Апел за помош на малата БинасНеколку граѓани веќе донираа средства за операција во Истанбул на 15 месечната Бинас Таироска,која е слепа од предвременото раѓање и инкубаторот.Таа ја немаше среќата да биде опериран како нејзиниот брат близнак Тахир и да го види сонцето. Со хуманитарна кампања која ја отвори Зенит и со заедничка благородна поддршка и таа има шанса да прогледа и да се радува на детството.Треба да се соберат 2 илјади евра од потребните 10 илјади, од кои остатокот ќе го плати државата.Отворивме посебна сметка за да испратиме Бинас со родителите на операција да прогледа.
Сметката за донации е – 200002275965312 во Стопанска банка-Скопје.Ќе ја контролираат читателите со тоа што секој петок ќе ги објавуваме пристигнатите средства.Кога ќе се соберат 120 илјади денари , средствата ќе се насочени во Фондот за здравство, од каде комплетната сума ќе се плати за интервенција на Бинас во Истанбул.
Ги повикуваме сите хумани луѓе, заеднички да ги собериме потребни средства и да го избадиме невинотото дете од темнина, за да му се придружи на својот брат – во детската игра со кукли и играчки.
Извор