Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Храната и хороскопот

Go down 
4 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Храната и хороскопот Empty
ПишувањеПредмет: Храната и хороскопот   Храната и хороскопот EmptyЧет Фед 03, 2011 4:46 pm

Кој знак како се однесува кога е во прашање храната? Овенот е голем гурман, Бикот не сака да го вознемируваат додека јаде, a Стрлецот сака да проба сè што е ново...


ОвенГолем гурман, го посолува јадењето пред да го проба, сака и да го забибери, обожава скара, маслинки, сирење и студени газирани пијалaци. Често пати заборава да јаде, но затоа кога ќе седне не знае за доста. Кога е гладен, станува раздразлив и го боли глава.

Астро совет: иако повеќе сакате мешани нозе под маса отколку мешано месо, немојте да ја прескокнувате овошната торта, поради железото кое му е потребно на вашиот организам.

Бик
Не сака да го вознемируваат додека јаде, а по јадењето сака на мира да ужива во турско кафе. Секогаш ви нуди нешто за грицкање, а кога ќе наминете дома кај Бик, за минута ќе ви подготви нешто за закуска, ќе ве понуди со тукушто зготвено јадење, бидејќи тој сака да јаде со лажица.

Астро совет: Иако го обожавате ајварот, топлата погача и сувомеснато со чаша црно вино, немојте да ја одбегнувате морската риба, поради јодот кој поволно делува на работата на тироидната жлезда - вашата „Ахилова петица“.

Близнаци
Сите видови инстант храна се идеален избор за сите Близнаци, кои и не се сеќаваат кога последен пат стигнале да јадат. Сепак кога поминуваат покрај некоја фурна и ќе го почувствуваат мирисот на пецивата и топлите сендвичи, на патот до работа, постојано нешто грицкаат. Ако се гладни, стануваат нервозни и помалку помнат.

Астро совет: Наместо жешка пица и леден чај, навечер покрај ТВ, пробајте овошни мусли со млеко или јогурт - извор на витамин Б, неопходен за вашиот организам.

Рак
Бидејќи е нервозен кога е гладен, секогаш ќе најде време за добар залак и добра голтка. Иако повеќето Ракови уште во раната младост ќе го испијат тоа што им е судено, па после посакуваат да отворат кафуле или ресторан, каде ќе бидат барем домаќини. Секако ништо не е вкусно како ручекот на мама и домашниот сладолед на вујна, но додека стигне до нив - помина цел ден.

Астро совет: Грицнете нешто помеѓу оброци и немојте да ги прескокнувате, бидејќи тоа не му годи на вашиот желудник кој е ваша слаба точка.

Лав
Лавовите како и Ракот уживаат во вистинска гозба, во двојка или поголемо друштво, иако ќе умеат да уживаат во храната и ако се сами. Сакаат риба, лигњи, а сакаат и да измислуваат специјалитети, а кога Лавот подготвува ручек, го одбира најдоброто парче месо, најсвежиот зеленчук, прави чоколадни колачи и служи само испробани пијалоци.

Асто совет: Иако за вас -„додека не пробам лав, за мене цар на животните е свињата“ обидете се од време на време да јадете овошје цел ден или барем почнете го денот со цеден сок од грејпфрут кој и годи на вашата слаба точка-крвните садови.

Девица
Бидејќи е пребирлива, а ја бие глас и дека е ориентиирана кон здравата исхрана, Девицата затоа сака сувомеснати производи - чварки или сланина, ситно насецкани на свеж леб. Умее добро да готви, постојано нешто експериментира, но успешно, па домашните ќе се „испотепаат“ околу тенџерето со сарма, додека во кафеана најмногу сака да порача скара (плескавица), со чаша црно вино.

Астро совет: Иако ги обожавате тортите и црното чоколадо, кога ќе застанете на вага ќе се сетите дека го сакате и црното грозје.

Вага
Светот навистина би бил поубав кога би се живеело од колачи - така размислува една Вага, додека ја гризе совест, поради третото кафе со шлаг и втората доза карамел крем, иако и за желето од киви и течат лиги.

Астро совет: подобро ќе гладувате, отколку да бидете елегантно пополнети, сокријте ја теглата со слатко од јаготки бидејќи никогаш не се знае што ќе и се случи кога ќе добиете „напад за слатко“.

Скорпија
Еден од трите најголеми хороскопски знаци – гурмани, ужива во храната, мерка што да јаде, попатно пијуцка, за да не го „фати мезето“, чорбичка...ако мора, но „конкретна“ храна (шницли , печење под вршник, свадбарска зелка) и годи на Скорпијата, па уште ако има луто пиперче...тоа е вистинска гозба.

Астро совет: Ако веќе умеете да им одолеете на колачите, а сте маж, пробајте така и со келнерките, кога ќе седнете со друштво во кафеана.

Стрелец
Сака да проба сè што е ново. Стрелецот подеднакво ужива кога јаде кебапчиња и лепче и кога јаде некое егзотично јадење со шафран или ориентален ориз, се разбира со разладено розово вино.

Астро совет: Ако сте вечерале во ресторан, паркирајте ја колата подалеку за да прошетате, бидејќи така барем малку ќе ја дотерате линијата.

Јарец
Не сака промени, традиционалиста е и по прашањето на исхраната, но сака понекогаш нешто да подготви за јадење, па и да е набрзина, а домашните ќе се одушеват и само ќе делат комплименти. Омилено јадење му е козјото сирење и црно вино, а од овошје вишни, но со чоколаден прелив.

Астро совет: Убаво е што знаете некои работи подобро од лекарите, но би било уште поубаво ако ги примените во вашиот начин на исхрана, поради покачениот холестерол.

Водолија
Го прескокнувате појадокот, малку нешто грицкате, но затоа навечер гледате да надокнадите она што сте го пропуштиле. Водолијата се опушта дури кога ќе го помине куќниот праг и ќе ги почувствува мирисите на кујната. Сака гурманска храна, не било што- крем чорби од зеленчук, пити, шунка и пршута, сирење и маслинки, а на крај, задолжително нешто благо.

Астро совет: ако саканата личност сеуште не открила како да ве задржи дома – веројатно сеуште не научила да готви.

Риби
Не јадат и не пијат било што, бираат специјалитети (месо, риба, морски плодови, салати) – мора да биде вкусно и квалитетно. Иако делува како расеан професор, машката Риба, уште од врата го нарачува својот омилен пијалок, а може да испие повеќе чаши без да има промени во расположението.

Астро совет: Бидејќи умеете да испиете, а при тоа оставате впечаток дека сте трезни- пробајте еднаш неделно да пиете само вода. Ако никој не забележи, ќе забележите вие - по обемот на струкот.
Извор
__________________________________________________________________________________________
Цитат :
b]Јарец[/b]
Не сака промени, традиционалиста е и по прашањето на исхраната, но сака понекогаш нешто да подготви за јадење, па и да е набрзина, а домашните ќе се одушеват и само ќе делат комплименти. Омилено јадење му е козјото сирење и црно вино, а од овошје вишни, но со чоколаден прелив.

Астро совет: Убаво е што знаете некои работи подобро од лекарите, но би било уште поубаво ако ги примените во вашиот начин на исхрана, поради покачениот холестерол.

Се е точно, осве делот каде вели дека омилено јадење ми е козјото сирење и виното, нити сум по пиење, а козјо - неможам да помириснам а не па да каснам. мачнина


Дали вие се пронаоѓате во хороскопот?
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
tanja.v
Нов член
Нов член
tanja.v


Број на мислења : 148
Female Возраст : 44
Место : Skopje

Храната и хороскопот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Храната и хороскопот   Храната и хороскопот EmptyЧет Фед 03, 2011 8:09 pm

Цитат :
Овен
Голем гурман, го посолува јадењето пред да го проба, сака и да го забибери, обожава скара, маслинки, сирење и студени газирани пијалaци. Често пати заборава да јаде, но затоа кога ќе седне не знае за доста. Кога е гладен, станува раздразлив и го боли глава.

Астро совет: иако повеќе сакате мешани нозе под маса отколку мешано месо, немојте да ја прескокнувате овошната торта, поради железото кое му е потребно на вашиот организам.

haha pa mi pogodile osven za gazirani pijalaci
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Храната и хороскопот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Храната и хороскопот   Храната и хороскопот EmptyЧет Фед 03, 2011 10:52 pm

Цитат :
Јарец
Не сака промени, традиционалиста е и по
прашањето на исхраната, но сака понекогаш нешто да подготви за јадење,
па и да е набрзина, а домашните ќе се одушеват и само ќе делат
комплименти. Омилено јадење му е козјото сирење и црно вино, а од овошје
вишни, но со чоколаден прелив.

Астро совет: Убаво е што
знаете некои работи подобро од лекарите, но би било уште поубаво ако ги
примените во вашиот начин на исхрана, поради покачениот холестерол.

Богами скоро се ми погодиле освен козјото сирење хахахха, за овчо да беше ке беше сууупееррр ахаххаха
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 43
Место : Скопје

Храната и хороскопот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Храната и хороскопот   Храната и хороскопот EmptyЧет Фед 10, 2011 4:24 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Храната и хороскопот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Храната и хороскопот   Храната и хороскопот Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Храната и хороскопот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Декорација на храната

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Храна-
Отиди до: