Линк од Кодот на НострадамусПредвидувањата на Нострадамус за некого се неопишлива загатка, дел од неговите книги се протолкувани преку знаци но дел допрва се тумачат.
Нострадамус пишувал за поплави, потреси, суши, војни,....
-Лудиот водач го идентификувал како Осама Бин Ладен кој ќе дојде до нуклеарно оружје и со него ке ја нападне Европа.
-Антихристот кој го контролира светот претставен како " Црниот папа" е идентифиукван со американскиот претседател Барак Обама.
-Во книгата Кодот се пишува дека Антихристот ке го наведе општеството во трета светска војна.
-Крајот на светот е претставен со природни катастрофи-поплави, земјотреси.
Дешифрираните настани не носат ништо добро туку предвидуваат пропаст на медитеранот и целото човештво.Нострадамус поради Шпанската инквизиција морал да ги шифрира своите записи, но затоа сега др.Мајкл Ратфорд ги дешифрирува негите записи.
- Периодот од 2007 до 2012 година Ратфорд темната личност ја протумачил како Осама Бин Ладен во кој се спомнува и терористичкиот напад врз САД, нуклеарна трагедија во Рим,голем судир меѓу Северна Америка, Иран и Кореја.
- Сите судири околу нуклеарното оружје ке се свртат кон Медитеранот, наместо на копно да падне атомска бомба ке падне длабоко во Средоземното море со кој ке предизвика катасрофално труење на морскиот свет.
- Според Нострадамус наскоро Франција и Италија во целост ке бидат уништени, на пат е непозната комета која на земјата со нејзиното доаѓање ке предизвика бројни природни катастрофи, земјотреси, поплави, ерупции од вулкани, заспаните вулкани постепено ке се будат од својот длабок сон.
- Меѓународен инцидент ке биде предизвикан од воена симулација која според најпознатиот предвидувач ке биде програмирана од Велика Британија. Информатичка грешка ке активира бомби кои ке експлодираат по целиот свет и ке уништат милиони народи.
- Др.Мајкл Ретфорд ги проучува катрените од 1975 година.
Предвидувањата на Нострадамус би требало да се случат до 4000 година.
Нострадамус предвидувал и за Македонија. Живеел во 16 вак а тогаш Македонците биле под турско ропство. Многу истражувачи сметаат дека Нострадамус го предвидел атентатот на Југословенскиот крал Александар Караѓоѓевиќ во Марсеј 1934 година.
Катрен 7
Голема битка тие ја подготвуваат за Ненси,
Македонецот ќе рече: Јас ги покорувам сите.
Британските острови се вознемирени за вино и сол.
"Хем.ни" Филип "Две Мец" нема да издржи долго.
Катрен 35
Благородниот Фердинанд ќе биде срушен
Ќе се откаже од цвеќето да ги следи Македонците.
Во критичниот момент нема да успее,
А тој ќе настапи против Мирмидонците.
( Фердинант - може мисли за бугарскиот цар Фенрдинант. Мирмидонците -се синоним за јужнословенските народи. Дали овде зборува за Фердинанд кој војувал со Србите за првата светска војна?
Катрен 38
Влезот во Блеј за Ла Рошел и за Англичанецот
Великиот Македонец ќе го помине.
Недалеку од Аген ќе го чека Галиецот(Французинот з.м)
Преку разговори Нарбон ќе ја избегне заверата.
Катрен 58Во времето на народната жалост невидливиот крал
ке војува против еден млад македонец.
Галија ќе се затресе, бродот ќе биде во опасност.
За Марсеј ќе се зборува на запад.
Катрен 64
Македонецот ќе ги помине планините Пиринеи,
Во март Нарбон нема да се спротистави,
На земјата и морето тој ќе направи многу сплетки,
бидејќи Капетијан нема земја за живеење каде ќе биде заштитуван.
(Пиринеи е планински масив меѓу Франција и Шпанија.Нарбон е француски град блиску Пиринеите)
Катрен 91
Страшната чума Перинт и Никополе
Дали ќе ги потисне Полуостровот и Македонија,
Таа ќе ја уништи Тесалија и Амфиполис,
Незнајно зло и одбивање на Антиони.
( Во 1915 година, за време на првата светска војна регионите биле зафатени со тифусна треска при што иљадници луѓе починале.
Катрен 93
Непријателите се далеку од тврдината,
крепоста донесена со коли.
Ѕидините над Бургес се рушат
кога Херкул Македонецот ќе нападне.
Катрен 96Огнен фаќел ке се види горе на небото,
близу крајот и почетокот на Рона.
Глад и челик - олеснувањето ќе дојде подоцна
Персија ќе упадне во Македонија.
Нострадамус за 2010 предвидел - Ќе започне трета светска војна, војната ќе почне во Декември 2010 а ќе заврши во Октомври 2014 година. Ќе започне како војна со конвенционално оружје, ке биде за почеток применето атомско а понатака и хемиско оружје.