Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Кандида

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Воскресија
Модератор
Модератор


Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Кандида   Сре Јан 05, 2011 7:08 pm

Дали досега сте имале кандида? Како ја лекувате, дали повторно ви се појавува по подолг период?

Ја имам доста одамна. Секакви таблети и што ли уште не пробав, но залудно од ништо не поминува. Орално најчесто ми поминува со маст канестен, ама сепак ја имам внатре и не е воопшто лесно потполно да се искорени. Едно што научив е дека е потребно многу внимание на исхраната. Помалку конзумирање на благи работи, чоколади, слатки се што содржи шеќер, потоа компирот, киселото... За да се воспостави киселоста (бидејќи е нарушена и затоа се добива кандидата) потребно е да се конзумира повеќе јогурт и ако можете лук. Еве ви еден лек за кандидата, а исто и за другите инфекции, кој досега не сум го применила, а имам слушнато дека е многу делотворен.
Еден поголем чен лук се чисти, мие и се сече во должина. Се обвиткува во газа и се става како вагиналета преку ноќ, пришто еден дел од газата да остане надвор за да може да се изваде. Се повторува неколку ноќи истата постапка, не се носи преку ден.
Она што мене ми помогна е лукот, чајот од ајдучка трева, кантарион, мајчина душица. Знам дека сеуште ја имам ама не како порано со јадеж.
Вратете се на почетокот Go down
Cucika
Администратор
Администратор


Број на мислења : 39
Female

ПишувањеПредмет: Re: Кандида   Чет Јан 06, 2011 2:43 am

Ужасно ја мразам оваа пуста кандида. нервозен сукало Имам користено Полигинакс вагиналети, Канастен вагиналети и крем, кантарион (масло), Плантагин вагиналети, се имам миено со вода и сода бикарбона но, никогаш не добив некој долгорочен ефект. Се беше моментално. Единствено Дифлазон капсулата ми помогна најмногу, 2пати имам пиено таква капсула(се пие само една од 150мг, задолжително двајцата партнери ,најмногу еднаш месечно). Исто така задоволна сум и од Лактогин капсулите ,меѓутоа за да се има навистина добар ефект треба да се пијат подолго време, мене ми идат малку поскапи околу 500ден мислам дека беше кутија , а една кутија е за 1недела, се пијат најмалку 3-4недели за да има видлив ефект.
Исто така приметив дека од секојдневните влошки ,како и боди маички имам зголемен исцедок, па поради тоа се одвикнав од нивно користење. Сега можам да се пофалам дека 3-4месеца сум на раат од ова досадна кандида. је је
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Кандида   Нед Јан 09, 2011 12:30 am

кандидата пред се се јавува како намален имунитет. без разлика каде ја имате таа се активира баш од таа причина и кога се лече мора двајцата партнери истовремено да се придржуваат до терапијата била таа медицинска или со храна. сексот е препорачливо да биде со презерватив од 3 до 6 месеци. за храна еве Воскресија напоменала, шеќер и како, а јас би кажала и печурки не смее и секакви видови на лебни производи. јас имав само еднаш после породувањето, на што гинекологот ми рече дека е нормално поради намалениот имунитет и само со исхрана и појачан имунитет ја откачив
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Кандида   Нед Јан 09, 2011 4:29 pm

До сега не сум имала проблем со кандида. Инаку имав проблем со вагинален секрет (изменета боја). Прво си помислив дека се работи за кандида. По извршениот преглед се утврди дека имам најобична габична инфекција. Користев вагиналети Polygynax.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Кандида   

Вратете се на почетокот Go down
 
Кандида
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Здравје :: Здравјето на возрасните-
Отиди до: