LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Кодот на Да Винчи Чет Јан 20, 2011 10:50 am | |
| Кодот на Да Винчи претставува експлозивна комбинација на расен трилер, есеј за историјата на уметноста и религискиот симболизам – мистериозни убиства, фасцинантни езотерии, што настанале во текот на историјата на Западот, природата на насмевката на Мона Лиза, тајните на Светиот грал... Ден Браун, како негово четврто дело, го објавува Кодот на Да Винчи во 2003 година и само за една недела од издавањето книгата успева да се искачи на првото место на листата на бестселери на весникот New York Times. Накратко, прочитајте ја содржината на книгата: Во текот на својата службена посета на Париз, харвардскиот стручњак за симбологија Роберт Ленгтон дознава дека во Лувр бил убиен стариот кустос, а до неговиот труп бил најден еден загадочен код. Обидувајќи се да ја решат бизарната загатка, Ленгтон и француската специјалистка за криптологија Софи Неве, постепено сфаќаат дека трагите за решението се скриени во делата на Леонардо Да Винчи. Сè ќе се искомплицира дополнително кога Ленгтон ќе ја открие вчудовидувачката алка: покојниот кустос бил поврзан со Сионскиот приориум, вистинско тајно друштво чии членови биле Сер Исак Њутн, Ботичели, Виктор Иго, Леонардо да Винчи и многу други. Ленгтон се сомнева дека се наоѓаат во лов на историска тајна и, ако не успеат да ја дешифрираат загатката, тајната на Сионскиот приориум и древната вистина ќе бидат загубени засекогаш. Па, доколку горепрочитаното ви изгледа интересно, ние ви препорачуваме да ја прочитате. Уживајте! Извор | |
|
mama Mace Активен член
Број на мислења : 187
| Предмет: Re: Кодот на Да Винчи Чет Јан 20, 2011 12:32 pm | |
| јас ја имам прочитано и доста интересна книга меѓутоа таа само потикнува на повеќе размислување и барање на споменатите факти и книги во неа од каде ги црпи информациите. сите негови досегашни книги ги имам прочитано и едноставно не можеш да ја оставиш книгата додека не ја прочиташ. | |
|
Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 43 Место : Скопје
| Предмет: Re: Кодот на Да Винчи Чет Јан 20, 2011 12:54 pm | |
| Кодот на Да Винчи од Ден Браун можете да ја купите во книжарницата Три на 1 кат во ГТЦ по ценаод неверојатни 200 ден. Ова на кратко како информација инаку неговите книги ми се многу интересни. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Кодот на Да Винчи | |
| |
|