LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Сакам да сум... Чет Фед 03, 2011 11:15 am | |
| Сигурно одсекогаш сте сакале,посакувале,сонувале, и сте имале некаква цел во животот.За тоа, каде би сакале да работите,што би сакале да постигнете,остварите во животот. Еве јас прва ќе почнам: Прва и основна цел во животот ми е да основам семејство со саканиот,да имаме три слатки дечиња,и да живеам во куќа(цел живот сум во стан ).Потоа да се вработам во администрација,дај боже еден ден и судија да станам. Но уште нешто што највеќе од се би сакала е да станам врвен спортист. Овие желби според мене моментално се доста реални,доста сум млада-така да имам време да ги остварам, и едноставно се стремам кон нив,се надевам дека еден ден ќе станат јаве. Кои се вашите желби,соништа,цели...Дали можеби некој од нив веќе сте ги оствариле? | |
|