BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Бебешки муабети Нед Јан 09, 2011 12:52 pm | |
| Оваа тема е наменета за дечиња од 0-1 година. Слободно можете да се допрашувате преку темата, дали јадат, што да им давате јадење......
Ние имавме голем проблем со исхраната, незнаев што поточно да и вметнувам во исхраната. Но постепено распрашувајќи се и вметнував одредени намирници за да видам дали поинаку ке ми реагира. | |
|
*Ane* Нов член
Број на мислења : 67 Возраст : 40 Место : Skopje
| Предмет: Re: Бебешки муабети Пет Јан 14, 2011 7:31 pm | |
| Девојки,почнав веќе да му давам на малото сокчиња,да почнеме да ги учиме вкусовите.Три дена пиевме од јаболче и супер ни беше и се слади па и шишенце фати .Денес реков дај да пробам со морковче,изрендав пола морков го исцедив преку газа и излегоа две кафени лажички сокче,и го дадов и тоа.Золва ми ми рече да не и давам премногу морков доволно било и малку,за да не ми се исфрла.Е сега,дали да продолжам уште два дена така по малку да и давам морковче,и кои се овошја и зеленчук на почеток сега да и ги давам,па после ке видам со педијатарот што и како. | |
|
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Бебешки муабети Пет Јан 14, 2011 8:17 pm | |
| Браво Ане, супер што сте фатиле шишенце. Морковот ти е супер за почеток,но не претерувај со него - и тој си има негативно својство ако се претера. Пробај сега да рендаш морков со јаболка наизменично и сокчето давај и го малку по малку за да прифати, но разреди го со вода, немој чисто. Можеш и ананас малку по малку да и даваш во комбинација со мроковче или јаболко; компот од праска, слива - испасирај и процеди преку цедалка и раствори со водичка малце за да не и биде многу благичко и густо. Поздравче!!! | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Бебешки муабети | |
| |
|