Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Торти, ролати, колачи

Go down 
+3
Biba
Воскресија
Chocolate
7 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyНед Јан 09, 2011 2:40 pm

Обланди

1 пакување обланди
750 г. шеќер
200 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
1 маргарин Кристал
400 мл. вода

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат две минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи на пареа и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и мелените бисквити и тоа се меша со лажица. Додека филот е топол, се става врз обландите.
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
Воскресија


Број на мислења : 70
Female

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyНед Јан 09, 2011 7:40 pm

Ситни слатки

Милки

Потребно: 250 гр. млеко во прав, 250 гр. шеќер во прав, 130 гр. маргарин ( на собна темература, не стопен), 100 гр. сецкани лешници, 100 гр. рендана бела чоколада, сок и кора од еден портокал.
Подготовка: Се убаво се замесува (со рака) и се остава малку да се стегне маргаринот (наубаво во ладилник неколку минути), бидејќи ќе излезе многу течно и лепливо. Потоа се обликуваат во калапчиња или во голем долг калап од кој се сечат парчиња. Глазурата најчесто ја правам од стопена црна чоколада.
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член
Biba


Број на мислења : 77
Female

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 10, 2011 2:36 am

Бомбици "Big apple"

1кг рендани јаболка, 1/2кг шеќер, 1 кесичка кокос + ореви по желба
Јоболката добро се пржат да испари течноста, потоа се додава шеќерот и се пропржува учте малку додека не се стопи тој а смесата да се соедини.Се додава кокосот и добро се меша а потоа се обликуваат и се валкаат во мелени ореви


Тулумби
800гр шеќер и 400гр вода-да зовријат, па се цеди малку лимон и се остава да се излади.
500гр вода и 1 филџан масло-да зовријат па се додаваат 300гр брачно и малку се пропржува смесата за да се изедначи.Кога ќе се излади се додаваат едно по едно 5 или 6 јајца.Добро се меша, се става во шприц и се пржи на загреано масло


Тирамису
3јајца се матат со 8-9 лажици шеќер и пола кг хопла.Постепено се додаваат 1 чаша млеко, 3лажици нес кафе и 1 лаж шеќер(матејќи треба да се стопи). 400гр мелени бисквиди се потопуваат во млеко и се редат во плехче 3 реда бисквиди и 3 реда фил.Се завршува со рендано чоколадо
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член
Biba


Број на мислења : 77
Female

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 10, 2011 5:26 am

Таргет торта
4белки се матат со 5лаж шеќер и се додава 1 лаж брашно и 8 лаж мелени ореви.Вакви се прават 4 округли теста
Фил-16 жолчки се матат со 15лаж шеќер и се додава 9лаж брашно или густин и во 0.5л вриено млеко, се прави крем.Се бие еден маргарин со 8 ванили и се меша со изладениот крем
Настрана се топи 250гр чоколада со половина маргарин(125гр)2 лаж какао малку масло и лаж вода.Се става една кора, па се прелива со чоколадата па се филува.и така со сите кори.На крај се става шлаг
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 10, 2011 5:50 pm

Сникерс

2 јајца
250 г. шеќер во прав
1 маргарин Кристал
300 г. мелени бисквити
300 г. сецкани кикирики
200 г. мелени кикирики
рендана кора од лимон
мед
1 чоколадо за готвење

Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Се додаваат јајцата, мелените бисквити, мелените кикирики и ренданата кора од лимон. Ова се мати и се формира долгнавеста форма. Од сите страни се мачка со мед, па се ставаат сецканите кикирики. Се сече на парчиња и се става во фрижидер да се излади.
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
Воскресија


Број на мислења : 70
Female

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyНед Јан 16, 2011 4:07 pm

Лешник слатки

Потребно: 200 гр. бело чоколадо, коцка маргарин (1/8 од 250 гр.), 100 гр. шеќер во прав, 150 мл. хопла, 250 гр. мелени бисквити, 150-200 гр. потпечени и толчени лешници.
Подготовка: На тивок оган, во еден сад се става хоплата, шеќерот, маргаринот и чоколадото. Се меша додека потполно се стопи и се трга настрана потполно да се излади. Откако се излади смесата се додаваат мелените бисквити и толчените лешници. Смесата убаво се месе со рака и се обликува, или во малечки калапчиња или во голем калап.

Торти, ролати, колачи Copyofpicture237
Вратете се на почетокот Go down
tanja.v
Нов член
Нов член
tanja.v


Број на мислења : 148
Female Возраст : 44
Место : Skopje

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyНед Јан 16, 2011 6:51 pm

4 casi brasno
2 casi mleko
2 casi zejtin
1 pecivo
1 vanila
2 casi seker
100gr mak
se meri so ista casa

se se mesa se pece vo zagreana rerna na 180 stepeni okolu polovina.
koga e gotova se poliva so stopena cokolada
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 17, 2011 12:27 am

Бајадери

250 г. мелени бисквити
150 г. мелени ореви
50 г. какао
1 ванила
400 г. шеќер
100 г. чоколадо за готвење
150 г. маргарин Кристал
100 мл. вода
зејтин

Чоколадото за готвење се топи на пареа. Откако ќе се стопи, се мати со малку зејтин. Во друг сад се матат мелените бисквити, мелените ореви, ванилата, шеќерот, маргаринот и водата. Од ова се зема пола дел и се формира четириаголник. Во другиот дел се додава какаото и се мати. Овој дел се става вр првиот дел. Најодозгора се става растопеното чоколадо за готвење. Се сече на мали правоаголници.
Вратете се на почетокот Go down
Mirjana
Нов член
Нов член



Број на мислења : 128

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 17, 2011 11:45 am

Devojki dajte ubava recepta za baklava ama redena:)
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 17, 2011 1:31 pm

Баклава

1кг кори за баклава
400г мелени ореви
100г сецкани ореви
100г шеќер
масло по потреба
Шербет- 750г шеќер, со 0,5л вода и 1 лимон сечен на кругови
_______________________________________________
Измешај ги мелените и сецканите ореви со шеќерот.
На намачкан плех за баклавата, ке редиш 4-5 кори секоја попрскана со масло, и после смесата од ореви, повторно 4-5 кори попрскани со масло и смесата со ореви одозгора над 5та кора, се така додека не ти се потрошат корите и материјалот. Последната кора ке ја намачкаш со масло одозгора, баклавата ке ја исечеш ромбоидно или квадрати, стави во рерна и печи на 180с додека кората горна не зарумени, само внимавај да не ти изгори. Кога ке ја извадиш баклавата ако сакаш да ти биде крцкава ке ја посипеш веднаш со шербетот ( врел шербет, врела баклава), но ако сакаш да ти биде мека, ке оставиш баклавата малку да се подолади и ке го сипеш топол шербетот. Остави да упие, и покриј. Добар апетит!
Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член
Sara


Број на мислења : 192
Female Возраст : 42

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 17, 2011 4:36 pm

Баклава со вишни

Потребни состојки:
- пола кг. кори за баклава
- пола кг. вишни
- 1 шоља зејтин (голема шоља како за млеко)
- 1 шоља кисело млеко (исто како горе)
- 1 шоља шеќер (исто како горе)
- 1 пециво
- 1 ванила

Се прави фил од зејтин. шеќер, кисело млеко, пециво и ванила.
Се редат корите и секоја се премачкува со филот. Се додаваат вишните на два пати, отприлика на секоја 5-6 кора се ставаат вишни, и на последната кора одозгора се истура целиот останат фил.
Се сече на коцки пред да се пече и се пече на 180-200 степени околу 45 минути.
Додека се пече некаде на половина (околу 20 мин) кога ќе се зарумени целата баклава одозгора се покрива со алуминиумска фолија и се враќа назад на печење (за да се испече убаво внатре).
Кога ќе се испече се вади да се олади баклавата.
Се прави Шербет од 2 шољи шеќер, 1 шоља вода и пола исцеден лимон.
Се врие неколку минути додека згусне и се остава шербетот да се замлачи.
Баклавата се полива ладна со млак шербет.
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyВто Јан 18, 2011 4:31 pm

Ресана торта

1 кг. ресана
200 г. мелени ореви
250 мл. млеко
1 маргарин Кристал

Ресаните се сечат на 4 дела и се ставаат во длабок сад. Се додаваат мелените ореви и се меша со лажица. Во тенџере се ставаат млекото и маргаринот, за маргаринот да се стопи. Откако маргаринот ќе се стопи, се додава кај ресаните. Се меша со лажица и се формира долгнавеста форма. Се остава во фрижидер да се излади.

Бомбици

700 г. мелени бисквити
4 филџани млеко
4 филџани шеќер
1 ванила
пола маргарин Кристал
1 чоколадо за готвење
кокос

Во тенџере се ставаат млекото, шеќерот, ванилата, маргаринот и чоколадото за готвење да се варат. Откако ќе се сварат, се оставаат да се изладат на собна температура. Се додаваат мелените бисквити и се меша со лажица. Се формираат топчиња и се валкаат во кокос.
Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член
Sara


Број на мислења : 192
Female Возраст : 42

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyВто Јан 18, 2011 4:44 pm

Chocolate напиша:
Ресана торта

1 кг. ресана
200 г. мелени ореви
250 мл. млеко
1 маргарин Кристал

Ресаните се сечат на 4 дела и се ставаат во длабок сад. Се додаваат мелените ореви и се меша со лажица. Во тенџере се ставаат млекото и маргаринот, за маргаринот да се стопи. Откако маргаринот ќе се стопи, се додава кај ресаните. Се меша со лажица и се формира долгнавеста форма. Се остава во фрижидер да се излади.



Chocolate да ти ја надополнам рецептава за ресана торта (барем јас така ја правам) ставам и малку рум и 100 гр суво грозје, Кога ќе ја направам форма, одозгора ја премачкувам со шлаг.
Вратете се на почетокот Go down
Mirjana
Нов член
Нов член



Број на мислења : 128

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyВто Јан 18, 2011 4:45 pm

Sara da te potsetam cekam recepta za reformot
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyВто Јан 18, 2011 4:48 pm

Sara напиша:
Chocolate да ти ја надополнам рецептава за ресана торта (барем јас така ја правам) ставам и малку рум и 100 гр суво грозје, Кога ќе ја направам форма, одозгора ја премачкувам со шлаг.

А колку рум ставаш во тортата?
Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член
Sara


Број на мислења : 192
Female Возраст : 42

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyВто Јан 18, 2011 4:53 pm

Па да ти кажам колку ми се пие хухуху
Онака отприлика истурам, ама многу убав вкус добива така тортата, отприлика ајде од мало шишенце рум 1-2 капачиња.
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyСре Јан 19, 2011 2:06 am

Шишарки

200 г. маргарин Кристал
200 г. мед
100 г. шеќер
100 г. чоколадо за готвење
100 г. мелени ореви
100 г. сусам
чокомакс

Во тенџере се ставаат маргаринот, медот, шеќерот и чоколадото за готвење, за да се стопат. Откако ќе се стопат, тенџерето се трга од оган. Се додаваат мелените ореви, сусамот и чокомаксот. Се меша со лажица. Шишарките се обликуваат во цедилка за лимон.

Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyНед Јан 23, 2011 11:56 pm

Еклер Торта


Производи за тестото

1 јајце
1 пециво
2 / 3 ч. шеќер
1 / 2 ч. јогурт
1 ч. брашно
1 ванила
1 лажица истискан сок од лимон и кора
75 г масло

Производи за кремот


500 мл млеко
2 жолчки
8 с.л.шеќер
5 с.л.брашно
1 капсула ванила
2 кесички желатин

100г црна чоколада
100г бела чоколада

1 слатка павлака

24 мали еклери

Глазура

2 белки
100г шеќер
1 ванила

Подготвување

* Постепено матате го јајцето со шеќерот и додајте го млекото.
Пецивото брашното и ванилата измешајте ги и сипете ги во смесата со јајцата. Зачинете со лимонова кора и конечно сипете го маслото. Добро измешајте сè. Сипете го тестото во плех со округла форма, покриена со хартија за печење. Испечете го тестото во претходно загреана на 170 * рерна.

* За кремата помешајте ги шеќерот и брашното. Разредете со малку млеко и измешајте да добиете мазна каша. Стави жолчки, мешајте и доразредете со остатокот млеко. Се вари густ крем. Го тргате од огнот и потоа желатин. Нема потреба од топење претходно, тој ќе се раствори од топлиот крем, но не заборавајте да мешате додека не се истопи.
Додека кремот е жежок распоредете го во два одделни садови, во еден наполнете 2 / 3 од него. Во помалиот дел на крем ставете ја растопената црна чоколада. Мешајте додека не се истопи. Во повеќето крем ставете го белото чоколадо и повторно мешајте додека чоколадата не се истопи. Оставете кремовите да се изладат. Матете ги белките и добијте снег.
2 / 3 од снегот ставете во белиот крем. Миксирајте ги добро двата крема посебно со миксер на брзи вртежи. Целта е да станат лесни и меки, може да се поразредат од разбивањето, но потоа ќе се стегнат од желатин.

* Секој има свој рецепт за еклери. Ако сакате можете да ја користите оваа што ја правам. Наполнете ги еклерите со темно чоколадо крем.

* Ставете го тестото испечено во калапот од кој се печел и стегнете го кругот. Подгответе помалку од светлиот чоколадо крем. Ако ви останал темниот крем го раширувате на тенок слој за да се добие при сечење нешто како темна линија. Наредете половина еклери и ги опкружувате со кремот. Ставете ја тортата во ладилник на неколку часа за да се стврдне добро желатинот.

*Матете ги белките се додека не добиете цврст снег. Постепено ги ставате шеќерот и ванила и продолжувате да матите се додека не добиете цврста смеса.

* Отстранете го рингот од желираната торта помагајте си со нож. Наредете ги горе останатите еклери и покријте ги со белиот снег. Ако сакате запечете ја за кратко тортата под загреана рерна додека добиете карамел боја.

Добар апетит!
Слика од тортата има во Зимска шема Торти, ролати, колачи 385559
Вратете се на почетокот Go down
tanja.v
Нов член
Нов член
tanja.v


Број на мислења : 148
Female Возраст : 44
Место : Skopje

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyПон Јан 24, 2011 5:12 pm

Krem pita

se pecat kori za lisnato testo vo pleh od sporet .

fil 6 zolcki se matat so 250 gr seker
se dodava 2 vanili ,dva pudinga od vanila,70 gr brasno i 15 lazici mleko pak se mati
ovaa smesa se stava vo 1l mleko i se vari dodeka da zgusne ,se dodava slagod od 6 zolcki postepeno se mesa ubavo i se vari povtorno ,koga ke se zgusne se trga od sporet i se dodava 100gr margarin.
koga ke bide oladeno se stava vrz gotovite kori a odozgora povtorno se redat kori i se posipuva so 100 gr seker vo prav


Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член
Sara


Број на мислења : 192
Female Возраст : 42

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyВто Јан 25, 2011 2:19 pm

Најлесен рецепт за колачиња што е и вкусен истовремено
Купувате чајни колачи (тоа се оние како суви колачи со дупче во средината - мислам дека ги викаа колутичи) има разни низ продавнициве, ви треба млеко, еурокрем и мелени ораси.
Се потопува чајното колаче во млеко, се мачка со еурокрем и се прави како седнвич, така сендвичот се валка во мелени ораси, и излегуваат многу вкусни колачиња. Благодарам
Вратете се на почетокот Go down
Mirjana
Нов член
Нов член



Број на мислења : 128

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyЧет Јан 27, 2011 4:35 pm

Tanja aj malce poveke da ni objasnis so korive ne mi e jasno kako vikas gi peces site odednas ili na pola podeleni , gi prskas li korite so nesto.
Вратете се на почетокот Go down
tanja.v
Нов член
Нов член
tanja.v


Број на мислења : 148
Female Возраст : 44
Место : Skopje

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyЧет Јан 27, 2011 5:06 pm

mirjana korite gi pecam kako sto se koga ke se ispecat neli se vo poveke sloja pa gi delam na pola (gi dvojam) mislam deka me rezbra ako ne ke e obidam nekako pojasno da ti objasnam
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyЧет Јан 27, 2011 5:16 pm

Мирјана ако сакаш голема тортата да ти излезе ке испечеш две кори, но ако сакаш момала тогаш остануваш со ена кора подлеена на 2 правоаголника или по должина ке делиш,кори па фили пак кори одозгора, можеш да посипеш со прав шеќер.
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyСаб Јан 29, 2011 8:37 pm

Ајде еве ви ги рецептите:

Проја
4 јајца
3 филџани за кафе млеко
1 фил. кисела вода
250г сирење
4 филџ. зејтин
4 филџ. пченично брашно
3 филџ. пченкарно брашно
1 филџан палента
2 пецива

Тавата пред печење ќе ја премачкате со маргарин, ке ја сипете смесата и нека одстои малку да стаса, се пече 30-40мин зависи од шпоретот на 200 степени.
_______________________________________________________________

Колач со мак

300грама брашно
200 грама шеќер
4 јајца
100мл зејтин
200мл млеко
1 пециво
100-200грама афион/мак

Се матат пенесто шеќерот со јајцата и се доваат другите состојки. За да не се намали смесата со лажица се мати тестото и сипува во подмачкан плех. Се пече на 200 степени 15-20 минути додека не зарумени и се остава да се истишти за внатре да се исуши. За подобар вкус можеш да направиш шербет и да го полиеш колачот или пак да го прелиеш со глазура од чоколадо растопено на оган со малку млеко, маргарин.
( Рецептот е од cucika)

_________________________________________________________________

Непечена торта
200г сецкани ореви
200г суво грозје
200г шеќер во прав
180г желе
220г чоколадо
1/2 кг кекси
2 млаки шољи млеко
чаша рум
250г маргарин
3 жолчки
1 шлаг пена

Се се меша и формира торта, одозгора се филува со шлаг.
___________________________________________________________

Палачинка на тост

1/2кг млеко
3 јајца
1 лаж мала сол
200г вода
1 лаж шеќер
200г зејтин
400г брашно
1 пециво

Вратете се на почетокот Go down
Sara
Активен член
Активен член
Sara


Број на мислења : 192
Female Возраст : 42

Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи EmptyСаб Јан 29, 2011 10:22 pm

Бети Буп какви се овие палачинки за на тост, мислиш на вафли?
Јас имам еден рецепт за вафли ги правам на специјален тост во форма на срциња за вафли...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Торти, ролати, колачи Empty
ПишувањеПредмет: Re: Торти, ролати, колачи   Торти, ролати, колачи Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Торти, ролати, колачи
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» Декорација на торти, ситни колачи...
» Солени торти
» Свадбени торти

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Рецепти-
Отиди до: