Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Правилник на форумот

Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Правилник на форумот Empty
ПишувањеПредмет: Правилник на форумот   Правилник на форумот EmptyНед Јан 02, 2011 7:51 pm

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ !!!

1. Учеството на форумот е слободно и бесплатно.

2. На форумот може да учествува секој кој го знае официјалниот јазик кој се користи на овој форум - македонскиот јазик.

3. Освен македонски, на форумот може рамноправно да се користи било кој дијалект или наречје од просторите на бивша ЈУ, а кој го разбираат поголем дел од корисниците на форумот.
Пожелно е да ги пишувате пораките на кирилица!

4. Пишувањето пораки, односно учество на форумот можно е само за регистрираните корисници. Содржината на пораката од секој член е личен став на авторот на истата.
Администраторите и модераторите на форумот не даваат никакви гаранции за точноста, вистинитоста, законитоста, полноважноста, квалитетот, постојаноста, комплексноста и актуелноста на пораките на форумот. Но да ви напоменеме дека, форумот е јавен и дека ако има нешто кое не би сакале било кој да го знае не го пишувајте.

5. Пред да поставите нова тема проверете го форумот со помош на опцијата Барај за да проверите дали темата веќе постои. Трудете се насловите на темите да се што поописни. Избегнувајте наслови од типот Помош/ Прашање/Предлог и слично,напишете го насловот што е можно поедноставно и појасно-за да може од него да се добие јасен приказ за темата.

6 . Немојте да пишувате пораки од типот Да/Не/Можеби/Не е//Така е/Не е така/ Јас исто/Се согласувам. Овие одговори се некорисни. Секој свој одговор образложете го со свој став или искуство, поврзани за темата. Избегнувајте да праќате пораки кои содржат само смешковци.

7 . Немојте да пишувате текст ИСКЛУЧИВО СО ГОЛЕМИ БУКВИ или да ја нагласувате целата порака на било кој начин (болдирано, италик, потцртано), бидејќи тоа на форумите се смета за викање. Ако сакате да нагласите дел од текстот,тогаш користете ги опциите болд, италик, потцртано, друга боја на текстот...
Прочитајте и проверете ја пораката пред да ја пратите (кликнете на Preview, бидејќи опцијата за уредување и измени откако ќе се испрати пораката, не е дозволена. Ако се случи да испратите порака со грешка за промена ќе треба да се обратите кај администраторот или модераторите.

8 . Немојте непотребно да цитирате цели пораки. Цитирајте ги деловите од пораките на кои се однесува вашиот одговор. Ако пораката на која одговарате е веднаш над вашата, нема никаква потреба да се цитира.

9. Копирањето текстови од други сајтови е во ред, но само ако е потребно дополнително да се илустрира текстот кој го пишувате во пораката. Не е пожелно да се поставуваат пораки кои се само копија од некој текст.
Администраторите на форумот не ги штитат авторските права на било кој начин. Ова се однесува на текстови од корисниците и на преземените пораки. Сепак морална обврска на корисникот е кога пренесува нечиј текст да го наведе авторот.

10. Забрането е:
- Да се користат провокативни прекари (nick),аватари и потписи (signatures)
- Да се напаѓаат или навредуваат корисниците на форумот по национална, верска, географска, расна или некоја друга основа.
- Да се истакнуваат национална, верска, географска или расна припадност, материјална состојба и слично, како својата така и на другите корисници.
- Забранети се секакви дискусии за политика.
- Да се поставуваат пораки кои содржат лични податоци од друг корисник на форумот или било која друга личност.
- Да се поставуваат приватни пораки на форумот јавно, без дозвола на авторот на тие пораки.
- Да се поставуваат пораки со кои се кршат нечии законски, патентни, авторски или други права.
- Било каква злоупотреба на форумот или членовите.
- Пријавување и учество на форумот само поради промоција на ваш сајт или бизнис. Сите вакви пораки ќе бидат избришани, а членовите банирани.
- Испраќање на приватни пораки на членовите за реклама на други сајтови и форуми. Членовите кои ќе добијат вакви пораки треба да им се обратат на администраторот или модераторите на форумот .
- Забрането е анкетирање на членовите за потребите на вашите истражувања или бизнисот со кој се занимавате.
- Давање на своето корисничко име и шифра на користење на некој друг. Секој може да се регистрира и учествува на форумот.
- Вулгарно изразување.

11. Администраторите и модераторите имаат ексклузивно право да го уредуваат форумот според сопствените убедувања, слободна процена, секако доколку дојде до бришење на вашиот пост/тема ќе бидете известени по ПП,со кратко образложение.

12. Ако некој корисник се однесува во спротивно со правилникот и упорно ги повторува истите грешки по неколку предупредувања ќе биде баниран, односно ќе му биде забранет пристапот на форумот.


13. Сите членови и модератори на форумот мораат да се придржуваат на овој правилник, онаков каков е во моментот. Тие можат да предложат промени и дополнувања на правилникот. Администраторите на форумот решаваат за прифаќање или не на тие предлози. Секој прифатен предлог се објавува јавно со соопштение на форумот.

14. Администраторите на форумот имаат право во исклучителни случаи да отстапат од овој правилник, но само ако тоа е во интерес на форумот и неговите членови.


15.Апсолутно е забрането пишување за приватноста и податоците на друг член од форумот како и нарушување на неговиот идентитет. Во ова спаѓа: обраќање кон челенот со име - а членот е потпишан под симболичен ник (пример: се вика Сања,а е потпишана како Girl). Поставување на негови лични податоци и слики на форумот без негова дозвола.


16. Забрането е поставување линкови кон други форуми...за ова автоматски следува банирање
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Правилник на форумот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Новости на форумот
» Проблеми со функционирањето на форумот
» Предлози за подобро функционирање на форумот

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Вовед :: Правилник на форумот-
Отиди до: