Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Како се справувате со сипаниците?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Како се справувате со сипаниците?   Пет Јан 28, 2011 1:02 am

Еве јас отварам една нова тема за да не пишувам во настинки и вируси, иако сипаницата е вирус, ама мислам дека е поубаво нова тема.
Засегната деновиве со мојата ќерка која има сипаници, овчи сипаници, кои е убаво секој да ги прележи на мала возраст и не би требало да има големи комликации и последици при прележувањето на истата. Вакцина за оваа сипаница не постои па децата по градинките и училиштата си ја пренесуваат.

еве веќе 4 ден како сме со сипаница и првите два дена имаше блага темепратура 37,5 еднаш до два пати качи 38 ама за 1 час сама се симна. носот многу тече, грлото е само црвено без гнојни чепови и тие два дена имаше само 3-4 брумчиња. ама затоа наредните два дена мислам дека жал ми стана колку се нафрла целата. на почеток се зезав ајде како Том и Џери од цртаниот ама сега почна и да ја чешаат и сафра да ја фаќа, а педијатарот вика само течна пудра да мачкаме и да се миеме со вода без никакви триења и без сапуни, гелови и слично. може хиперманган за дезинфекција.
многу ја чешка, дали има некој од вас што прележал овчи сипаници и што сте користеле и дали има нешто во поново време откриено против чешање?
Вратете се на почетокот Go down
tanja.v
Нов член
Нов член


Број на мислења : 148
Female Возраст : 37
Место : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Како се справувате со сипаниците?   Пет Јан 28, 2011 1:40 am

jas kolku sto znam nema nisto novo .ubavo si pisa ti mackanje so tecna pudra i mienje so hipermangan,ama pak prasaj vo apteka mislam deka ima pudra so anastetik koj go smiruva cesanjeto
Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член


Број на мислења : 192
Female Возраст : 34

ПишувањеПредмет: Re: Како се справувате со сипаниците?   Пет Јан 28, 2011 11:08 am

Дечки сакав да ве прашам дали ако сте вакцинирани од морбили (тоа беше ситната сипаница нели?) може пак да се заразите, значи колку сигурна заштита е вакцината кај нас ММР што ја ставаат?
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Како се справувате со сипаниците?   Пет Јан 28, 2011 11:24 am

јас знам дека таа има одреден рок на делување затоа има и ревакцинација дали беше на 4 или 7 години не сум сигурна, и мислам дека и после само некои 5 години сте заштитени инаку траен имунитет за сипаници и заушки се стакнува само со прележување. јас кога ја прашував матичната таа ми рече дека до 1 година од вакцинирање не би требало да фати морбили, а потоа ако ги фати дека би требало да бидат во лесна варијанта. е сега тука има многу би требало. моја препорака, ако не сте ја ставиле да си почекаш малку да зајакнете бидејќи тоа е жива вакцина и прави ршум низ организмот.
инак јас малку се распрашував по пријатели и ми рекоа дека имало во билна аптека од треви што се прави некој гел или слично арно ама нас тоа не ни одговара бидејќи имаме проблем со алергии па да не правиме дополнителни проблеми.остануваме на течната пудра, не спијам навечер ја пазам да не се чеша, а преку ден јас ја чешкам, ја галам повеќе отколку што ја чешам.
Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член


Број на мислења : 192
Female Возраст : 34

ПишувањеПредмет: Re: Како се справувате со сипаниците?   Пет Јан 28, 2011 11:34 am

Не Мама Маце ја немаме ставено баш поради алергијата на јајце.
Инаку сега нели имаше епидемија исто и на морбили, па баш се исплашив, па после испадна и тие што се вакцинирани ја фаќаат, па после си викам па и не било така страшно тоа што не сме вакцинирани.
И јас знам дека прележувањето е траен имунитет, но сакав да си го потрдам горе спомнатото дека и ако е вакциниран пак има шанси да фати, значи исто ми се фаќа
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Како се справувате со сипаниците?   Вто Фед 01, 2011 10:12 pm

еве јас да ви пишам дека ние полека но сигурно ги поминавме сипаниците, овчи сипаници, имавме среќа со чешањето што пиеме летизен за алергија која ја имаме така да немавме проблеми со чешањето летизенот добро си одработи во тој дел.мало дете до сега никоаш не сум видела во живо исфрлано со сипаници само возрасни и искрено да ви кажам многу се жални, послебно тие два дена кога се исфрлаат душички се ама јасно па и ми стана зошто малите полесно ги поминуваат и тоа на нозе во трчање хаха .сега полека ги снемува сипаниците останати се уште тие што беа поголеми ама генерално помина. е сега на имунитет ќе поработиме малку за од понеделник да може со децата да си игра+во градинка ни рекоа дека пред да дојдеме докторката мора да не прегледа во градинка за да ни каже дека сме безопасни
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Како се справувате со сипаниците?   Today at 7:48 pm

Вратете се на почетокот Go down
 
Како се справувате со сипаниците?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Здравје :: Здравјето на нашите деца-
Отиди до: