Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 44 Место : Скопје
| Предмет: Заеднички живот пред брак Вто Јан 04, 2011 1:40 am | |
| Дали имате искуство со живеење заедно со партнерот пред брак?Едноставно сметате ли дека тоа е исправно ,секако доколку се има можност,или сте за традиционално да си остане секој дома до склучувањето на брак? | |
|
Chocolate Модератор
Број на мислења : 305 Возраст : 37 Место : Скопје
| Предмет: Re: Заеднички живот пред брак Нед Јан 09, 2011 1:57 am | |
| Заедничкото живеење пред брак е добра работа. Тоа е период кога партнерите си ги утврдуваат меѓусебните навики. Така можат да утврдат дали треба да стапат во брак или не. Јас и дечко ми планираме од март да живееме заедно. | |
|
cakegirl Модератор
Број на мислења : 111
| Предмет: Re: Заеднички живот пред брак Нед Јан 09, 2011 9:33 am | |
| Јас и мм не сме венчани ама живееме заедно веке една година и купивме кука заедно.Мислам дека е добро.Си се сакаме си веруваме и сакаме да си останеме заедно.Ме запроси пред скоро една година,ама за свадба нема да правиме за уште 1-2 години сигурно заради финансиски причини.Поважно ни беше да купиме куќа па потоа да правиме свадба | |
|
Sara Активен член
Број на мислења : 192 Возраст : 42
| Предмет: Re: Заеднички живот пред брак Нед Јан 09, 2011 2:42 pm | |
| Ние живеевме заедно точно 1 год пред свадбата, од веридбата т.е. од денот кога ме побара кај моите ме земаа и заедно живееме, во меѓувреме се регистриравме во матично. Инаку живеењето пред брак е навистина добра работа бидејќи тој почеток колку е розов толку и може да биде напорен, додека ги сконтате заедничните навики, мани и предности. | |
|
mama Mace Активен член
Број на мислења : 187
| Предмет: Re: Заеднички живот пред брак Пон Јан 10, 2011 2:23 pm | |
| јас и мм не сме живееле заедно, иако мноооогу време поминувавме заедно во денот. добро би било доколку постои можност пред брак да живеат извесно време заедно полесно ќе си ги прифатат навиките. е сега кај нас малку на тие работи се гледа од призмата на што ќе речат комшиите и луѓето, зошто не се верите или земете па потоа живејте заедно ко тоа да е гаранција дека тој заеднички живот ќе успее. | |
|
ivi Нов член
Број на мислења : 12 Возраст : 37 Место : skopje
| Предмет: Re: Заеднички живот пред брак Сре Јан 19, 2011 7:28 pm | |
| Ние и од кога ја направивме веридбата,јас си останав дома.Одам таму,останувам некогаш на спиење,ама сепак дома си се враќам,да си поседам уште малку Инаку,мислам дека тие што имаат можност да живеат заедно пред брак е убаво,ако се сакаат и знаат дека ќе бидат цел живот заедно,нема пречка за такво нешто Ние сме долго време заедно,ама ќе живееме заедно после свадбата,меѓутоа доволно се познаваме,си ги знаеме доблестите,мааните и недостатоците,имаме доверба еден во друг и знам дека ќе ни биде супер кога ќе почнеме заедно да живееме. | |
|
Mimi22 Најактивен член
Број на мислења : 236 Возраст : 40 Место : скопје
| Предмет: Re: Заеднички живот пред брак Пон Јан 24, 2011 3:42 pm | |
| Spored mene nema nisto loso od ziveenje zaedno pred brak zatoa sto taka najdobro se sogleduva dali ke uspee toj brak podocna.Go gledam toa kako nekoj si test period sto mislam deka e podobro nevencani eden period da ziveat otkolku posle edna godina da se razvedat poradi nesoglasuvanje apsurdno mi e toa.Jas i mm od veridbata do svabata ziveevme zaedno skoro edna godina bese i bevme sigurni deka sakame da se zememe i znaev deka ako videv vo toj period deka ne odi zaednickiot zivot kako sto treba nemase da se zememe | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Заеднички живот пред брак | |
| |
|