Што мислите која е целта на вашиот живот, како вие го разбирате и објаснувате ова прашање?
Многумина од нас најчесто кога сме во пубертет и созреваме се појавуваат многу прашања. Најчестото прашање на кое многу и сеуште не пронашле одговор е тоа: Зошто живееме? Која е целта на нашиот живот? Зошто живееме на земјата и умираме?
Ќе започнам од самиот почеток. Кога Господ создаде се, целата земја, растителниот и животински свет и на крај рече: “да создадеме човек според Нашиот лик и подобие„. Според Нашиот лик, а тоа значи според образот и ликот на Господ, а според Нашето подобие тоа значи според добротата, милосрдноста, едноставно светоста. Значи првосоздадениот човек, луѓе Адам и Ева биле луѓе кои едноставно биле свети и биле господари на се на земјата. Но подоцна поради непослушание, невоздржување, кратко кажано непочитувањето на постот за воздржување од храната од забранетото дрво тие паднале и таа нивна светост ја изгубиле. Од тој момент па наваму секој човек се обидува да го постигне тој степен на светост што Адам и Ева ги имале во Едемската Градина (Рајот).
Кога пристигна Господ Исус Христос, второто лице на Светата Троица ни кажа: “бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен„. Што е совршеноста? Тоа е таа состојба во која се наоѓале нашите прародители Адам и Ева. Состојба, чувство на постојано заедничарење со Господ, притоа постојано чуствувајќи Го неговото присуство во секој чекор, секој збор, секоја мисла, секој здив... Постојано чувство дека ние сме само патници кои патуваат до вечноста, но сепак се зависи од нас самите дали тоа ќе биде рајот и пеколот. Тоа е нашата цел, барем за православниот христијанин да го постигне тоа, да ги отфрли сите негативни мисли, дела кои едноставно го одделуваат од Божјото присуство и на тој начин да ја добие благодатта од Господ, зашто само со неа ќе се спаси. Сето тоа се постигнува кога човекот ќе го исфрли од себе стариот човек, односно страстите, похотите, лошото и ќе започне свет живот полн со добродетели, помагање на другите не сметајќи воопшто на себе и не мислејќи за своето добро туку за доброто на ближниот. Тоа е втората заповед од двете главни и најголеми Божји заповеди , да го возљубиме својот ближен како себе си. Љубовта е темелот на сите добродетели ако неа ја стекнеме и ја заклучиме во нашите срца на тој начин ќе го постигнеме тоа совршенсто што ни е потребно.Човечкото гледање и осозавање е многу подруго од вистинската смисла на ова навидум лесно и едноставно прашање. Затоа размислете, која е вашата цел во вашиот живот? Вечен живот исполнет со маки или вечен живот исполнет со убавини? Ова важи за секој православен христијанин, доколку вистински верува во Господ. Обидете си да си одговорите на ова прашање. Поздрав