Женски свет Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги... |
| | Ме побара за жена.... | |
| | Автор | Порака |
---|
LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Ме побара за жена.... Пон Јан 10, 2011 2:17 pm | |
| Секоја девојка сонува да биде побарана од својот сакан.Многу девојки не се замараат со тоа на каковначин ќе ја побара или пак колкав е прстенот, тие две работи барем според мене не се воопшто важни.Важен е чинот. Девојки како ве запросија вашите вереници/сопрузи? | |
| | | Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 43 Место : Скопје
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Пон Јан 10, 2011 2:28 pm | |
| Од секогаш сакав дечко ми да ме побара за жена па нека е и на наједноставен начин.Тој тоа го знаеше и навистина се потрудил. Среда,7 Октомври,2009година,после речиси 2 месечно исчекување дојде и тој ден.Веќе растеретена и помалку нервозна го дочекав денот. Дечко ми доаѓа кај мене и ајде да вечераме.Спремам вечера и случајно ѕиркам да видам што има на тв и во еден момент гледам го соблекува блузонот,кога на него маица на која пишува ,,Дали ќе се омажиш за мене,, клекнува и вади прстен во кутивче. Јас избезумена, татко ми не гледа се смее,и него не му се веруваше.Следуваше нешто ти си мојот живот,сакам да го поминам со тебе.Јас да да да.И ми вади од под маицата маица за мене на која и од напред и од позади пишува Да.Се расплакавме,игушкавме изљубивме. Прстенот го 1 месец дома,а 1 недела маицата и чекал да дојде среда,среќен ден. Никогаш нема да го заборавам тој ден Едно подпрашање за сите дали девојќи вие би го побарале за маж вашиот сакан и на кој начин? Секогаш викаме мажите да се инспиративни,ајде да видиме и ние колку сме | |
| | | Chocolate Модератор
Број на мислења : 305 Возраст : 36 Место : Скопје
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Пон Јан 10, 2011 2:32 pm | |
| Јас не би го побарала дечко ми за маж. Тој треба да го направи тоа. Синоќа муабетевме на мобилен и ми вика дека во март ке ме побарал за зена. Ми подготвувал изненадување. Сигурно ќе биде нешто романтично, бидејќи тој е романтичен. | |
| | | cakegirl Модератор
Број на мислења : 111
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Пон Јан 10, 2011 3:24 pm | |
| Леле чоколатце сигурно едвај чекаш :<3: Ние зборавме за тоа ама рековме ке почекаме да се средо мојот развод прво.Бевме по златари си одбрав прстен и рековме тој ке го чува па кога ке сака ке ме побара(а заедно живеевме веќе)И си легнавме вечерта вкревет и гледаме тв пред да заспиеме.И после полнок ми вели ти се спие?јас НЕ.Ај ми вели да се повозиме.И ме однесе во Кингс Парк.Пред тоа ме имаше прашано дали имам одено таму навечер и ми имаше кажувано колку е убаво.И кога стигнавме ме однесе на таа терасата и навистина прекрасна глетка.Се гледа целиот центар на градот и езерцето со реката.И прво почна да ми кажува колку не сака и колку му знашиме јас и син ми и ме праша дали ке се омажам за него,клекнат на колена и после цела минута му текна дека го заборави прстенот во џебот па го изваде и ми го стави на прст. :<3: | |
| | | ivi Нов член
Број на мислења : 12 Возраст : 36 Место : skopje
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Сре Јан 19, 2011 6:40 pm | |
| Во врска бевме 5 ипол години и последните два месеци често зборевме за тоа дека долго време сме заедно и дека е веќе време да се земеме,ама ништо сериозно Еден ден се договоривме да идеме на bejlis во Ego,кафич кај Телеком.Си седнавме,си почнавме да си пиеме,ама он почна многу да ме брза.После пола саат почна да ми вика,ај да си одиме,да прошетаме малку,ај да испиеме побрзо и да си одиме.Се зачудив,ама си викам ај,не му се седи :) Пред да ја испијам последната голтка гледам нешто во чашата и му викам ај види што е ова,им паднало нешто,ама се несмасни а пред тоа се бунев за чашата,мене мала,а на него голема чаша И он стана,го извади прстенот од чашата и ми рече:Мислам дека сме долго време заедно,и дека немора повеќе да чекаме.Клекна и ми рече:Дали сакаш да се омажиш за мене?Јас изненадена и збунета,среќна му реков ДА и почнав да плачам и да го гушкам.Во тоа време шефот на кафичот пукна конфети над нас и во позадина на видео бим ја пуштија песната Од овој ден од В.Јаневски,мојата омилена песна. А,најголемо изненадување ми беше кога ми покажа дека има камера горе,и дека се било снимено,дека затоа ме брзал побрзо да пијам за да може се да се сними Многу се потрудил,се испланирал и неколку дена спремале за се да биде совршено Тоа беше еден од најубавите денови во мојот живот | |
| | | BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Сре Јан 19, 2011 8:07 pm | |
| Иви многу убаво, романтично, алал да му е како му текнало и се однапред да организира а ти појма да немаш за тоа, секоја чест | |
| | | BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Сре Јан 19, 2011 8:46 pm | |
| Ние во врска бевме неполни 5 години, разговаравме на таа тема одамна, но се чекаше денот и мигот. Ни на крај памет дека тој ден ке ми се случи такво нешто убаво. Бевме излезени во град, се шетавме ама појма немав зошто тој ме држеше се до левата страна од него а не на десната, мене одпосле се ми текна - касно палам ахаххаах. Финтата било што прстенот го носел во десниот џеб, па за секоја случајност од безбедносни причини ме држел на лева страна ахаххаха. Седнавме на маса еден карши друг, си порачавме за јадење, јас умаорна од работа а башка и гладна како ми се јадење едвај чекав да ми донесат нешто за јадење. Тие носат бело вино се зачудив, од каде они знаат дека јас пијам бело вино? После си реков може не сум чула ако мм им рекол за пиење. Нема врска се напивме и почна нешто да ми збори, лелел целиот поцрвене ахаххаа. Вечеравме и ми носат повторно вино со некаков поклон, а мм предходно да отишол и да им го дал прстенот за да средат се ахаха, плански ептен. Кога го видов прстенот со виното се изненадив. Кога го отворив подарокот и го видов прстенот колку ли само пеперутки ми поминаа низ стомак, го избрал прстенот што јас си го сакав . Таа вечер не ми клекна изгледа му било срам од сите во ресторанот, но кога дојдоа да дадеме збор со неговие кај мене дома, тогаш пред сите клекна и ме побара за жена, али како рацете му се тресеа, колку беше црвен и препотен од возбуда, ахахаха, живи смешки. Тие мигови се незаборавни од животот, најубавите чуства во животот | |
| | | ivi Нов член
Број на мислења : 12 Возраст : 36 Место : skopje
| | | | Chocolate Модератор
Број на мислења : 305 Возраст : 36 Место : Скопје
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Чет Јан 20, 2011 3:15 pm | |
| BetiBup и ivi на убав начин ве побарале за жени. Јас па ич не сакам дечко ми да ме побара на тој начин. Не сум по романтиките. Му реков кога ќе ме бара, да бидеме само ние двајца. Му беше криво на почетокот, ама се помири со тоа. | |
| | | cakegirl Модератор
Број на мислења : 111
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Чет Јан 20, 2011 3:42 pm | |
| Ах Chocolate челај можеби нема да те послуша можеби слично ке те изненади па не можеш ти таму пред сите да се буниш не сакав вака | |
| | | Chocolate Модератор
Број на мислења : 305 Возраст : 36 Место : Скопје
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Чет Јан 20, 2011 3:44 pm | |
| Ќе видиме какво изненадување ми подготвува. Ми вика можно е и да плачеш. | |
| | | LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Чет Јан 20, 2011 5:16 pm | |
| Веќе станува офф топик моево, но сепак, повеќе никаде не тргнувај без палома марамчиња и чоколадце.За ако ти падне шеќерот, а марамиците се знае :) | |
| | | ivi Нов член
Број на мислења : 12 Возраст : 36 Место : skopje
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... Пет Јан 21, 2011 12:17 am | |
| Јас не очекував дека толку многу ќе се потруди околу тоа и дека толку ќе ме изненади,ама знаеше дека сакам тој ден да биде посебен и романтичен па ми ја исполни желбата Волшебно беше | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Ме побара за жена.... | |
| |
| | | | Ме побара за жена.... | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|