LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Кој и со што ве насмеа? Нед Јан 30, 2011 10:31 pm | |
| Не денеска, но предн некое време дечко ми слатко ме изнасмеа со случка што ја прочитал во весник. Малку е морбидно но неможе човек да не се насмее. Умрел некој човек и го закопале во Бутел како што си е редот со чешел,пешкир,неговиот мобилен... По два три дена на синот на покојникот му стигнува порака од бројот на татка си "MEНЕ МИ СТУДИ". Луѓево си помислиле леле да не го закопавме човеков жив, или да не го отвориле гробот и да го украле мобилниот.Веднаш отрчале до Бутел на гробишта но гледаат дека со гробот се е во ред.Потоа пак за 2-3 дена на синот на покојниот повторно му стигнува порака "МЕНЕ МИ Е ЛАДНО, ДОНЕСЕТЕ МИ ЌЕБЕ". И лушево готово се успаничиле човеков од другиот свет им пишува, брзо трчи купувај ќебе, го однеле на гроб да му го остават. А за ден два во истата улица умрел некој комшија по име Трајко. И за ден два по смртта на тој Трајко, повторно на синот на покојниот му стигнува порака "ПРАТЕТЕ МИ ГО ПОЛНАЧОТ ПО ТРАЈКО". Лушево се испаметиле, веќе не ни знаеле ни што да мислат ни што да прават, ниту па дали и во што да веруваат. Внукот на покојникот не издржал и почнал да се смее додека другите се нервирале од мака. Во тој момент синот на покојниот сватил дека всушност неговиот син (внукот на покојниот) ја извадил картицата од мобилниот на дедо му(знаејќи дека има кредит) и цело време тој им праќал пораки. Потоа таткото земал и убаво го изнатепал синот. Жалосно што се играл со покојниот дедо, но смепак неможев да не се насмеам кога го чув тоа. | |
|
Sara Активен член
Број на мислења : 192 Возраст : 42
| Предмет: Re: Кој и со што ве насмеа? Нед Јан 30, 2011 11:04 pm | |
| Леле ова како виц е, просто не ми се верува дека е вистина, зарем има такви будали Денес ме насмеа татко ми, како и секој друг ден, навистина е духовит и во секоја ситуација знае да ти ја сврти на смеа, бевме кај мајка ми на гости, и викенд не се замарам со детево бидејќи одам кај нив и мајка ми трча по него, јас си уживам, и онака женава ручеци цел ден, садови ова она, и трча цело време по детево, и задишана доаѓа и вика уффффф, татко ми само искоментира, :"Викаат недела било божји ден за одмор", а она сирота уште допрва требаше да прави сарми, да се фарба итн итн, слатко и се изнасмеавме кога влезе таква задишана. | |
|
tanja.v Нов член
Број на мислења : 148 Возраст : 44 Место : Skopje
| Предмет: Re: Кој и со што ве насмеа? Нед Јан 30, 2011 11:14 pm | |
| LadyD lele kolku se smeam solzi mi tecat edvaj mu procitav na mm se cudea sto mi e gi zamisluvam lugevo kolku bile izvadeni od pamet | |
|
LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Re: Кој и со што ве насмеа? Нед Јан 30, 2011 11:48 pm | |
| Јас кога и да го кажувам, се смеам како прв пат да ми го кажува мене некој | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Кој и со што ве насмеа? | |
| |
|