Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Репортажи на дестинации во светот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Репортажи на дестинации во светот   Пон Фед 07, 2011 10:19 am

Маурициус - рајски остров
Република е островска држава во југозападниот Индиски океан. Први го колонизирале холанѓаните и му го дале името по принцот Маурициј од Насау. Островот се наоѓа 900km источно од Мадагаскар. Се до 17 век бил ненаселен, а сега е пренаселен и преставува една од најразвиените афикански земји.

На само 2.045 квадратни километри живеат 1.200.000 жители. На 90% од земјиштето се сади шеќерна трска, но љубезните жители на островот се занимаваат и со туризам и со текстилна индустрија.



Главен град е Порт Луис, кој мора да го посетите и да уживате во мирните вечерни прошетки, а ако сте повеќе за забава и за тоа има предвиден кварт полн со продавници, ресторани, барови, кино сали и луксузни коцкарници.



Климата е тропско-океанска, но пријатна преку целата година. Зимите се топли и суви, а летата влажни и жешки. Се разликуваат две сезони - од декември до април трае летото, а од мај до септември, зимата. Идеално време за посета е јули.



Овој вулкански остров познат е и по изумрената птица додо, чие име е синоим за глупост.



Тешка околу 23 килограми, птицата додо изумрела набргу по доаѓањето на португалските истражувачи на островот.

Се смета дека неможела да и се спротивстави на агресијата на ловците и нивните кучиња, но и на останатите животни кои го населувале островот со новите народи.

Нешто што секогаш асоцира на Маурициус и нешто за што особено се зборува е тиркизното море, белите песочни плажи, како и коралните гребени кои никого не го оставаат рамнодушен.

Сигурно сте чуле за џиновските листови на водениот лилјан во местото каде што живеат стогодишните желки; тоа е најголемата ботаничка бавча на светот - Sir Seewoosagur Ramgoolam.


Повеќето жители зборуваат англиски, па комуникацијата не би требало да е проблем. Храната е разнолична и има по нешто за сечиј вкус, што и не е чудно со оглед на разноликоста на жителите (Африканци, Азијци и Европејци).



Квалитетот никогаш не е под знак прашање, но за да се уверите во тоа морате да го пробате нивниот специјалитет, Camarons – рак во пикантен сос. Властите на Маурициус не сакаат островот да се претвори во масовно туристичко одредиште, туку да ја задржи ексклузивноста. На островот има многу хотели и вили и тоа ексклузивно опремени.



Овде е годишен одмор од сништата за повеќето Европејци, но и за туристи од другиот дел на светот. Има бројни атракции како - одење по морското дно, возење со полуподморници, крстарење, нуркање, сурфање, риболов, тенис, голф, па дури и крокодилска фарма... и уште многу, многу работи кои вреди да се видат.
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Репортажи на дестинации во светот   Пон Фед 07, 2011 10:58 pm

Четири евтини дестинации во 2011 година

Сакате да патувате но не сакате да трошите многу пари? Овие дестинации ќе ви го овозможат тоа. Некои од нив (како Талин) се дестинации кои дури сега стануваат популарни, додека други (како Даблин) се класични дестинации кои неодамна станале поевтини.


Даблин, Ирска
Зошто во 2011: Банките во Ирска се во криза - земјата неодамна прифати помош од Европската Унија вредна околу 82 милијарди евра - но економската криза создава шанса за тристите: попријателски цени. Место за спиење во Даблин оваа година ќе ве чини 7 проценти помалку од 2009 година. Рестораните исто така имаат пријатни цени, па дури и транспортот е евтин: Dublinbikes, програмата за изнајмување велосипеди, ги издава велосипедите за 1,8 евра за три дена, а изнајмување за под 30 минути е бесплатно. Дури и данокот од 9,5 евра кој патниците го плаќаа на аеордромот во Даблин наскоро ќе биде спуштен на 3 евра со цел да се привлечат туристи.

Лисабон, Португалија
Зошто во 2011: Со либерализацијата на Португалија - Португалија стана шестата европска нација во која е дозволен истополов брак во мај 2010 - главниот град се трансформира во центар за шопинг, уметност и уживање. Неодамна Лисабон се најде на трето место (зад Варшава и Маракеш) на листа на градови во кои луксузот е евтин: во просек, соба во хотел со пет ѕвезди ќе ве чини околу 112 евра по ноќ. Плус, цените на хотелите со четири ѕвезди паднале за пет проценти од 2009 година. И покрај финансиските проблеми, земјата ја има подобрено инфраструктурата, во последниве неколку години се потрошени милиони за подобрување на автопатите и јавниот превоз во Лисабон (дневен билет за метрото чини 3,6 евра).

Талин, Естонија
Зошто во 2011: Пред две децении, оваа мала република беше во Советскиот Сојуз; денес земјата е член на ЕУ (еврото стана официјална валута на 1 јануари) и брзо станува едно од најпопуларните туристички дестинации во Источна Европа. Талин долго време бил во сенка на блиските (и многу поскапи) дестинации како Хелсинки и Санкт Петерсбург, но главниот град на Естонија нуди сè од неверојатна архитектура (особено катедралите и средновековниот Стар Град) до модерни ретсорани и активен ноќен живот. На први јануари во Талин започна богат културен распоред кој ќе трае цела година и кој опфаќа над 7000 настани - концерти, фестивали, изложби - за прослава на титулата Европски Главен Град на Културата за 2011.


Шангај, Кина
Зошто во 2011: Шангај во моментов е еден од најевтините градови во Кина. Поради Светскиот Саем кој се одржа таму минатата година, градот беше обновен - 33 милијарди евра беа потрошени за нови патишта и железнички линии, и стана лесен град за посетување дури и ако не разбирате кинески. За време на обновата над 100 нови хотели беа додадени во градот, па сега откако заврши саемот и се намали побарувачката за соби градот е исполнет со ниски цени; цените на собите паднаа и до 47 проценти од октомври до ноември 2010 година, и хотелите со пет ѕвезди ги симнаа цените на просечни 145 евра од претходните 245 евра. Плус, Шангај е еден од ретките градови во Кина кои се поврзани со брз воз со дестинации како Нанџинг, дом на неколку стари Будистички храмови и Хангжу, локацијата на неверојатното Западно Езеро.
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Репортажи на дестинации во светот   Сре Фед 09, 2011 1:38 pm

Во минатото ако сме сакале да разгледаме нов град, сме барале книги во библиотеки или пак сме оделе директно таму. Денес е многу поинаку. Ретко кој знае да чита мапа – затоа што тука е GPS. Благодарение на технологијата можеме да видиме како изгледа некој град, место и сите детали кои не интересираат.

Секако, ништо не е исто како и реална посета на тоа место, но зошто да не истражите претходно на интернет - што да посетите.

За сите оние кои немале можност да го посетат еден од најромантичните италијански градови – Венеција, сега имате можност за виртуелна прошетка.

Дури и можете да направите тура со гондола низ каналите. А, за оние кои веќе биле, убава можност да се потсетат на убавините на Венеција.
Извор

За виртуела прошетка низ Венеција, кликнете тука

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Репортажи на дестинации во светот   Чет Фед 10, 2011 4:36 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Репортажи на дестинации во светот   

Вратете се на почетокот Go down
 
Репортажи на дестинации во светот
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Пат околу светот-
Отиди до: