Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Градинка,баба/дедо,или жена за чување

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 37
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Пет Јан 07, 2011 2:55 am

Додека сте вие на работа кој се грижи за вашите деца.
Споделете ги предностите и искуствата од тоа кој ги чува вашите деца.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
sonjamfk
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 8

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Сре Јан 12, 2011 2:16 pm

prvo go cuvase zena do 2,5 godini.potoa go zapisavme vo gradinka i pocnaa problemite.
nekese da odi, a plus i se razboluvase.poveke sme doma nego vo gradinka. se nadevam deka naskoro ke go pomineme i ovoj period i ke si igra so drugarcinjata vo gradinka.
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Пет Јан 14, 2011 11:31 am

Јас да одам на работа и да земам соодветна плата би земала жена да ми ја чува дома ќерка ми! Секако дека би била пребирлива околу жената, би барала со препорака, одкаде иначе ке знам на којначин и како ги чува децата! Нели?

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член
avatar

Број на мислења : 192
Female Возраст : 35

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Пет Јан 14, 2011 11:44 am

Бети Буп зошто ја отфрлаш градинката како опција?
Ние сме дома со баба но уште сме малечки, кога ќе ја достигнеме оваа граница 3 год. сигурно ќе појдеме во градинка, сигурно прилагодувањето ќе ни оди тешко, и можеби често ќе се разболува, но и сега додека сме дома не е нешто многу здрав, па мора да се помине тој период на стварање имунитет.
Вратете се на почетокот Go down
Mirjana
Нов член
Нов член


Број на мислења : 128

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Пет Јан 14, 2011 11:58 am

I jas ne se slozuvam so BetiBup i jas sum za toa decata da odat vo gradinka i planiram moevo detule da go pustam od septemvri vo gradinka ke ima 2 godini , pa sega zdravje ke vidime kako ke bide ako ne pak zenava ke si go cuva.
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член
avatar

Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Пет Јан 14, 2011 6:45 pm

значи јас сум за градинка и единствено нешто што би сакала е да не се раболуваше толку често првата година, иако јас тоа не го препишувам на градинката толку многу колку што го препишувам на вакцината која ја заслабна многу па цела пролет ни требаше да се оправиме. значи ние одиме од не цели 11 месеци во градинка и на почеток беше со плачки со еден куп молења ама се навикна и два месеци од тргнување ништо не и беше. сега не можам да ја извадам од градинка, си ја сака и воспитачката и децата.
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Пет Јан 14, 2011 8:32 pm

Јас не ја отфрлам градинката, јас сум многу ЗА градинка, но во овој период како што постојано ми се разболува да работев ке платев жена дома да ми ја чува додека не се опорави малку или пак до пролет. На зимо не ми се носи дете во градинка, од причина што сабајле кога ќе излага од дома е многу ладно, таму сеуште каде што оди не е баш загреано и некако не ми се допаѓа опцијата зима во градинка. Зима како зима триста вируси носи,болести, настинки и грипови. Јас од тоа се плашам многу. Кој си ја има мувата на капата ке се плаши од се, јас ако кажам дека на секои две недели бевме на лекар нема никој да ми поверува. Ако кажам дека секој месец со 40ка температура го поминуваме и на секои 2 месеци во болница - исто! Тоа е мојот предлог за нас во зимен период!
Сара - ти велиш 3 години, но јас ја пуштив на 1година и 4 месеци. Од тогаш кога ја пуштив на секои две недели бевме болни, но кога ја запишав во приватна подобро е!
Мирјана- ај нека појде во градинка па пиши како си поминувате, дај боже никој да не се разболи.
Секоја гардинка си носи свои предности но и свои последици. Предности-што ке игра со деца, ке ја развива моториката, самостално ке стане, нема да пребира во храна и др.
Последици - што постојано ќе се разболува, едно дете го носат во градинка иако е болно, никој не го враќа дома зашто нема никој кој ќе го чува, но од тоа дете сите ќе се разболат. Сите можни болести ќе ги помине во градинка.
Ние ја поминавме ситната сипаница позната како Морбили- душава ми знае само како ја поминавме и колку дена со температура.Само фала богу што нема последици ни белези по телото!
Јас незнам зошто градинкиве не ги направат да се работи по друга систематизација, поинаков режим и начин на чување и нега кај децата. Самите училници да се средени со најдобри стандарди за децата и нивното здравје.
Но сепак и за да се чуваат децата треба да се добро платени!

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член
avatar

Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Пет Јан 14, 2011 10:01 pm

дали детето ќе се разболува и ќе ги поминува периодите на адаптација во градинка или во училиште едно е важно дека тие периоди мора да се поминат. е сега јас лично работам на тоа што повеќе да и дадам подлога за кога таа ќе се сретне со вируси, настинки и бактерии да помине полесно или воопшто да не се разболи. кај нас сите работиме и сите сме во контакт со други луѓе барем 6 часа во денот. така да не значи дека градинката ја разболува факт е дека и ние сме носители и од нас може да се разболи. а знам и тоа дека кога дете е болно па со температура не сака никој друг да е до него освен мама. жалното е тоа што еден куп работодавци не дозволуваат отсуство од работа што навистина е жално бидејќи до 3 години додека се гради имунитетот детето е подложно и полесно се разболува. јас лично сум задоволна од нашата градинка и од правилото дека антибиотици и лекарства во градинка нема дури едно време и бараа доказ доколку детето кашла дека микробиологија е чиста.и воспитачките се фер кога знаат дека има некое детенце болно, бактерија или сипаници, ни кажуваат за ние да си превземеме одредени мерки. е сега наше е што и како ќе правиме со таа информација.
Вратете се на почетокот Go down
Mimi22
Најактивен член
Најактивен член
avatar

Број на мислења : 236
Female Возраст : 33
Место : скопје

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Нед Јан 23, 2011 11:51 pm

Sega za sega go cuva svekrva mi samo ona e slobodna ama sega brkam za mesto vo gradinka i ke go pustam pred se da se socijalizira da stekne naviki jasno e deka ke se razboluva ama nemozeme da gi cuvame vo stakleni zvona i doma da e ke se razboli nema pravilo narocito jas oimam mala zolva koja ide vo skolo od tamu nosi drugata vo igroteka i od tamu nosi virusi jas i mm rabotime so luge i nie nosime doma virusi taka da dodeka ne go izgradat imunitetot kaj i da se ke se razboluvaat
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 37
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   Чет Фед 10, 2011 4:11 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Градинка,баба/дедо,или жена за чување   

Вратете се на почетокот Go down
 
Градинка,баба/дедо,или жена за чување
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Деца :: Деца од 3-5 години (педагошка возраст)-
Отиди до: