Желба на секоја девојка, но и чест проблем на секоја девојка...
Како до рамен стомак?Намалувањето и зацврстувањето на стомакот е можеби најнапорната физичка активност: стомачните вежби се ефикасни, но многу напорни и не секогаш доволни. Затоа, обидете се да внесете неколку едноставни измени во начинот на живеење...
Намалувањето и зацврстувањето на стомакот е можеби најнапорната физичка активност, а резултатите не се секогаш онакви какви што посакувате. Освен вежбањето, овде ви препорачуваме и уште неколку други начини со чија комбинација можете повторно да изгледате добро во панталони или на плажа:
Стомачни вежби: напорно, но ефикасно
Стручњаците за фитнес велат дека повеќето луѓе имаат цврсти стомачни мускули, но тие главно не се видливи поради дебелината!!! Значи, за да бидат видливи, телото треба да е што повито. За да го намалите масното ткиво околу стомакот, треба да комбинирате аеробни активности (трчање, пливање, возење велосипед) со вежби за зајакнување (тегови, склекови, стомачни вежби). Аеробните вежби го забрзуваат метаболизмот и тој ефект трае 1 час, а вежбите за зајакнување даваат ефект кој трае 48 часа. Покрај ова, невозможно е да се намали телесната маса само на еден дел од телото, а тоа значи дека програмата за вежби е корисна за цел организам.
Пилатесот е забавен и корисен
Пилатес вежбите се одлични за правилно држење на телото кое овозможува израмнување на стомакот. Ако поголем дел од денот седите, со свиткан грб, вашите стомачни мускули со текот на времето ќе ослабат, а стомакот ќе биде истакнат. Пилатес вежбите се осмислени да ги активираат „мускулите на јадрото“ (од карлицата до рамената), да му дадат потпора на ’рбетот, да го израмнат стомакот и да го исправат држењето на телото. Затоа, и кога пешаќите, обидете се да го вовлечете стомакот. Доволно е да постапите така само 1 ден, па да ги почувствувате ефектите.
Поинаква исхрана
И нутриционистите и стручњаците за фитнес ја истакнуваат користа од пиењето на 8 чаши вода на ден (вкупно 2 л). Покрај тоа, се советува и исхрана од растителни влакна, но без вода, овој процес не би бил ефикасен. Вода ја подига содржината во дебелото црево, а тоа обезбедува редовна дефекација и ја спречува надуеноста. Најлесен начин за внесување на растителни влакна во организмот е консумирање на овесна каша или корнфлекс житарки за појадок.
Освен тоа, одбегнувајте месо во исхраната. Месото тешко се вари, па може да се задржи во цревата и по неколку дена. Консумирајте растителни протеини како што се грав, леќа или печурки.
За намалување на надуеноста се препорачува чај од сув магдонос и мала лажичка ким во прав. Тоа се прелива со врела вода, се покрива и, откако ќе отстои 10 минути, се испива на празен стомак.
Против надуеност се препорачува пробиотици во капсули очо редовна употреба на млечни пробиотички напитоци.
Одбегнувајте сол во исхраната: солта причинува задржува на течноста во организмот, што создава надуеност. Нутриционистите велат дека исхраната со овошје и зеленчук е идеална за рамен стомак бидејќи е богата со калиум кој овозможува ослободување од сол.
Не се препорачува исхрана со јаглехидрати (леб и тестенини) по 17 часот.
Пешачете колку можете повеќе...
Купете си педометар и бројте ги чекорите! Целта е секој ден да поминете 10.000 чекори. Звучи напорно, но не е – прошетките се најбезболен облик на рекреација, а и педометрите воопшто не се скапи. Освен тоа, стручњаците за фитнес советуваат да ги затегнувате мускулите додека одите.
ИзворДоколку имате вие ваков проблем, како се справувате со него?