 2011 5:41 pm

Проја

3 јајца
2 филџани кисела вода
2 филџани зејтин
3 филџани бело брашно
4 филџани пченично брашно
1 пециво
200 г. сирење (гмечено со вилушка)

Јајцата се матат. Се додава киселата вода и пак се мати. Се додаваат зејтинот, белото брашно, пченичното брашно, пецивото и сирењето. Се меша со лажица и се пече во правоаголно тавче.

Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член
Biba


Број на мислења : 77
Female

Пецива и теста Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пецива и теста EmptyПон Јан 10, 2011 8:14 pm

Тесто за пица

2големи шољи со брашно
1голема шоља со јогурт
Филџан масло
1пециво
малку сол
Тестото е меко и не треба да се сука само во намрсено плехче се развлекува тенка кора со помоч на тапкање.Се филува по желба(кечап, кашкавал....). Се препорачува филот да се заврши со 2 разматени јајца з ада се зацврсне.се поросува сусам и се пече 15мин на 250 степени
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Пецива и теста Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пецива и теста EmptyВто Јан 11, 2011 12:32 am

Мекици

1кг брашно
370г млако млеко
300г млака вода
1 квасец
3 јајца
1 капаче ракија ( да не упиваат мрснотија)
1ф мал зејтин
1голема лаж сол

2-3 пати стасува и се пржат на врел зејтин. Пријатен апетит!
Пецива и теста %3Ca%20href=Пецива и теста 9edp1eerpa5iedahse" border="0" />
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Пецива и теста Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пецива и теста Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Пецива и теста
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Рецепти-
Отиди до: