| Интервју за работа | |
|
|
Автор | Порака |
---|
Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 43 Место : Скопје
| Предмет: Интервју за работа Сре Јан 05, 2011 9:28 pm | |
| Мислам дека нема потреба да ве прашам на колку интервјуа сте биле,но се надевам дека биле успешни. Какви се вашите искуства и кои се најчесто поставуваните прашања од страна на представник или сопственик на фирма,дуќан.... Ве прашале ли дали вие имате прашање до нив или можеби не? | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 12:34 am | |
| Да не зборам само за интервјуто, туку ако има некој да ни понуди работа нека каже - хихихихи јас па аплаааа | |
|
| |
Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 43 Место : Скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 12:45 am | |
| BetiBup сподели нешто со нас,зошто по интервјуата може да се види и чуе се и сешто. Тотално чудни прашања и искази -Колку мислите дека треба да бидете платени? -Мажени сте?Ако следи не нема прашање имате ли дете -Планирате ли наскоро? -Прво ќе бидете на проба,потоа после 1 до 3 месеци ќе бидете пријавени -Дали сте комуникативни и спремни за тимска работа? -Имаме доста кандидати -Сигурно ќе ве известиме | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 2:03 pm | |
| Искрено мене на интервјуата прво ме прашаа од каде сум и дали сум мажена, дали имам дете???? Работава е ако имаш дете нема да можеш да се сконцентрираш на работата, ке изостануваш од работа..... Или пак во друга смисла дали наскоро повторно планирам да родам дете???? Епа нашава држава изгледа сака сите мајки дома да си седат и само да раѓаат деца а да не работат. На работа само девојки немажени да одат! Навистина претеруваа во прашањата. Незнам дали и вас тоа ви се има случено, но мене често??? првин ке волонтираме неколку месеци-без пари-, па за после ке видиме дали ке те пријавиме??? Аман!!! И за крај секогаш ни велат на сите, имаме доста кандидати, ако сте вие избрани во потесниот круг ке ви соопштиме наскоро, ке ве известиме! И известувањето беше -никад! Само своите си ги примаат на работа, кои имаат врски тие, другите само ке си седиме во клупа.... | |
|
| |
Sara Активен член
Број на мислења : 192 Возраст : 42
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 5:05 pm | |
| Вистина е тоа Бети Буп, јас кога се вработував бев запрепастена од тоа дека се ширеа гласини (кои се најверојатно вистина) дека во мојата професија во поголемите фирми склучувале и договор дека во наредните години нема да родат дете или нешто слично, бог да чува | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 5:08 pm | |
| Да Сара, и мене ми имаа кажано: Ако ве примиме на работа ке треба да потпишете договор од 5 години дека ке соработувате со нас без да одите на трудничко боледување, доколку се случи такво нешто не одговараме за последиците-отпуштање од работа???????? За жал но вистинито, треба нашата држава да превземе нешто! | |
|
| |
Chocolate Модератор
Број на мислења : 305 Возраст : 36 Место : Скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 5:18 pm | |
| Се знае дека во нашава држава можеш да се вработиш некаде само ако имаш врски на тоа работно место. Во спротивно, ќе си седиш дома. | |
|
| |
Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 43 Место : Скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 5:21 pm | |
| Јас би го потпишала тој договор за 5 години и дајбоже да сум бремена одма на сум,дикриминација,човекови права.......ама ова е невозможно ако газдата е јак човек во државава. Сто пати ќе речам арам да им се парите што ќе ги заработат | |
|
| |
tanja Модератор
Број на мислења : 63 Возраст : 39
| Предмет: Re: Интервју за работа Вто Јан 11, 2011 7:03 pm | |
| Леле па јас ептен мрзлива сум била, сите одат на интервјуа, а јас пребирам Стварно е срамота тоа што се случува кај нас, ама за жал така стојат работите. Се надевам само дека ќе биде подобро. Јас лично имам пратено CV на 2-3 места. Тоа се тоа беше пред скоро 1 година, од тогаш наваму ништо. Огласи за работа има, не е дека нема. Ама па луѓе не е само да почнам да работам, а да не бидам задоволна од условите или платата. Па тоа што ми имаат кажувано колеги колку им имаат понудено плата, тоа е срамота. Подобро да си седам дома и да чекам некоја подобра прилика, отколку така. Јас попрво би се сложила да волонтирам, отколку да работам за стварно понижувачка плата. | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Нед Јан 16, 2011 7:55 pm | |
| Мене најмногу ми е криво што платив 1000 евра за работа, но за крај да ме отпуштат од работа и тоа за време на трудничко боледување, епа стварноГоспод да им врати! | |
|
| |
mama Mace Активен член
Број на мислења : 187
| Предмет: Re: Интервју за работа Пон Јан 17, 2011 12:24 am | |
| веројатно си била на времено вработување па затоа кога поминал договорот не ти го продолжиле. доколку си била со решение за неопределено можеш законски да си ги бараш правата, никој не смее да те отпушта додека си на породилно, не смее ни да ти менува статус се додека не ти заврши породилното. јас имав друг проблем, освен тоа да потпишам дека нема да раѓам во наредните 3 години, а тоа беше зошто девојка како тебе студирала машки факултет кога можеш слободно како секретарка супер работа да најдеш или по ново асиситентка . јас на такви шовинистички работи сум налетувала што жал ми е што тогаш немаше мобилни со камера па да ги снимав. жално е што квалитетот не се мери и се повеќе и повеќе со врски се вработуваат, а верувајте ми во моите 10 години работно искуство бајаги сум видела.по правило не треба никој да го интересира дали некој е во брак, дали има деца, освен ако не мисли да обезбеди градинка во фирмата, каде живееш и слични лични прашања. професионалниот ангажман треба да е надвор од приватниот. интересно е што кога ме прашаа еднаш дали имате вие прашања за нас и јас им ги поставив прашањата за брачна состојба и деца и малку се збунија, бидејќи мислеа дека ќе прашувам за пари. ама не ми одговорија. | |
|
| |
Mimi22 Најактивен член
Број на мислења : 236 Возраст : 39 Место : скопје
| Предмет: Re: Интервју за работа Чет Јан 27, 2011 11:59 am | |
| nam mesta kade sto treba da odneses i potvrda od ginekolog deka ne si bremena mislam sramota e toa a sekade se prasuva za bracnata sostojba i za deca | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Интервју за работа | |
| |
|
| |
| Интервју за работа | |
|