Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Одвикнување од пелени

Go down 
3 posters
АвторПорака
Mimi22
Најактивен член
Најактивен член
Mimi22


Број на мислења : 236
Female Возраст : 39
Место : скопје

Одвикнување од пелени Empty
ПишувањеПредмет: Одвикнување од пелени   Одвикнување од пелени EmptyСаб Јан 22, 2011 4:06 am

Ајде мамички да споделиме искуства како најлесно да ги одвикнеме нашите малечки од пелените.Ние почнавме летоска пред да наполни две години ама неќеше никако да седне на нокшир.несакав да го форсирам после еден месец пробав пак го оставав по гаќички ама најчесто се мочкаше во нив и тогаш безуспешно.После две недели проба пак купив адаптер за на шоља и беше воодушевен.Почнавме така само за навечер стававме пелени и не фати есента.Сега сме со пелени само за спиење ми е страв навечер да го оставам без пелена најчесто е сува ама ладно е и подобро додека да запролети да му ставам навечер а после ке ја извадиме.Потребно е многу трпение и никако на сила
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace


Број на мислења : 187

Одвикнување од пелени Empty
ПишувањеПредмет: Re: Одвикнување од пелени   Одвикнување од пелени EmptyСаб Јан 22, 2011 1:49 pm

леле колку читав колку се плашев и на крај пресеков од 29 јули ќе почнеме со одвикнување на пелени и така и бидна. мм се бунеше бидејќи требаше сам со неа една недела да биде, мене одморот подоцна ми почна ама реков враќање нема.и искрено убаво поминавме првиот ден само 3 пати ми се измочка и тоа онака зачудена што и се случува. ама цело време само со убаво и и кажував дека ништо лошо не направила. јас само зборам ли зборам. да напоменам дека одиме во градинка и од 1 година и 2 месеци почнаа да ја седнуваат на нокшир и моравме ист таков нокшир да купиме бидејќи не го сакаше тој дома што го имавме.така да ние со нокширот долго другарувавме и какањето ни беше исклучиво во нокшир. потоа почнавме наутро и навечер, после и пред спиење да мочкаме во нокшир па одвикнувањето од пелени некако природно ни дојде. за спиење преку ден и ставав пелена се дур не тргна во градинка, тоа беше еден месец откако ги оставивме пелените, и таму ми вика воспитачката па ние не и ставаме пелена за спиење. си викам ако они не и ставаат, а не им се измочува значи и дома може така да помине. пелена по гости или во игротека или пак ако излегуваме негде не носиме од 2 недели откако почнавме да се одвикнуваме тогаш баш бевме на одмор и топло беше и грев ми беше да и ставам пелена. си носев со мене резервна облека за секој случај ама до сега дали 2-3 пати и се случило да мочне. никогаш не сум ја карала ако се измочка во гакички баш од таа причина што мислам дека може да има спротивен ефект, на крај краева машина пере, не сакам страв да и биде ако се измочка.сега за сега сме само со вечерна пелена баш затоа што е ладно и зал ми е да не се измочка и да не настине иако се буди и кажува за мочкање ама па и се случува и да е полна пелената. и јас за навечер ќе почекам потопло време.
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Одвикнување од пелени Empty
ПишувањеПредмет: Re: Одвикнување од пелени   Одвикнување од пелени EmptyСаб Јан 22, 2011 3:57 pm

Одвикнувањето на пелените некако потешко ни оди, она си има сигурност кога има пелена на неа. ОД летоска почнавме со одвикнување на пелени, таман јас и ги извадив пелените за нелеа одма во болница и пак таму со пелени. Повторно и ги вадам пелените овторно за недела дена во болница и се така помина цело лето но еве веќе не носиме пелени преку ден, ретко ептен кога треба да пазарувам а да нема таму тоалет тогаш и ставам за заљштита да не ми се измочка оти е надвор ладно. За спиење преку ден не ставаме пелени веке 2-3 месеци, но за ноке ставаме, кога ке стане од спиење памперсот и е полн, многу течности ми пие навечер никако да ја одвикна, обавезно за легнуваање чаша млеко од големите или сок. јас не ја форсирав со мочкањето толку многу, ниедно дете не тргнало во школо со пелени. Кога тогаш сите ке се одвикнат, некое дете порано некое покасно зависи од детето и адаптирањето кон мочкање на шоља или нокшир. Ние мочкаме на шоља, сама си седнува да мочка, си станува се брише.На нокшир кога се седне се заборава, тогаш и е интерсно и се занимава со се само да не стане!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Одвикнување од пелени Empty
ПишувањеПредмет: Re: Одвикнување од пелени   Одвикнување од пелени Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Одвикнување од пелени
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Еднократни пелени

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Деца :: Деца од 1-3 години-
Отиди до: