| Висината како проблем - да или не? | |
|
|
Автор | Порака |
---|
LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 2:30 pm | |
| Колку сте разлика во висината со вашиот партнер? Дали тоа некогаш ви пречи? И што мислите зе големите висински разлики? Јас сум 171cm, а дечко ми 185cm тоа за мене не претставува никаков проблем, па не сум јас крива што толку пораснал. Хехеххе шала на страна, секогаш сум сакала постар и повисок дечко-и мило ми е што баш таков дечко и имам. Само едно би рекла, ако на машкото не му пречи да е девојка му ниска, тогаш зошто мене би ми пречело зошто сум пониска од него. Инаку единствено нешто што не ми личи баш баш е ФРАНЦУСКИ ПАР - девојка повисока од дечко.Но ако на нив така им е убаво - моето мислење не е ни важно. | |
|
| |
Chocolate Модератор
Број на мислења : 305 Возраст : 36 Место : Скопје
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 2:34 pm | |
| Дечко ми е повисок од мене прилично многу - 25см. Тоа не ни претставува никаков проблем. Висината воопшто не важна во една врска. Поважни се други работи. | |
|
| |
mama Mace Активен член
Број на мислења : 187
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 3:39 pm | |
| јас немам предрасуди за висината и не ми сметало ако дечко ми или некој понизок ми се пушта. јас и мм сме разлика некои 10 см, 180 со 190 отприлика, ама многу смешна беше другарка ми која како тебе чоколатце беше 25 см разлика со дечко и. ама она кога реши ќе купува високи штикли и успеа и најде 13см штикла ден денес си се смееме уз кафе. ама па искрено не изгледаа распар баш беа слатки. и љубовта нема граници високи или ниски што е битно важно да се сакаме | |
|
| |
The-J-Girl Нов член
Број на мислења : 22 Возраст : 33
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 3:44 pm | |
| Јас со дечко ми сме ептен исти во висина, јас сум 180цм, а тој максимум 182-183 цм. Криво ми е што не е мааалку повисок, па да можам да ги носам моите омилени сандали и чизми на повисока штикла, но ете, ке се задоволам и со ептен рамнички,бидејќи глупо ми е да се искачам на штикли и да бидам повисока. Што да правам, така ми било пишано | |
|
| |
mama Mace Активен член
Број на мислења : 187
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 3:47 pm | |
| ај ти пробај еднаш со штикли да видиш како ќе се навлечеш на нив, а на дечко ти може ќе се буни првиот пат потоа ќе навикне | |
|
| |
The-J-Girl Нов член
Број на мислења : 22 Возраст : 33
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 3:59 pm | |
| Па јас носев, навлечена сум одамна, ги обожавам!! Имаме индиректно говорено на оваа тема, дали да носам повисоко или не, и од сето тоа заклучив дека не му е по ќеф. Кога излегувам со другарки/колешки стандардно носам високо, а со него не доаѓа во обзир. Добро е што барем има некои минимални случаеви кога носам, па со тоа се задоволувам. | |
|
| |
Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 43 Место : Скопје
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 4:47 pm | |
| The-J-Girl кога носиш 6ка штикла разликата би била 3 см а тоа воопшто не би се приметило.Нема потреба да се лишиш од тоа задоволство,барем мене ми е задоволство да носам штикла па макар и 4ка. Инаку јас сум 167см, а мм 180см со штикли таман Инаку баш ми се слатки француските парови.Навистина тоа е најневажната причина за да бидеш со некого,нели? | |
|
| |
The-J-Girl Нов член
Број на мислења : 22 Возраст : 33
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 6:21 pm | |
| Па не е, али на запад, овде уште преовладуваат, претежно кај машките, убедувањата дека треба да се повисоки, дали за да се осеќаат мажествено, силно, заштитничко... Тоа го сведувам како некој машки комплекс. Кога гледаме на ТВ или Интернет, на црвените килими често има познати парови каде жената е повисока од мажот, качена на штикли и баш отмено изгледа, не изгледа којзнае колку лошо. Но овде тоа ретко се применува, балканци сме си и такви ке си останеме | |
|
| |
Biba Нов член
Број на мислења : 77
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? Пон Јан 10, 2011 6:27 pm | |
| Јас сум пониска од него и кога носам штикли тогаш изгледаме најубаво но тоа ретко се случува а и не ми пречи тоа да бидам малку повеќе пониска.Тоа е тоа.Јас сум спортски тип и неможам секојдневно да бидам во високи потпетици.Француски пар и мене не ми личи ама тоа воопшто не е важно и не треба да представува никаков проблем | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Висината како проблем - да или не? | |
| |
|
| |
| Висината како проблем - да или не? | |
|