Дали на вашите мали-најмили им имате отворено детска книшка за детско штедење? Мене многу ми се свиѓа една постапка на јатрва ми, на ќеркичката и на синчето им отвори детско книшка- и на двајцата посебно. Кога малата за повојница добиваше пари,за роденден,за крштевка, по било кој повод, она веднаш и ги ставаше на книшка, истото сега го прави и за синчето.И вели дека се додека може да им ги зима парите до кај 9-10 години, можеби помалце повеќе, зависи до кога не почнат чисто да разбираат и да почнат да не ги даваат парите, решена е дотогаш да им ги собира, и на 18ти роденден да им каже дека имале книшка со пари, а до тогаш они да не знаат дека имале книшка. Мислам дека е тоа прекрасна идеа, и се надевам и сакам утре и јас истото да го направам за моите деца.