Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Свекрвата - најголемата опасност за бракот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Mimi22
Најактивен член
Најактивен член
avatar

Број на мислења : 236
Female Возраст : 33
Место : скопје

ПишувањеПредмет: Свекрвата - најголемата опасност за бракот   Нед Јан 23, 2011 11:34 pm

Многу од младите парови се одлучуваат на брак, сметајќи дека семејниот живот ќе биде нивна лична работа. Ова на прв поглед невина заблуда и не води кон прашањето за семејната среќа. Дури и да сте разумни и да дознаете повеќе за семејството во кое ќе влезете, сепак нема да знаете се.


Мажите се искрено толерантни при изборот на својата сопруга, но нивната мајка обично е најголемата опасност за бракот. Таква е природата на жените, понекогаш да се неподносливи.
Не се сите исти но добро е да го очекувате и најлошото. Постојат многу фактори кои можат силно да влијаат на односите меѓу снаа и свекрва. На прво место мајките тешко ја надминуваат идејата да го отстапат на друга жена првото место во срцето на синчето. Особено ако вашиот избраник е единственото дете - пазете се од мајчинската љубомора, бидејќи таа нема да го даде без “борба’.

Дали вашиот брак ќе биде успешен можете да дознаете од врската помеѓу него и неговата мајка. Ако партнерот постојано се интересира и за се бара мислење од мајка си, се плаши од нејзиниот гнев и лесно се манипулира - тогаш бракот е осуден на пропаст. Таа секогаш има да ви даде совети и сугестии. Ако сте решени да го зачувате бракот, однесете го подалеку. Оддалеченоста со неподносливите роднини секогаш врши добра работа.

Дали Вашиот маж е мамино синче? Дали имате проблеми со свекрвата и на кој начин ги решавате? Колку свекрвата влијае врз вашиот брачен живот?

Kaj nas mm ne e mamino since se slucuvalo da imame nesoglasuvanje poradi nekoi nejzini postapki ama ne bilo nesto strasno momenti na nervoza koi lesno sme gi resavale.Obicno koga ima nekoj problem se mesam ako mora inaku ostavam mm da si gi sredi rabotite
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Свекрвата - најголемата опасност за бракот   Пон Јан 24, 2011 12:05 am

Секоја свекрва си има мана, така барем ние мислиме хахаххахаха
мојата си имаше мноооооогу мани, но одкако си живееме сами се е супер, но нејзините навики неможат да се сменат. Вук длака мења али памет не мења - така беше нели?
ММ секоја чест во ниеден случај не се покажал како мамино синче, машки постапувал и самостојно. Секогаш стоел зад мене кога сум била во право, но кога не сум била во право ме советувал. Секаде има напната атмосфера ако се живее во заедница. Го имам искусено тоа одлично и сега ми е супер што сме сами. Мир во глава - раат на душа! ура

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: Свекрвата - најголемата опасност за бракот   Пет Јан 28, 2011 3:41 pm

Искрено кажано да се сите свекрви како мојата светот би цветал, не би можела ниедна снаа да каже или да се пожали за нешто. Секоја чест таа е прекрасна жена, со добра и смирена душа, не знае да навреди некој (се разбира да не се премине секоја граница), и милион други позитивни работи. Искрено ја сакам како своја мајка, повеќе излегувам да прошетам или да купам нешто со неа отколку со некој друг, постојано сме заедно (заедно живееме), си кажуваме многу работи што ни се случиле или што размислуваме, постојано за се се советуваме без разлика за која било работа... Навистина постојат и некои моменти кога се случуваат некои негативни работи, но секогаш наоѓаме решение, Му благодарам на Бога досега воопшто не сме се скарале или за нешто да си го повишеме тонот на разговор иако сме со мм заедно околу 8 години од кои околу 5 (без малку) во брак. Му благодарам на Бога што се е во ред иако знам дека потребно е разбирање од двете страни, попуштање, но навистина сме си погодени и сложни и се надевам во иднина секогаш ќе си бидеме такви.
Едно сакам да кажам, сите сме различни карактери, но секогаш треба да постои една средина. Потребно е разбирање, премолчување на некои работи, едноставно со доброто да се победи лошото. Знам дека постојат случаеви каде работата е многу тешка и никако не може да се најде разбирање и решение на некои работи, но сепак и пак ќе речам само со добро да се враќа.
Вратете се на почетокот Go down
tuna
Баниран
Баниран


Број на мислења : 4
Место : Вистинската жена НЕ изневерува маж!

ПишувањеПредмет: Re: Свекрвата - најголемата опасност за бракот   Пет Фед 11, 2011 9:18 pm

Jas gi pravdam svekrvite bidejki tie sekogas go mislat najdobroto za svoeto dete, taka da soprugite ako se sareni ili sakaat se da bide po nivno normalno deka ke imaat problem so pravedniete svekrvi
Вратете се на почетокот Go down
http://en.wikipedia.org/wiki/Men%27s_rights
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Свекрвата - најголемата опасност за бракот   

Вратете се на почетокот Go down
 
Свекрвата - најголемата опасност за бракот
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Семејството и бракот :: Брак-
Отиди до: