Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Како до рамен стомак?

Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Како до рамен стомак? Empty
ПишувањеПредмет: Како до рамен стомак?   Како до рамен стомак? EmptyВто Јан 11, 2011 3:04 pm

Желба на секоја девојка, но и чест проблем на секоја девојка...
Како до рамен стомак? Bf_stomak_top

Како до рамен стомак?
Намалувањето и зацврстувањето на стомакот е можеби најнапорната физичка активност: стомачните вежби се ефикасни, но многу напорни и не секогаш доволни. Затоа, обидете се да внесете неколку едноставни измени во начинот на живеење...
Намалувањето и зацврстувањето на стомакот е можеби најнапорната физичка активност, а резултатите не се секогаш онакви какви што посакувате. Освен вежбањето, овде ви препорачуваме и уште неколку други начини со чија комбинација можете повторно да изгледате добро во панталони или на плажа:
Стомачни вежби: напорно, но ефикасно
Стручњаците за фитнес велат дека повеќето луѓе имаат цврсти стомачни мускули, но тие главно не се видливи поради дебелината!!! Значи, за да бидат видливи, телото треба да е што повито. За да го намалите масното ткиво околу стомакот, треба да комбинирате аеробни активности (трчање, пливање, возење велосипед) со вежби за зајакнување (тегови, склекови, стомачни вежби). Аеробните вежби го забрзуваат метаболизмот и тој ефект трае 1 час, а вежбите за зајакнување даваат ефект кој трае 48 часа. Покрај ова, невозможно е да се намали телесната маса само на еден дел од телото, а тоа значи дека програмата за вежби е корисна за цел организам.
Пилатесот е забавен и корисен
Пилатес вежбите се одлични за правилно држење на телото кое овозможува израмнување на стомакот. Ако поголем дел од денот седите, со свиткан грб, вашите стомачни мускули со текот на времето ќе ослабат, а стомакот ќе биде истакнат. Пилатес вежбите се осмислени да ги активираат „мускулите на јадрото“ (од карлицата до рамената), да му дадат потпора на ’рбетот, да го израмнат стомакот и да го исправат држењето на телото. Затоа, и кога пешаќите, обидете се да го вовлечете стомакот. Доволно е да постапите така само 1 ден, па да ги почувствувате ефектите.
Поинаква исхрана
И нутриционистите и стручњаците за фитнес ја истакнуваат користа од пиењето на 8 чаши вода на ден (вкупно 2 л). Покрај тоа, се советува и исхрана од растителни влакна, но без вода, овој процес не би бил ефикасен. Вода ја подига содржината во дебелото црево, а тоа обезбедува редовна дефекација и ја спречува надуеноста. Најлесен начин за внесување на растителни влакна во организмот е консумирање на овесна каша или корнфлекс житарки за појадок.
Освен тоа, одбегнувајте месо во исхраната. Месото тешко се вари, па може да се задржи во цревата и по неколку дена. Консумирајте растителни протеини како што се грав, леќа или печурки.
За намалување на надуеноста се препорачува чај од сув магдонос и мала лажичка ким во прав. Тоа се прелива со врела вода, се покрива и, откако ќе отстои 10 минути, се испива на празен стомак.


Против надуеност се препорачува пробиотици во капсули очо редовна употреба на млечни пробиотички напитоци.
Одбегнувајте сол во исхраната: солта причинува задржува на течноста во организмот, што создава надуеност. Нутриционистите велат дека исхраната со овошје и зеленчук е идеална за рамен стомак бидејќи е богата со калиум кој овозможува ослободување од сол.
Не се препорачува исхрана со јаглехидрати (леб и тестенини) по 17 часот.
Пешачете колку можете повеќе...

Купете си педометар и бројте ги чекорите! Целта е секој ден да поминете 10.000 чекори. Звучи напорно, но не е – прошетките се најбезболен облик на рекреација, а и педометрите воопшто не се скапи. Освен тоа, стручњаците за фитнес советуваат да ги затегнувате мускулите додека одите.



Извор






Доколку имате вие ваков проблем, како се справувате со него?
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Како до рамен стомак?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Подуен стомак
» Како стареам...
» Како се справувате со сипаниците?
» Како се запознавте со партнерот?
» Како ги викате родителите

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Спорт и Фитнес-
Отиди до: