Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Пост

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Пост   Сре Јан 05, 2011 7:32 pm

Неврзано која вера сте, дали постите?Кога постите и дали постот го правите затоа што морате или затоа што едноставно чувствувате духовна потреба,сакате да постите?

Јас најчесто постам за велигден,не затоа што морам, туку бидејќи си се чувствувам убаво.
Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Воскресија
Модератор
Модератор


Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: Пост   Саб Јан 08, 2011 3:51 pm

Во Православието, постот зазема големо значење за православните христијани. Пред се ако ја согледуаме неговата важност ќе дојдеме до заклучок дека тоа е само средство кое ќе не донесе до посакуваната цел, односно приближувањето и заеничарењето со Господ. Некои викаат, па тоа е само измислица, нешто модерно, па каде пишува дека треба да се пости, кој постел? Одговорот е уште многу оддамна, првобитниот живот, животот на првобитните луѓе Адам и Ева во рајот. За оние кои не знаат, во Светото Писмо пишува (Стариот Завет) дека Господ му заповеда на човекот од сите растенија што се во Едемската Градина (Рајот) да јаде, освен од дрвото на Познанието на животот да не вкусува. Точно овде е заповедта за постот, воздржување од некоја храна. Зошто се пости? Постењето е средство при кое самото тело со неговите страсти се потчинува на волјата, на разумот. Се воспоставува самоконтрола, бидејќи ако не можеме да се воздржиме од храната односно од телесното, што преостанува за духовното и како ќе може понатаму духовното да се надвладее кога не се може да победи телесното. Затоа постот е многу важен. Во Новиот Завет, Господ Исус Христос ни заповеда, само со пост и молитва се изгонува овој род. Кој род? Тоа е родот на оние Ангели кои се возгордеале и заради таа гордост што сакале да го заземат местото на Господ и владет како Него паднале најдлабоко, паднале во пеколот. Тука е целата смисла на постот, што кога ќе го победиме и потчиниме телото на волјата и разумот, односно на доброто, дури тогаш ќе можеме во правата смисла да се бориме со мислите и помислите кои ни ги става добромаразителот на човештвото, ѓаволот за постојано да грешиме и да не ја добиеме наградата, животот со Господ. Тоа е суштината на постот ако се воздржиме од храна понатаму ќе се воздржиме од лоши дела, лоши мисли, лоши страсти... А сето тоа оди пополека не може веднаш да се искоренат некои работи кои се слеале во срцето на човекот и прераснале во страсти. Многу викаат, за џабе постите кога кажувате некои зборови или правите нешто? Тоа е најтешко и како што кажав тоа оди многу полека, не може веднаш се да се искорени, за тоа да се постигне потребно многу време и премногу напорна работа за да му се даде на срцето што теба да мисли и чувствува. Затоа не треба да се осудуваме и озборуваме еден со друг, зашто оној кој не пробал не знае. А кога сето тоа ќе го почуствува на себе, на своја кожа тогаш неговото мислење ќе се смени и ќе увиди дека грешел што зборувал и размислувал така, дека духовното постење е многу тешко и воопшто не е лесно да се изведе во реалноста и секојдневниот живот.
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Пост   Нед Јан 09, 2011 12:14 am

јас не постам, веќе долги години не јадам месо, ама тоа не ме прави ни вегетеријанец ни пак дека постам. постењето според мене е многу добро темпирано и е баш ставено во период после новогодишни и божиќни празници, веројатно има и после уште некој празник, кога најмногу се јаде и искрено некако после толку тешка храна на луѓето им е потребно малку да си го ослободат организмот од мрснотии и шеќери па ете велигденските пости баш се супер темпирани за таа цел. имаат и медицинска оправданост не само еве да речеме духовна. мене ме интересира следново, зошто за време на велигденски пости црквата ниту венчава ниту крсти. значи ова сум прашала по нашиве цркви и навистина за велигденски пости ниту венчаваат ниту крстат.
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор


Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: Пост   Нед Јан 09, 2011 5:17 pm

Мама Маце, да ти одговорам на поставеното прашање на кое немаш одговор.

Велигденскиот пост е пост кој Црквата го востановила, бидејќи го симболизира 40 дневниот пост на Господ во пустината кој пост бил воопшто без ништо. Исто така ги симболизира страдањата, измачувањата, распнувањето и смртта на Господ. Затоа овој пост е и најстрог според каноните и правилата на постење во однос на храната, значи во овој пост најправилното постење е цела недела од понеделник до петок да се пости на вода, а тоа значи храна приготвена без масло, храна без риба, а додека во сабота и недела дозволена е храната со масло. Значи на овој начин се пости седум недели. Последната недела најмногу го означува тоа почнувајќи од самото предавање, измачувањето, страдањето и носењето на Сопствениот крст до Голгота и Неговата смрт. Затоа овој пост е најстрог и Црквата не дозволува ни крштевки ни венчавки. Сепак крштевките и венчавките се весел и среќен чин за секој од нас и секогаш ги прославуваме, а тој пост е тажен и навистина не е убаво да приредуваме забави (доколку вистински веруваме во Господ) во тој период. А исто така тука е храната која што скоро секогаш е мрсна, а тогаш се пости (без разлика дали семејството пости или не).Се надевам дека ти помогнав да разбереш.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Пост   

Вратете се на почетокот Go down
 
Пост
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Религија-
Отиди до: