Што превземате во одржувањето на ноктите на нозете, колку внимавате на нивниот изглед и дали редовно ги средувате?
Јас зимно време еднаш неделно ги средувам со дотеруванње. Летно време каква шарка на раце таква шарка и на нозе, маникир на раце маникир на нозе. Многу сакам средени нокти. А и ме бива за шарање, си имам професионални четки,иглички,печати,лакови,циркони... така да се сама си изработувам и узивам.
Исто така дали ви се случува ноктот да ви враснува во месото, и како се справувате со него, дали тоа справување е привремено или сте се опоравиле? Јас од враснат нокт патам веќе 4-5 години, на левата нога, палецот. Долго време имав огромни болки, одев на операции, но ништо не помага.Сега ми препорачуваат да одам на пластичар, но некако веќе немам храброст. Почнав сама да го засекувам некако и еве фала богу веќе 7-8 месеци сум подобро. Но сепак не е тоа тоа кога на периоди е во ред а после повторно болки и се друго.