Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Мали трикови

Go down 
2 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Мали трикови Empty
ПишувањеПредмет: Мали трикови   Мали трикови EmptyНед Јан 23, 2011 9:54 pm

Ова се совети кои најчесто ги даваат врвните козметичари, стилисти и визажисти. Како да се одржувате убави?


1. Сакате очите да ви изгледаат поголеми?
Немојте да користите темни сенки. Почнете со основа со боја на кожата, а потоа нанесете сенка за нијанса или две потемна од основата. Со прсти распоредете ја бојата кон веѓите.

2. Кога се обидувате да ги сокриете акните, дамките или ситните брчки, одберете боја која ќе неутрализира. На пример: коректор во боја на портокал е спротивставен на темните подочници. Коректор со благо зелена боја ќе го покрие црвенилото од акните. За разлика од пудрите, коректорите се главно направени од пигмент и не треба да ги нанесувате во голема количина.

3. Се обидувате да го сокриете уморот? Избегнувајте нанесување на подлога од пудра. Наместо пудра користете хидратантна крема, а потоа применете моливче со боја кожа за да го прикриете црвенилото околу очите.

4. Наутро е ладно во бањата, но немојте да ја загревате туш кабината. Топла вода во комбинација со ладна и сув воздух, создава груба и сува кожа. По брзото туширање нанесете хидратантен лосион.

5. Тајна за глатки и меки усни: употребете ја својата најдобра крема за очи. Но, бидете сигурни да содржи хидратантна формула.
Избор
_____________________________________________________________________________________

Пишувајте совети, за поубав изгледа, шминкање, комбинација бои...
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Мали трикови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мали трикови   Мали трикови EmptyНед Јан 23, 2011 10:01 pm

Нанесете туш за очи

Се снаоѓате ли со нанесувањето туш на очите? За совршено добро исцртана линија потребен е малку тренинг. И не секое око трпи ист начин на шминка.

Затоа ако веќе се решавате за ваков тип на исцртување на очите, имајте ги на ум овие неколку варијанти:

1. За мали очи. Повлечете ја линијата со црн туш по горните капаци така што постепено ќе се задебелува кон надворешните рабови. На работ на долните трепки повлечете тенка линија со некоја посветла боја како златна, сребрена или бела.

2. Вцрвенети очи. Линијата на горниот капак нанесете ја со пастелен темен туш. Потоа преку тушот, на надворешните рабови на горниот капак нанесете нежна неутрална сенка за очи (сива или кафена), и со истата сенка повлечете тенка линија по рабовите на долните капаци од очите.

3. Уморни очи. Тенка линија повлечете по самиот раб на горните трепки, внимателно виткајќи ја нагоре кон самиот надворешен раб на капакот.
Извор

Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 43
Место : Скопје

Мали трикови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мали трикови   Мали трикови EmptyЧет Фед 10, 2011 3:57 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Мали трикови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мали трикови   Мали трикови Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Мали трикови
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Мода и убавина :: Лице и тело-
Отиди до: