Ранетиот орел“Ранетиот орел”- нежна , љубовна приказна полна со топлина, работена според истоимениот роман од популарната писателка на љубовната класика - Mир Jам.Дејствoто во оваа мегапопуларна серија се одвива во периодот помеѓу двете светски војни, во почетокот и во средината на 30- те години од минатиот век.
Во првата епизода ги запознаваме главните јунаци Ангелка и Ненад, кои во дворот од својата куќа безгрижно ги минуваат деновите од своето детство. Ги затекнуваме во детска игра која ја прекинува трогателната вест за погинувањето на таткото на Анѓелка.
Шокот го запира идиличното секојдневие, а веќе во следниот миг дејствието се префрлува 20 - тина години во иднината кога Анѓелка е веќе голема и мажена девојка.
Овој брак за несреќа на Анѓелка завршува уште при првата брачна ноќ кога нејзиниот избраник ќе ја открие тајната дека Анѓелка пред него веќе била со некого. Тоа за конзервативните сфаќања на тогашниот свет и околина било страшно понижувачко па Анѓелка веднаш се разведува и го менува местото на живеење со цел да пронајде средина во која ќе заборави на минатото и ќе може нормално да живее.
Но судбината си поигрува со неа и во тој нов град, Анѓелка се среќава со човекот кој некогаш ја обесчестил и “...и и го оскрнавел телото”, како што таа самата кажува.
Гојко, човекот кој ја излажал дека е вљубен во неа, а потоа со лажно писмо од неговата божемна сестра , ја известил дека е починат живее во новиот град на Aнѓелка и е сегашен сопруг на нејзина голема другарка од детството.
Тој повторно се обидува да ја искористи скршеноста и несреќата на убавата Aнѓелка. При сите овие заплети, еден млад и убав офицер постојано ја следи со цел да ја запознае и да ја придобие нејзината љубов. Пред самиот крај од серијата ќе се открие дека всушност тој офицер е малиот Ненад со кого Анѓелка растела и го поминувала своето детство...
Режијата во серијата е на Здравко Шотра, музиката на Жељко Јоксимовиќ, а главните улоги ги толкуваат- Слобода Мичаловиќ, Иван Босиљчиќ, Драган Николиќ, Војин Четковиќ, Јасмина Аврамовиќ.....и уште многу други акери кои и во претходните остварувања на режисерот Шотра, “Зона замфирова”, “Ивкова слава” и “Паѓањето на Третиот рајх”, биле дел од неговиот избор за актерска екипа.
Серијата има 17 епизоди од по педесет минути и секаде каде што се прикажувала ги има соборено сите рекорди на гледаност.
Најчеста порака која гледачите, актерите и критичарите ја упатуваат за серијата “Ранетитот орел” е – “топлина на минатите времиња, која не смее да се пропушти”...
ИзворДали ја следите серијата, како ви се допаѓа, кои се вашите коментари?
Јас редовно ја гледам, прекрасна серија, просто релаксирачка.Камо среќа да се 50% од сериите вакви на телевизија.