Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Брачен нумеролошки број

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
BetiBup
Модератор
Модератор


Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Брачен нумеролошки број   Пет Јан 21, 2011 5:28 pm

Ајде да видиме кое е значењето на нашиот брачен нумеролошки број. Соберети гри бројките од датата кога сте се венчале, треба да ви излезе само еден број.

Еве пример: 15.09.2007 е датумот на мојата свадба, сега ке ги соберам сите броеви и ќе добијам едноцифрен број: 1+5+0+9+2+0+0+7=24=2+4=6
Значи - мојот брачен нумеролошки број е 6

Брачен број 1
Владетел на овој број е Сонцето , што укажува на оптимизам и меѓусебна доверба во брачната заедница.Самата средба и запознавањето било многу романтично,незаборавно. Брак кој е под влијание на Сонцето говори за голема заљубеност романтика и потполно посветување еден на друг. Би требало да поработите врз контрола на посесивноста и на доминацијата на едниот брачен партнер.

Брачен број 2
Со овој брак владее Месечината, овие луѓе стапуваат во брак
поради нивната вистинска желба за основање семејство. За овој брак е карактеристично и можното присуство на пород од бившите бракови. Самата венчавка обично е или екстремно богата или екстремно сиромашна. Препрека во хармонија се мајките на обата партнери кои се мешаат во односот на сопружниците, па емоционалната зрелост е успех на овој брак.

Брачен број3
Владетел на овој број е планетата Јупитер. Во овој случај се јавува можност бракот да е склопен од интерес,поради материјалната и емоционалната сигурност.
Сопружниците имаат можности за голема заработка и за висок друштвен статус. Самиот чин на венчавката бил гламурозен, а нивниот дом, без разлика во кој стил е уреден, е мал дворец. Бројот три гарантира плодност со многу деца во овој брак, семејни средби и прослави. Во оваа заедница емоциите се мирни и стабилни, па во екстремен случај може да се јави и рамнодушност.Затоа навреме прифатете ја секојдневицата и рутината и трудетет се колку што можете повеќе да подготвувате изненадувања.

Брачен број4
Владетел на овој брак е Сатурн,Основната карактеристика на овој број е стопроцентната верност меѓу сопружниците.Покрај тоа што живеат под ист кров и што спијат во ист кревет, овие партнери можат дури и да работат заедно и да создадат успешен семеен бизнис. Секој нивен чекор е испланиран до детали. Во овој брак
важна е традицијата и семејното
име, потомството и внимателното планирање на иднината.Овој број укажува на хармонија и согласнот меѓу сопружниците.

Брачен број5
Со овој брак владее Меркур,најважно за оваа заедница е квалитетот и комуникацијата меѓу сопружниците.Поради Меркур постои можност за прељуби, многубројни кратки и долги патувања, па дури и живот надвор од татковината, но овој брак
така функционира. Постои можност да е заклучен меѓу млади луѓе кои се знаат од детството или од студиите, можеби еден од партнерите
после венчавката
сеуште студирал а другиот му помагал.Овие луѓе секогаш се активни и покажуваат интерес за сите животни сфери.Но неопходно е повеќе да работат на бракот и партнерот.

Брачен број 6
Со овој број владее Венера како заштитничка на љубовта и бракот.Главни особини на оваа заедница се голема љубов, нежност и хармонија.
Овој брак
е чувствителен на надворешни влијанија и често е мета на разни напади и опасности. Но, благодарејќи и на Венера партнерите лесно се смируваат.Негувајте ја својата голема љубов како центар на својата заедница и чувајте ја од надворешни искушенија.

Брачен број 7
Со овој брак владее Уран кој носи чести и неоченувани промени. Бројот седум
укажува изненадувања кои ја оживуваат секојдневната рутина. Луѓето во овој брак често поседуваат различен степен на образование, а можеби се присутни
и културни, верски и расни разлики. Поради немирниот живот бидете многу
стрпливи, толерантни и имајте доверба, за Вашиот брак да биде успешна и функционална заедница.

Брачен број8
Со бракот владее планетата Марс, па сексуалните односи во оваа заедница играат значајна улога. Бројот осум дава многу успешен брак а сопружниците се создадени еден за друг. Веројатно се заљубиле на прв поглед. Можно е еден партнер да се жртвува поради кариерата на другиот. Но без обзир на тоа, во
секој сегмент на животот ќе се согласуваат, па можна е и успешна деловна
соработка. Затоа за овие партнери со право може да се каже дека се една душа во две тела.

извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
 
Брачен нумеролошки број
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Други науки-
Отиди до: