Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Пици

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Пици   Чет Јан 20, 2011 7:38 pm

Историјата на пицата
Потеклото на пицата е доста контроверзна тема: имено, многу градови како Неапол и Џенова сметаат дека се „татковците“ на пицата. Всушност, со оглед на тоа дека се работи за еден вид на леб, таа е присутна во многу различни варијанти насекаде низ светот и во зависност од нејзините состојки како и од локалните гастрономски традиции, нејзиното потекло не е сосем историски потврдено.

За војниците на персискиот цар Дариј Велики, кои биле навикнат на долги маршови, се вели дека на своите штитови печеле некаков вид леб и на него додавале сирење и урми. Римскиот историчар Марко Порциј Катон во 3 век пред новата ера опишал еден вид „округло тесто премачкано со маслиново масло, зачини и мед испечено на камен“. Вергилиј во својата „Енеида“ опишал колачи или тенок леб.

Од ископините во Помпеја која вулканот Везув ја затрупал во 79 година, пронајдени се остатоци од округли пецива. Во готварската книга на Марко Гавиј Апиј наведени се состојките кои се додаваат на подлогата од пецивата: пилешко месо, ананас, сирење, лук, нане, пипер и масло, кои воедно се и состојките на денешните пици.

Во Средниот век слугите ги јаделе остатоците од храната на своите господари, што било вообичаено. Тие остатоци ги ставале на парче леб, ќе ги полиеле со некој сос, ги зачинувале со она што би им се нашло при рака и ги ставале во рерна да се загреат. Доматот е донесен во Европа од Перу во 16 век. Сиромашното население од Неапол додавало домати на своето јадење и така ја создало пицата каква денес е позната низ целиот свет.

Самиот збор пица (pizza) прв пат се појавил во 997 година во ракописот од Гаете (Gaete), град во Јужна Италија.
Извор
_________________________________________________________________________________________
Со темата продолжуваме така што ќе пиѓуваме рецепти за пици,совети,препораки

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Пици
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Рецепти-
Отиди до: