Од православна гледна точка, православниот христијанин, поточно вистинскиот православен христијанин никогаш нема да каже каков верник е. Одговорот за ова прашање е во Православието, бидејќи оној кој е во правата смисла верник е слуга на сите други, понизен, навредуван, човек кој буквално не потекнува од овој свет, бидејќи денешниот човек има многу различни гледишта на работите, отколку вистинскиот православен христијанин и затоа тој нема смелост да се нарече верник, пред се од гледна точка на своето сопствено самосогледување и самопроценување, односно од сопственото чувство на гревовност. Кое чувсто не е познато за другите и затоа сите го сметаат за чуден човек кој како да не живее во овој свет и буквално не знае ништо за денешниот живот на другите луѓе.